Author: Biljana

Независниот академски синдикат го поздравува покачувањето на минималната плата, кое е усвоено на последниот Економско-социјален совет. Покачувањето, според нив, ќе го подобри статусот на работниците со најниски плати и е во насока на подобрување на нивниот животен стандард. „Оваа мерка не треба да го воедначи трудот на вработените коишто имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност. Воедно, покачувањето на минималната плата треба да се одрази и на висината на останатите плати во јавниот сектор, чиј коефициент е врзан за минималната, но и за просечната плата“, се вели во дописот на НАкС. Оттаму апелираат изменетата методологија за…

Read More

80.000 работници од март ќе добиваат повисока минимална плата која ќе изнесува 18.000 денари. Тоа е раст за над 100 отсто во однос на минималната плата во 2014 година, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ, изнесувала 8.800 денари, велат од СДСМ. Според пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, новото зглемување на минималната плата ќе даде сериозен придонес во трајното извлекување од сиромаштија и зајакнување на економскиот стандард на граѓаните. „Според официјалните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија, во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. Тоа значи дека за да се наполни оваа кошничка во…

Read More

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) бараат од Владата скалестото зголемување на сите плати во јавниот сектор да се усогласи со растот на минималната плата. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, вели дека со новата вредност на минималната плата, една цела група вработени во администрацијата кои досега беа малку над минималната плата сега да примаат само минимална плата, посочувајќи дека со тоа процентот на вработени кои примат минимална плата на државно ниво од 13,8 проценти ќе се зголеми на скоро 18 проценти. Доколку Владата, ги почитуваше сопствените закони и вршеше усогласување на платите со порастот…

Read More

Родовата еднаквост во фокус на разговорите помеѓу министерката за труд и социјална политика Тренчевска и шведската амбасадорка во Северна Македонија, Форсгрен Бенгтсон. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со шведската амбасадорка, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која биле потврдени добрите меѓудржавни односи, поддршката која Шведска и ја дава на нашата држава и соработката на повеќе полиња значајни за градење на современо општество. Главна тема на средбата била родовата еднаквост во општеството, владините политики и нивна имплементација, вклученоста на институциите и граѓанскиот сектор. Министерката Тренчевска ја истакнала заложбата на Владата за унапредување на родова еднаквост во општеството.…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски ја посети фабриката „Текстил Солушн“, домашна инвестиција со над 30 години работно искуство. „Оваа денешна посета беше добра прилика да поразговараме и со работниците и со работодавачите за постигнатиот договор за зголемување на минунмалната плата на 18.000 денари“, рече премиерот Димитар Ковачевски кој утрово ја посети фабриката „Текстил Солушн“. „За голем дел од вработените во фабриката ’Текстил солушн’ зголемувањето на месечната нето плата од околу 45 евра месечно, ќе значи зголемување на домашниот буџет, а со тоа и зголемување на животниот стандард. Од друга страна за менаџментот на компанијата, е од особена важност фактот што државата ќе…

Read More

Премиерите Ковачевски и Петков телефонски разговарале за два инциденти кои деновиве се случија во Северна Македонија.  Премиерот Димитар Ковачевски денеска информираше дека вчера му се јавил бугарскиот колега Кирил Петков и му побарал информации за два инциденти кои се случија во Скопје и во Битола. Станува збор за инцидентот на гробот на Гоце Делчев каде беа искинати ленти на венците оставени од бугарските делегации како и за искршените стакла во клубот на Бугарите „Ванчо Михајлов“ во Битола. „За искинатите венци на гробот на Гоце Делчев го информирав Петков дека МВР врши истражни работи, а за искршеното стакло во клубот во…

Read More

Се уште не се размислува за задолжителна вакцинација на повозразните граѓани, но се крои стратегија како да се мотивираат граѓаните да се имунизираат против Ковид-19. Една година откако во Северна Македонија почна процесот на вакцинација за заштита од Ковид-19, членовите на Комисијата за заразни болести разговарале како да го поттикнат интересот за имунизација, кој е значително намален во последните неколку месеци.  Портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехемдовиќ вели дека на денешниот состанок се разговарало како да се поттикне имунизацијата. „Се размислува и во насока да има централизирана кампања за да можеме да имаме малку поорганизиран пристап до…

Read More

Наместо 45 дена, важноста на сертификатот за прележан Ковид-19 да трае 180 дена – ваква предлог одлука донеле членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок. Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ, вели дека со оваа одлука се прави усогласување на траењето на сертификатите за Ковид 19 во светот и во Северна Македонија со која важноста на сертификатот да се продолжи до шест месеци, или 180 дена, од денот на добиен позитивен ПЦР тест. Предлогот ќе оди кај министерот за здравство и кај Главниот кризен штаб во Владата, по што ќе биде донесена и конечната одлука. Сертификатот за прележан ковид,…

Read More

На средбата се дискутирало за учеството на Северна Македнија во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска имаше средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, акредитирани во Северна Македнија. Средбата беше во функција Министерот да ги брифира амбасадорите и да даде пресек за актуелните случувања поврзани со европската агенда на земјата, особено предизвиците во билатералните односи со Бугарија и процесот на усвојувањето на преговарачката рамка како предуслов за почеток на преговорите со ЕУ. „Северна Македонија демонстрираше посветеност кон европската интеграција, реформскиот процес и регионалната соработка создавајќи со тоа стратешка кредибилност пред своите…

Read More

Протест на оризопроизводителите од кочанско.  Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи незадоволство од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и од драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки. На протестот нагласија дека веќе трет пат за половина година излегуваат на улица со своите барања и очекуваат средба со министерот за земјоделство, за да укажат на безизлезната состојба во која се наоѓаат. Се заканија со радикализирање на протестот, односно со проширување на блокадата. „Денес имаме нова ситуација во…

Read More

Само со усогласување, според проекциите, минималната плата до 2026 година ќе изнесува 22.000 денари. Потпретседателот на СДСМ Фатимир Битиќи го поздрави вчерашниот успех на сите социјални партнери преку дијалог, кој за прв пат се случува во нашата држава да се стигне до минимална плата од 18.000 денари, како и креирањето методологија за усогласување на минималната плата, според која минималната плата никогаш нема да биде помала од 57% од просечната плата. „Најголем успех е дијалогот, во 2017 година заврши ерата на еднострани решенија, влезени сме во демократско општество, во процеси каде само дијалогот дава решенија кои што се прифатливи за секоја…

Read More

КОВИД-19 решенијата за изолација од денеска ќе може да се најдат во електронска форма преку страницата Вакцинација.мк и со максимална заштита на приватноста. Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата з изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, ве информираме дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација. Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на…

Read More