Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Пет деца загинале во петокот во јужен Авганистан при експлозија на минофрлачка граната останата од војната во земјата. Уште две деца се повредени во експлозијата што се случи во областа Марја во провинцијата Хелманд, објави новинската агенција Бахтар. Во Авганистан останаа неколку милиони неексплодирани убојни средства и мини по децениската војна меѓу силите предводени од САД и талибанците, а најчести жртви на таквите експлозии се децата.
Во пресрет на најавениот штрајк на просветните работници, кој ќе почне на 11 април, Министерството за образование и наука, заедно со Владата и со Министерството за финансии прават анализи на буџетот за можно зголемување на платите во образовниот сектор. Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360“ на ТВ Алсат-М, истакна дека дијалогот со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) продолжува. „Разговарав со претставници на советот на Народната Банка, од причина што доколку ги зголемите платите колку што е вкупно барање на синдикатите, тоа може да произведе дополнителен инфлаторен притисок. А дополнителен инфлаторен притисок ќе значи дека и платата која…
Конвојот на Црвениот крст кој се упатува кон Мариупол денеска ќе се обиде да евакуира цивили од опколениот украински град. Мариупол, опколен уште од раните денови на руската инвазија, е главната цел на Москва во Донбас. Десетици илјади се заробени таму со слаб пристап до храна и вода. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во петокот испрати тим што водел конвој од 54 украински автобуси и други приватни возила од градот, но тие се вратиле, порачувајќи дека условите ги спречиле цивилите да продолжат да се евакуираат. „Во сабота тие повторно ќе се обидат да го олеснат безбедното минување на цивилите“,…
Во видео обраќање до нацијата, доцна вечерта, украинскиот претседател Володимир Зеленски, ги предупреди Украинците дека руските сили при повлекувањето го минираат теренот. „Ја минираат целата територија. Минираат куќи, па дури и телата на убиените. Ни, претстојат тешки битки. Сè уште е невозможно да се мисли дека веќе ги поминавме сите тестови. Сите сакаме да победиме. Но, кога ќе биде – сите ќе го видат. Секој ќе почувствува дека доаѓа мир“, рече Зеленски. Обраќање на претседателот на Украина Володимир Зеленски за резултатите од 37-от ден од војната.
Кинотека организира настан насловен „Дружење, дружење и само дружење“. Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) и Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” денеска ќе го одбележат 2 април, Светскиот ден на аутизмот. По тој повод во Кинотеката се организира настан насловен „Дружење, дружење и само дружење“. Ќе биде прикажан и филмот „Стела“. Од МНЗА посочуваат дека годинава повторно се вклучиле и во онлајн кампања на Аутизам Европа што се спроведува ширум Европа, а е наречена „Среќно патување низ животот“ за да се нагласи дека е потребен холистички пристап во текот…
Украинската војска тврди дека го контролира својот воздушен простор. Три ракети погодиле станбена област во близина на пристанишниот град Одеса во јужна Украина, изјави локалниот гувернер Максим Марченко во видео објавено на интернет. Тој изјави и дека има жртви. „Непријателот изврши напад со три ракети врзедна населба“, изјави Марченко, но не даде проценка за бројот на жртвите. Вкупно 6.266 лица во текот на вчерашниот ден се евакуирани од украинските градови преку хуманитарни коридори, соопшти Кирил Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на претседателот на Украина. Тој во соопштение објавено на интернет наведе дека 3.071 лице го напуштиле опколениот град Мариупол. Во,…
Еднодневен спортски настан, трка во планинско трчање ќе се одржи денеска на релација Водно-Матка Треилс. Настанот всушност е составен од три трки: Водно – Матка што е со должина од 40 километри, Водно Треил со должина од 27 километри и Водно ИзиРан – трка долга 10 километри. Во организација на Здружението за планинско трчање „ТРЕКС“ од Скопје, петта година по ред се организира трката Водно-Матка Треилс. Водно – Матка Треил Маратонот е планинска трка која води низ најубавите шумски појаси на планината Водно и кањонот Матка. Оваа трка која е со висинска разлика од 2700 метри и води угоре-удолу се’…
За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 1 мај. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа. По рамазанскиот пост, на 2 мај…
201 нов случај на Ковид-19, регистрирал Инситутот за јавно здравје во последното деноноќие. Направени биле 1986 тестови. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 37 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Куманово (75г) и Тетово (83г) и двете починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од Охрид, Гостивар и Виница, на возраст од 43 години до 76 години.Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 гоидна. Сите починале во болнички услови. Кај сите петмина починати лица биле…
Снабдувањето со природен гас во Македонија е обезбедено до 15 април, тврди министерот за економија Крешник Бектеши. По најавите на Русија дека ќе ја стопира испораката на гас за оние земји кои нема да ја платат сметката во рубља, Бектеши вели оти кај нас нема таква насока од Европската Централна банка имајќи предвид дека на нашата курсна листа рубљата ја нема како валута и не можат да се направат такви трансакции. „Мерките за снабдување со енергенси се донесени навремено, подготвени сме за секоја можна опција која може да се случи и во делот на електричната енергија и во делот на…
Изложба на фотографии од Денот на шегата и Денот на пролетта во периодот од 1955 до 1965 година. Преку оваа изложба, Охридскиот Архив го одбележа Денот на архивот – 1 Април. Директорот на подрачното одделение на Државниот архив во Охрид, Никола Митровиќ-Бабе вели дека со изложбата сакале да прикажат симбиоза меѓу тоа како дечињата го славеле Денот на шегата во минатото и како денес. „Како денес го слават децата можеме да видиме на Градскиот плоштад, но како го славеле во минатото можеме да видиме преку архивистички документи, односно низ фотографиите, преку една интересна изложба, во која се претставени маскирани деца…
Хелсиншкиот комитет за човекови права бара итно да се санкционира полициската бруталност врз навивач по завршување на ракометниот натпревар помеѓу ракометните клубовите Вардар и Пелистер. Откако на социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како полициски службеници тепаат навивач на „Чкембарите”, реакција стигна од Хелсиншкиот комитет за човекови права, од каде велат дека снимката покажува употреба на прекумерна физичка сила. „Ваквото постапување на полициските службеници дополнително ја продлабочува недовербата која граѓаните ја имаат во полицијата, а Северна Македонија континуирано добива и забелешки од страна на меѓународната заедница, како што е Европскиот комитет за заштита од тортура и…