Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Со намалување на ДДВ-то цената на зејтинот дополнително ќе падне

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 11, 2022 12:42

Сончогледовото маслото во земјава е најевтино во регионот, вели министерот за економија, Крешник Бектеши и додава дека со најавеното намалување на ДДВ-то, цената на овој прехранбен производ дополнително ќе се намали.

„Секако дека ако има потреба преку интервентниот фонд од Министерството за земјоделство ќе интервенираме и со дополнителни буџетски средства и ќе ја зголемиме програмата се со цел во делот на пченицата и сончогледовото масло да интервенираме и да нема ценовен шок“, рече министерот Бектеши на прес конференција.

Тој вели дека за само десет дена, од почеток на месецов, 416 тони масло од сончоглед било извезено од Северна Македонија. За истиот период биле извезене 166 тони брашно од пченица.

„Наша обврска е да се грижиме за нашите граѓани, да има доволно количини од овие производи. Кога ќе имаме дополнителни количини ќе дозволиме и извоз“, рече Бектеши и додаде дека мерката за забрана за извоз на пченица, јачмен, пченка, брашно и цончогледово масло е времена, односно ќе трае десет дена.

Бектеши потврди дека Србија, иако првично најави дека Северна Македонија ќе биде изземена од забраната за извоз на пченица, сепак на вчерашната одлука на српската Влада било одлучено забраната да важи и за нашата земја.

Владата на вчерашната седница донесе одлука да го ограничи извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, мерка која стапи на сила од денеска.

Мерката според Бектеши е превентивна за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и да се заштити домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

Тој образложи дека во земјава има доволно количини на пченица и пченка во приватните млинови.

„В млиновите во земјата има преку 50.000 тони залихи од пченица, преку 10.000 тони пченка и над 8.000 тони јачмен, што се должи и на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година, на 253 илјади тони во 2021 година“, рече Бектеши и додаде дека доволни количини има и во стоковите резерви и оти не е потребна дополнителна интервенција.

Во однос на намалувањето на трговските маржи за одредени прехранбени производи, како што се лебот, млекото, зејтинот, брашното, свежото месо, јајцата… Бектеши смирува дека ниту еден од трговците нема да има загуби од одлуката за ограничување на маржите.

„Само за три производи нема да имаат добивка, а нема супермаркет или маркет што има под 300 – 400 производи. За големите и да не зборуваме“, рече Бектеши, одговорајќи на новинарска прашања.

Тој најави дека веќе се прават анализи за тоа како оваа одлука се применува на терен, а резултатите ќе бидат познати за време на викендот.

(Б.Божиновска)

Крешник Бектеши Прехранбени производи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.