Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 17 милиони евра за проекти во културата

0
By Biljana on February 16, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 16, 2022 16:08

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска посочи дека најголем дел од средствата ќе добијат проекти од областа на музичката дејност и издаваштвото.

Над една милијарда денари ќе бидат поделени на проекти за културата, преку „Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година“, објавија од Министерството за култура.

„Дадена и е предност на домашната ’жива култура’. Запазени се и другите приоритети: поддршка на проекти на млади, на проекти наменети за деца или за лица со посебни потреби. Комисиите внимавале да поддржат проекти и од подносители кои досега не користеле средства од буџетот на Министерството за култура. Исто така, при селекцијата на проектите, комисиите воделе сметка и за правичната застапеност по етничка основа. Поддржани се и голем број проекти во кои до израз доаѓа интеркултурноста. Еднакво се водело сметка и за родовата рамноправност“, додаде Костадиновска-Стојчевска.

На конкурсот биле доставени 3.769 пријави, но од Министерството не прецизираа колку од апликантите ги исполниле условите и добиле финансиска поддршка.

Министерката за култура на прес-конференција информираше дека по административната проверка на доставената документација, службите констатирале дека поголем број од пријавите, речиси 2/3, се пополнети со технички пропусти.

„Од тие причини, а во интерес на корисниците, рокот за пријавување беше двапати продолжен. Тоа подразбираше, како што беше и најавено, дека резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени, наместо до 20 јануари, најдоцна до средината на февруари“, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

24 национални установи ќе добијат средства од буџетот, а над 80 милиони денари биле одвоени за заштита на културното наследство, меѓу кои Скопски аквадукт и Спомен-куќата на Лазар Личеноски, црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново и други.

култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.