Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Две станбени единици за живеење со поддршка се отворија денеска во Општина Демир Капија. „Во овие нови променети услови, најблиски до семејните, ќе живеат наши сограѓани, со обезбедена 24 часовна поддршка од стручни лица, кои ќе се грижат за нивната социјална, здравствена и емотивна благосостојба, согласно нивните потреби. На овој начин ги интегрираме во секојдневните животни текови и им обезбедуваме еднакво учество во општеството на рамноправна основа,“ рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа истакна дека министерството продолжува да ги вложува сите свои капацитети за реализација на државните стратешки приоритети, а тоа е Националната стратегија за деинституционализација…
Возовите во земјава повторно сообраќаат. Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ го прекина бојкотот откако е договорено раководството на компанијата во понеделник да им го исплати надомесетокот за материјалните трошоци. „Железничкиот сообраќај веќе не е во прекин. Го прифативме договорот надоместокот за материјални трошоци да ни биде исплатен во понеделник“, изјави претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски. Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово беше во прекин поради неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера. Бојкотот беше согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна…
Објектот на ЕВР Карпош доби нов лик. Обновена е старата дотраена кровна конструкција, како и санитарната, водоводната, канализациската и електрична инсталација. Санирана е топлотната инсталација, заедно со извршени надворешни и внатрешни столарски и молерофарбарски активности и надворешно фасадирање на објектот, за што биле издвоени 21 милион денари. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, посочи дека инфраструктурата на која било институција, пред сè во поглед на нејзината материјална и техничка опременост, стандардизираноста и човечки ресурси е суштински предуслов за нејзино ефикасно и квалитетно работење. „Годинава продолжуваме со градежно-реконструктивни активности и на други објекти за кои е проценето дека е неопходно тие…
Кризата во Украина е причина за намалување на обемот на работа или запирање на производството кај голем дел од производителите на автомобили во Европа. Според претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, Виктор Мизо, војната во Украина има големо индиректно влијание и врз производствените процеси на компаниите од автомобилската индустрија во Северна Македонија, поради проблемот со испораката на компонентите и репроматеријалите кон клиентите во Европа. Компаниите Фолксфаген, Мерцедес, Порше, Ауди, Мини, се само дел од погодените во моментов. „Македонските компании, добавувачи за автомобилски компоненти се соочуваат со намален обем на работа, а со тоа и со потенцијално…
Војната во Украина, која го вознемири светот, се бие на два фронта – првиот во кој секојдневно гинат по неколку десетици недолжни цивили, вториот во кој светот е „бомбардиран“ од информации, вистински или лажни, чија крајна цел е да поттикнат сочувство или омраза, симпатии кон едните или кон другите. За комуникологот – специјалист за односи со јавност и нови медиуми, Бојан Кордалов, војните надвор од теренот, отсекогаш се добивале и губеле и на полето на информирањето и дезинформирањето. „За жал и во 21 век зборуваме за војна, за очекување е повторување на истиот пристап кон информации и дезинформации, особено во…
Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека од понеделник цените на нафетните деривати ќе се намалат. „Може да биде малку поскапо од Србија, од другите не верувам дека е поскап и дизелот. Денеска во Собрание најверојатно би требало да се усвои законот за ДДВ и законот за акцизи, а имајќи ги предвид и вчерашните цени на берзата и цената пред два дена, очекувам согласно анализите од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот, но значително поевтини цени“, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања. Во врска со амандманите поднесени…
Сончогледовото маслото во земјава е најевтино во регионот, вели министерот за економија, Крешник Бектеши и додава дека со најавеното намалување на ДДВ-то, цената на овој прехранбен производ дополнително ќе се намали. „Секако дека ако има потреба преку интервентниот фонд од Министерството за земјоделство ќе интервенираме и со дополнителни буџетски средства и ќе ја зголемиме програмата се со цел во делот на пченицата и сончогледовото масло да интервенираме и да нема ценовен шок“, рече министерот Бектеши на прес конференција. Тој вели дека за само десет дена, од почеток на месецов, 416 тони масло од сончоглед било извезено од Северна Македонија. За…
Советодавната комисија за интервенции во случај на вонредно пореметување на снабдувањето на пазарот со сурова нафта била формирана од страна на Министерот за економија, велат во одговор за НоваТВ од Владата. Во неа ќе членуваат сите институции кои што имаат надлежност во делот на снабдувањето со енергенсите. „Таа ќе треба одблизу да ги следи состојбите кои се случуваат на дневно ниво на светските пазари со енергенси и на дневно ниво да ја информира Владата која ако е потребно ќе ги носи одлуките веднаш штом се појави потреба за било каква одлука или интервенција“, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на…
Владата усвои пакет мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидност на компаниите. Согласно мерките за намалување на ценовниот шок усвоени на Владата, за 1,2 и 4 денари ќе се намали акцизата за берзанските цени за горивата, и ДДВ-то за промет на енергенси од 18 на 10 процнети, што ќе доведе до поевтина цена на горивата за крајниот потрошувач и тоа за 10.5 денари поевтина цена за дизелот и 11,5 денари би се намалил бензинот. „Ова ќе биде тешка година, но со добри политики и мерки ќе ја премостиме“, рече премиерот Димитар Ковачевски и најави пакет од 26 мерки…
Владата усвои пакет мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидност на компаниите. Согласно мерките за намалување на ценовниот шок усвоени на Владата, за 1,2 и 4 денари ќе се намали акцизата за берзанските цени за горивата, и ДДВ-то за промет на енергенси од 18 на 10 проценти, што ќе доведе до поевтина цена на горивата за крајниот потрошувач и тоа за 10.5 денари поевтина цена за дизелот и 11,5 денари би се намалил бензинот. Мерките ги соопшти премиерот Димитар Ковачевски. (Б.Б.)
Премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција ќе извести за мерките на Владата за ублажување на ценовниот шок предизвикан од економската криза и од актуелната воена состојба во Украина. На прес конференцијата присутни ќе бидат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство како и Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.
Дваесет и четири годишна девојка починала од струен удар вчера во куќа во село Горно Арнакија. Од удар на струја починала и нејзината мајка која се обидела да и помогне, додека сестрата на девојката истрчала да побара помош. Кога се вратила ги нашла двете починати. Вчера околу 14.50 часот во Полициско одделение Сарај од Итната медицинска помош е пријавено дека во село Горно Арнакија има две женски лица починати од струен удар. Полициски службеници излегле на местото на настанот и според изјавеното од Н.С.(27) од с.Арнакија, откако околу 14.10 часот ја пронашла нејзината сестра М.С.(24) од истото село во купатилото…