Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата скрои 26 мерки за заштита на граѓаните и компаниите од ценовен шок

0
By Biljana on March 9, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 9, 2022 14:49

Владата усвои пакет мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидност на компаниите.

Согласно мерките за намалување на ценовниот шок усвоени на Владата, за 1,2 и 4 денари ќе се намали акцизата за берзанските цени за горивата, и ДДВ-то за  промет на енергенси од 18  на 10 процнети, што ќе доведе до поевтина цена на горивата за крајниот потрошувач и тоа за 10.5 денари поевтина цена за  дизелот и 11,5 денари би се намалил бензинот.

„Ова ќе биде тешка година, но со добри политики и мерки ќе ја премостиме“, рече премиерот Димитар Ковачевски и најави пакет од 26 мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидност на компаниите и мерки за финансиска подршка на комапниите преку развојната банка.

Се намалува ДДВ-то за основните прехранбени производи од 5 на 0 проценти и тоа за лебот, шеќерот, брашното ТИП 400 и сончогледовото масло, млекото, свежо месо, ориз и јајца.

„Ги замрзнуваме маржите за основните производи на храна, ги субвенционираме најранливите категории на граѓани со по 1000 денари месечно во период од три месеци мерка која ќе важи за околу 35.000 граѓани“, рече премиерот Ковачевски.

Се укинуваат царинските давачки за увоз на основните прехранбени производи, мерка која ќе важи за сите земји.

Се воведува нова методологија која ќе обезбеди пониска цена за електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, ќе се субвенционираат пензионерите со по 1000 денари месечно во период од три месеци за купување на основни производи, се субвенционира цената на топлинската енергија за дел од потрошувачите во Градот Скопје.

Владата дава препорака со РКЕ за усогласување на цените на нафтените деривати на дневна основа, се додека трае кризата во Европа.

Дополнително се пролонгира воведувањето на еколошката такса за енергенсите, а се дава препорака до Општините да го усогласат Јавниот превоз да биде достапен за сите граѓани.

Мерките биле димензионирани на Економски совет на Владата на кои присуствувале и членови на Академијата, гувернерката на НМРМ, стопанските комори, поголемите компании во земјата и синдикалните организации. Пакет мерките тежат 400 милиони евра.

Дополнително Владата обзнани и мерки за финансиска подршка на комапниите преку Развојната банка.

За да стапат на сила предлог мерките на Владата ќе треба да бидат усвоени во Собранието.

„За да се усвојат мерките за намалување на крајната цена на нафтените деривати потребна е промена во Законот за ДДВ и Законот за акцизи. Оттука ги повикувам народните избраници веднаш штом ги испратиме предлог измените на овие Законот во Собранието да ги усвојат, а тие ќе стапат на сила откако ќе поминат во Собрание и ќе бидат објавени во Службен весник“, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Во пресрет на најавената прес конференција во Владата, повеќе политички партии излегоа со свои предлози околу креирање на антикризни мерки со цел ублажување на ценовниот шок.

Од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, предложија до Владата, покрај намалување на ДДВ-то и акцизите за нафтата и гасот, да се поттикне производството на стратешки производи како што се пченка, јачмен, репка, ориз, но и одгледување на сточен фонд. Од партијата ги повикаа граѓаните да купуваат домашни раноградинарски производи со цел да се намалат штетите од завторањето на странските пазари, пред се на пазарите во Украина, каде извезуваат нашите производители.

Во меѓувреме, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, побара итна пленарна седница во Собранието на која би се разгледале нивните предлози за намалување на акцизите на горивата за 50% и намалување на ДДВ-то на сите производи за исхрана од 5% на 0%.

Претходно и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на Фејсбук, табеларно појасни на кој начин се прават пресметките за крајната цена на горивата која ја плаќаат потрошувачите и како предлогот на опозицијата за преполовување на акцизата ќе влијае врз цената на горивата.

(Б.Божиновска)

Економски мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.