Author: Biljana

Украина е една од ретките земји во светот каде комерцијалното сурогат мајчинство е легално.  16 брачни парови од Северна Македонија добиле потомство со помош на сурогат мајки од Украина, потврди за НоваТВ, Денис Херман,правниот застапник на „Биотекском“ најпознатата клиника за сурогат мајчинство во таа земја. Тој, меѓу другото ни откри и дека уште најмалку два брачни пара од земјава веќе ги потпишале документите со „Биотекс“, но нивната постапка за ембриотрансфер кај сурогат мајката била пролонгирана поради воениот конфликт во Украина. Негователките од приватната клиника Биотекс во моментов се грижат за 30-тина бебиња кои беа родени откако во Украина почна воениот…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.250 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 54 реинфекциии. Регистрирани се две починати лица, од Скопје (69г и 71г), починати во болнички услови. Кај двајцата починати биле регистрирани коморбидитети. Како оздравени се евидентирани 288 лица.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.867, бројот на оздравени пациенти е 291.719, на починати е 9.164, а бројот на активни случаи изнесува 1.984.

Read More

Пратеници во Народното Собрание во Бугарија за малку ќе се степаа поради вчерашното приведување на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Вербални судири во пленарната сала предизвика декларацијата на ГЕРБ за одбрана на нивниот лидер Бојко Борисов и барањето за предвремени парламентарни избори во Бугарија. https://youtu.be/Siw4jIPLxus?t=1 (Видеото е преземено од БНТ1)

Read More

Претседателските избори, заедно со парламентарните и изборите за градот Белград ќе се одржат на 3 април. Српската Републичка изборна комисија (РИК) на денешната седница ќе го утврдува редоследот на кандидатите на листата за претседател на Република Србија, јави дописникот на МИА од Белград. РИК за претседателските избори прогласи осум кандидатури – Александар Вучиќ, како кандидат на коалицијата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“, Здравко Понош предложен од листата „Обединети за победа на Србија“, Милош Јовановиќ предложен од коалицијата НАДА (Национално демократска алтернатива), Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски како кандидат на Српската партија Заветници. Во ждрепката ќе се најдат и Бошко Обрадовиќ, кој…

Read More

Театарската претстава „Малиџано“ е нов проект, пиеса, работена според текст и документарни материјали на Билјана Крајчевска, која премиерно ќе биде изведена на големата сцена на НУ Народен театар-Битола. Според директорот на Битолскиот театар Иван Јерчиќ, претставата „Малиџано“ е доказ дека се негува македонската драматургија и по подолго време се поставува на сцената на театарот во Битола. „Драматургијата произлегува од моментот во кој се наоѓа, меѓу еден профитабилен и корумпирачки свет во кој секојдневно се донесуваат импулсивни сомнителни одлуки. Човештвото, светот денес се наоѓа во здравствена, економска криза и војна, и во таква ситуација деликатно е да се навезе една таква…

Read More

Состанок на Заедничкиот управен комитет Северна Македонија – Обединетите нации. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска заедно со постојаниот координатор на ОН во земјава Росана Дуџак го одржаа вториот состанок на Заеднички управен комитет за спроведување на Рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и националните институции за 2022 година. Како што соопшти МНР, целта на состанокот била да се разгледаат националните приоритети во доменот на одржливиот развој при што бил одобрен Заедничкиот работен план за 2022 година за спроведување на Рамката за соработка на ОН за 2021-2025. „Заедничката работа меѓу агенциите на ОН и Владата на…

Read More

Амблемите на полицијата нема да бидат двојазични за централните служби и единици. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели оти согласно Уредбата што неодамна ја донесе Владата двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, таму, каде што официјален јазик е и албанскиот. Амблемите, нагласи, нема да бидат двојазични за централните служби и единиците кои се на ниво на држава. – Таму каде што на локално ниво се работи, значи за амблемите на униформа на локално ниво во градови каде што официјалниот јазик е албанскиот јазик. Значи, на централните служби кои се однесуваат за цела држава нема никаква…

Read More

Карванот ќе стартува во понеделник на 21 март. Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од понеделник почнува со карван за вакцинација против Ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата. Граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против Ковид-19. Исто така, на овие локации граѓаните кои се вакцинирани во странство ќе имаат можност да се евидентираат во системот Мој Термин. „Имајќи предвид дека невакцинираната популација има поголем ризик од смртен исход од Ковид-19, во споредба со вакцинираните, тоа значи дека голем дел од популацијата останува…

Read More

Северна Македонија и Словенија потпишаа Имплементациски договор за борба против трговија со луѓе. Имплементациски договор за борба против трговија со луѓе потпишаа денеска министрите за внатрешни работи на Северна Македонија и на Словенија, Оливер Спасовски и Алеш Хојс. Според министерот Спасовски се работи за билатерален документ чија што примарна цел ќе биде соработката во превенцијата во трговијата со луѓе и сите форми на злоупотреба на деца. Со овој имплементациски протокол се предвидува и спроведување на заеднички проекти за подигнување на јавната свест за превенција во областа на трговијата со луѓе. „Како и во изминатите години ефикасното управување со границите и…

Read More

Лицата со попреченост, децата без родители и воените инвалиди се ослободени од партиципација за студирање. На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање. Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација. „Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на…

Read More

Гранатирани две станбени згради во Харков.  Едно лице загина, а 11 се повредени откако руските воени сили гранатирале шесткатна зграда на високо образовна институција во градот Харков, објавија од Главната дирекција на Државната служба за итни случаи на Украина во Харковската област. Гранатирањето се случило утрово во 8:40 по локално време. При нападот биле погодени уште две соседни станбени згради. Едно лице го загубило животот, 11-мина се повредени, а уште едно лице е заглавено под урнатините, соопштија од Државната служба за итни случаи. https://youtu.be/XVqqs5N7uyk?t=1

Read More

Украинските државјани кои од денеска ќе влегуваат во Северна Македонија со своите возила не треба да покажат задолжителен зелен картон за патување. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој посочи дека по препорака на Владата, одлуката во Националното биро за осигурување била донесена во текот на вчерашниот ден. Спасовски смирува дека во моментов нема притисок од украински бегалци во Северна Македонија, но вели оти тоа може да се случи во секој момент, а земјава мора да подаде рака за нивно прифаќање. „Овие 50-тина украински државјани кои се пријавени дека дошле во Северна Македонија, тоа се главно сопружници…

Read More