Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска посочи дека најголем дел од средствата ќе добијат проекти од областа на музичката дејност и издаваштвото. Над една милијарда денари ќе бидат поделени на проекти за културата, преку „Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година“, објавија од Министерството за култура. „Дадена и е предност на домашната ’жива култура’. Запазени се и другите приоритети: поддршка на проекти на млади, на проекти наменети за деца или за лица со посебни потреби. Комисиите внимавале да поддржат проекти и од подносители кои досега не користеле средства од…
Анализа: Голем проблем за Путин во овие околности е и падот на неговата популарност во Русија. Еден од најчестите аргументи на руската дипломатија за распоредувањето на 130. 000 војници на руската граница со Украина е опасноста за Русија од интеграцијата на Украина во НАТО. Оваа аргументација која се повторува на сите средби на сите нивоa кои Москва ги има со западните земји има малку логика ако се земе во предвид фактот дека Украина не e во некаков критичен процес за интеграција во НАТО. Во овој момент, Украина својот пик во намерите да стане дел од Алијансата го доживеа уште, во…
Голем број работници останаа разочарани откако со исплатата на јануарската плата останаа „куси“ за најавеното покачување за работа во недела. Вработени во дел од институциите од културата, во некои јавните здравствени установи, па дури и во Компании од енергетскиот сектор, веќе се пожалиле кај матичните синдикати дека не ја добиле законски одредената исплата за работа во недела. Ваков бил случајот со повеќе вработени во национални установи, кои реагираат преку Синдикатот за културата. Оттаму за НоваТВ откриваат дека вработени во службите за обезбедување, како и билетопродавачи, водичи и други работни позиции кои минатиот месец работеле за време на викенд, не добиле…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска остварил средба со специјалниот претставник на Премиерот на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс. На средбата министерот Османи ја поздравил континуираната поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја и главен странски инвеститор, а исто така е една од првите држави која низ долги децении инвестира во зголемување на безбедноста и политичката стабилност во овој дел од Балканот. Османи се осврнал на исклучителната соработка на економски план помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија. „Додека личната заложба на Викерс преку…
Модернизација на земјоделството и изградба на нови откупни центри. Почнување на постапката за модернизација на земјоделството, беше клучна тема на состанокот што утрово го одржа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со претставници на Како што објави Николовски на својот фејсбук профил, овој голем и значаен проект опфаќа промовирање на конкурентноста во земјоделскиот сектор, како и изградба на откупно-дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и Струмица. Дополнително, наведува, се зајакнуваат и капацитетите на Министерството за управување со земјоделско земјиште во државна сопственост. „Утрово имав состанок со претставници од Светската банка. Разговаравме за започнување на постапката на проектот за модернизација…
Владата се уште анализира дали ќе продолжи мерката за замарзнување на цените на основните прехранбени продукти. Веќе се при крај сите анализи што ги врши Секторот за трговија во склоп на Министерството за економија во соработка со другите економски ресори во Владата за евентуално продолжување на мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти што важат до крајот на месецов, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „Оваа и наредната недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбените производи кои се наведени во одлуката за замрзнување за да најдеме начин да…
Обраќање на американскиот претседател Џо Бајден во врска со последните случувања помеѓу Русија и Украина. Американскиот претседател Џо Бајден нагласи дека САД и нивните сојузници „ќе ја продолжат дипломатијата“ со Русија, но предупреди дека се уште постои „голема можност“ за руска инвазија врз Украина. „САД се подготвени, што и да се случи. Ние сме подготвени со дипломатија, да се вклучиме во дипломатија со Русија и нашите сојузници и партнери за да ја подобриме стабилноста и безбедноста во Европа како целина. И ние сме подготвени одлучно да одговориме на руски напад за Украина, што се уште е голема можност. Сите настани…
Владата предводена од СДСМ им помага на сите општини. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста зборуваат за единствено и консензус а во реалноста блокираат се што е во интерес на државата и граѓаните, порача потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во емисијата „Топ тема“ на Телевизија Телма. „Не треба едно да зборуваме пред јавноста, а друго да правиме со нашите реални постапки, но Законот со кој се овозможува трансформација на работниот однос на наставниците, на професорите е блокиран. ВМРО-ДПМНЕ блокира закони за кои чувствува дека носат придобивки за граѓаните, така беше и со пакетите помош за граѓаните во време на пандемијата од…
Канадските власти најавија олеснување на проверките и правилата воведени поради Ковид-19. Олеснувањата ќе се однесуваат за сите патници кои пристигнуваат на нејзините граници, а исто така нема повеќе да се бараат ПЦР тестови. „Објавувам денеска дека ги олеснуваме нашите гранични мерки“, изјави канадскиот министер за здравство Жан Ив Дукло на прес-конференција. Според него, „овие промени се можни не само затоа што го поминавме врвот на сојот омикрон, туку затоа што Канаѓаните низ целата земја ја слушаат науката и експертите, ги почитуваат мерките за јавно здравје и преземаат чекори за да се заштитат себеси, нивните семејства и нивните заедници“.
Ќе се обезбедуваат алтернативни извори на гас. Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за отпочнување процес за реализација на меѓународна инвестиција, која е првиот чекор кон реализирање на стратешките цели за енергетска независност, сигурност и безбедност и фокус на алтернативни извори на гас. Владата, преку АД Електрани на Северна Македонија отпочна процес на за резервација на капацитети за природен течен гас во ЛНГ Терминалот Александропулос, Република Грција што ќе овозможи зголемување на сигурноста во снабдување со природен гас за граѓаните. Реализацијата на оваа инвестиција потенцијално ќе значи отворање втора рута, односно снабдување на Република Северна Македонија со течен гас…
Холандија најавува олеснување на мерките за заштита од Ковид-19. Холандија ќе ги укине речиси сите ограничувања против Ковид-19 до 25 февруари и ќе се врати во нормален живот бидејќи се намалува бројот на инфицирани и хоспитализирани лица, изјави денеска холандскиот министер за здравство, Ернст Куиперс. Тој наведе дека „државата повторно ќе се отвори“. „Ќе се вратиме на нормалното време што го имавме пред короната. Не мора повеќе да држите дистанца од 1,5 метри“, посочи Куиперс.
Собраниската Комисија за економски прашања трет ден го разгледува Предлог финасискиот план на РКЕ. „Сите апокалиптични сценарија и најави дека цената на електрична енергија за домаќинставата ќе се зголеми до 50 проценти или ќе има рестрикции не се остварија. Цената се корегираше за 9,48 проценти, а рестрикции нема“, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на собраниската Комисија за економски прашања на која трет ден се разгледува Предлог финасискиот план на РКЕ за 2022 година. Бислимовски информираше дека во изминатиот период РКЕ посредуваше во решавање на проблемите на граѓаните кои пријавиле дека добиле несоодветни високи…