Author: Biljana

Анкетата на ИРИ е стара и не го отсликува моменталното расположение на граѓаните, велат од СДСМ. Објавените резултати од истражувањето на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) не го прикажуваат реалното расположение на граѓаните сега, реагираат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз, додавајќи дека анкетата е спроведена во ноември и декември, односно пред четири месеци. „Вакви податоци од пред четири месеци може да се каже дека немаат соодветна релевантност денеска односно се надвор од актуелниот политички контекст. Во периодот од изминатите четири месеци, имаме сосема поинаква политичка реалност, нова Влада којашто е избрана во јануари, со нов премиер, зголемено парламентарно мнозинство и многу други…

Read More

Без многу детали околу текот на преговорите.  Третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина заврши вечерва во регионот Брест, во Белорусија, соопшти руската Амбасада во Минск. „Заврши третиот круг руско-украински преговори во Белорусија“, соопшти амбасадата на својот канал Телеграм. Членот на украинската делегација во преговорите Михаило Подољак, веднаш по завршувањето на новата рунда во видео објава на Твитер кажа дека има мало позитивно поместување на преговарачките позиици. „Заврши третата рунда преговори. Има мали позитивни поместувања за подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори… Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок на регулативи, заедно со прекинот на огнот и безбедносните…

Read More

Дизелот поскапе за 10 денари, бензинот за 5,5 денари. Доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Според новата цена, дизелот од вечерва на полноќ ќе се продава за 10 денари поскапо. Новата цена ќе изнесува 85,5 денари, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство 83,5 денари. Цената на бензинот се зголемува за 5,5 денари или Евросупер- 95 ќе се продава за 89,5 денари, а Евросупер-98 за 91,5 денари. Новата цена на мазутот е 54,3 денари, што е покачување за околу 5 денари. Ваквата одлука е донесена поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на…

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз. На средбата, двете соговорнички се осврнале на веќе воспоставената добра меѓусебна соработка и за нејзиното унапредување, како и на актуелната состојба во Украина. „Како човек кој го застапува почитувањето на човековите права го осудувам секое загрозување на човековите права и секој напад врз сувереноста на една држава. Ставот на Владата на Северна Македонија е дека сувереноста на државата треба да биде заштитена и дека каков било напад врз држава, во случајот Украина е за секаква осуда. Како Министерство имаме главна улога…

Read More

13 македонски државјани безбедно се вратија од Украина. Меѓу нив и Димитар Свирков, кој со сопругата и бебето Симеон, старо само 12 дена беа успешно евакуирани од градот Харков, каде се водат најжестоките борби во воениот конфликт. „Пет дена патуваме, низ разни предели, многу е тешка ситуацијата во Украина. Бевме сместени во Хаков, ја фативме таа ситуација и беше многу тешко за евакуација. Седевме во станбена зграда, местото за евакуација беше многу далеку и беше ризично да излеземе. Последниот ден, со тешки маки се извлековме благодарение на ОБСЕ“, со емоции раскажуваат Димитар и сопругата и се заблагодарија на македонското МНР…

Read More

Најмалку 13 тела на цивили се извадени од под урнатините по воздушен напад врз фабрика за леб денеска во украинскиот град Макарив, во регионот на Киев, јавија локалните служби за итни работи. „Рускиот окупатор го гранатираше државното претпријатие „Пекара Макарив“, во регионот на Киев, објави на Твитер, првата заменик министерка за надворешни работи на Украина, Емине Јапарова, споделувајќи фотографија од нападот. Петмина се спасени, додека во фабриката, според информациите, за време на нападот имало околу 30 лица.

Read More

Под слоганот „Силни жени-силни заедници“, денеска во Македонска филхармонија се одржа настан во пресрет на 8 март-Меѓународниот ден на жената. Вклучувањето на жената во сите сегменти на општественото живеење, со посебен акцент на програмите за вработување на тешко вработливите жени во заедницата беше носечката тема на настанот. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска потенцираше дека за да може едно општество да се декларира како демократско и современо треба да овозможи еднаков пристап и еднакви можности и на жените и на мажите за придонес кон развојот на општеството. „Нашата цел е поддршка на сите жени, да креираме политики кои…

Read More

Над 1,7 милиони Украинци досега ја напуштиле земјата поради воениот конфликт. Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи седница на која ќе разговара за влошувањето на хуманитарната ситуација во Украина, дознаваат британските медиуми од дипломатски извори. Над 1,7 милиони Украинци досега ја напуштиле земјата поради воениот конфликт и се преселиле во земјите од Централна Европа, а уште илјадници во други земји, соопшти агенцијата за бегалци на Обединетите нации. Во меѓувреме, британските меидуми од извор на Ист Ривер дознаваат дека Советот за безбедност на Обединетите нации на денешниот затворен состанок ќе разговара и за ситуацијата во Северна Кореја. Извор:…

Read More

Од 24 февруари во Бугарија влегле над 38.000 украински граѓани. Бугарската гранична полиција пак вели дека 17.000 украински државјани ја напуштиле земјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на границата меѓу Бугарија и Романија досега се поднесени 100 барања за хуманитарна помош. „Долж северната граница меѓу Романија и Бугарија во моментов се градат пунктови за првичен прием на бегалците и уште таму ќе се знае колку од нив имаат каде да се сместат, а оние кои немаат ќе бидат упатени во државните бази и во хотелите што изразиле желба да ги примат“, изјави за БНР претседателката на Државната…

Read More

Европа е зависна од рускиот гас, признаваат високи европски функционери. Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека увозот на енергенси од Русија е клучен за секојдневниот живот на европските граѓани и оти во моментот континентот не може да ги обезбеди на друг начин. „Додека во САД и во ЕУ се разговара за санкции против руските енергетски извори како одговор на инвазијата врз Украина, снабдувањето на енергија на Европа за греење, мобилност, електрична енергија и индустрија во моментов не може да се гарантира на кој било друг начин“, се наведува во пишаната изјава на Шолц. Тој додаде дека Европа намерно ги…

Read More

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ попладнево постигнаа договор по барањата на овие три земји да поднесат апликација за членство во ЕУ, а сега Комисијата е на потег. Како што информираа од француската делегација, која претседава со Советот на ЕУ до крајот на јуни, амбасадорите на 27-те земји членки попладнево дадоа зелено светло Европската комисија да ги разгледа кандидатурите на Украина, Грузија и Молдавија. Европската комисија сега има задача да анализира и да објави мислење за евентуалното членство на овие три земји во Европската Унија. До сега Украина, Молдавија и Грузија не беа дел од процесот на проширување, за разлика…

Read More

Околу 1,7 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија. Ова го покажуваат последните бројки на агенцијата на бегалци на ОН, УНХЦР. Во само еден ден, оваа бројка е зголемена за 200 илјади луѓе. Милиони луѓе се очекува дека ќе ја напуштат земјата во следните денови „освен доколу нема итен прекин на овој бесмислен конфликт“, објави организацијата на Твитер. Извор: МИА

Read More