Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Минималната плата и во иднина ќе се зголемува паралелно со растот на просечната и тоа без интервенции

0
By Biljana on February 9, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 9, 2022 10:59

Премиерот Димитар Ковачевски ја посети фабриката „Текстил Солушн“, домашна инвестиција со над 30 години работно искуство.

„Оваа денешна посета беше добра прилика да поразговараме и со работниците и со работодавачите за постигнатиот договор за зголемување на минунмалната плата на 18.000 денари“, рече премиерот Димитар Ковачевски кој утрово ја посети фабриката „Текстил Солушн“.

„За голем дел од вработените во фабриката ’Текстил солушн’ зголемувањето на месечната нето плата од околу 45 евра месечно, ќе значи зголемување на домашниот буџет, а со тоа и зголемување на животниот стандард. Од друга страна за менаџментот на компанијата, е од особена важност фактот што државата ќе го субвенционира делот кој што е поврзан со придонеси со што се олеснува процесот за сите засегнати страни“, рече Ковачевски и додаде дека преку отврен дијалог со социјалните партнери успеале да договорат взаемно прифатливо решение и да утврдат методологија со која минималната плата континуирано ќе расте.

Според Ковачевски, клучно е што во разговорите било утврдено дека минималецот во иднина не ќе може да биде помал од 57% од просечната плата, што само по себе значи дека растот на минималната плата во иднина ќе расте бе интервенции.

„Владата на СДСМ и во иднина ќе продолжи да ја помага економијата и да создава услови за раст на платите. Се залагаме за унапредување на животниот стандард, а тоа го потврдуваат бројките за раст на просечната нето плата, зголемената социјална помош, детскиот додаток, образовниот додаток, стипендиите, како и редовното законско усогласување на пензиите“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски  истакна дека ВМРО-ДПМНЕ биле против Законот за минималната плата, а станале „За“ кога социјалните партнери постигнаа договор. На опозициската партија која најави амандманска интервенција на законот за усогласување на платите со минималната Ковачевски и порача првин да одговори дали биле „за“ минимална плата и дали го блокирале цела година во Собранието законот за трансформирање на работниот однос на 4 700 наставници.

„Ако некој беше против овој закон тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата и кога се правеше минатото покачување, тие беа и сега против, но станаа „за“ вечерта кога постигнавме договор за покачување на минималната плата, а дел од нив и утрото затоа што ја преспале ноќта, бидејќи доцна беше прес-конференцијата“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите.

Покачувањето на платите кои не се дел од минималната плата, нагласи премиерот, е дел на колективно договарање. Тоа колективно договарање, појаснува, има свои партнери зависно од институцијата и зависно гранката во која се одвиваат.

„Во одредени сектори веќе имаме зголемување на платите. Тоа особено се направи во делот на здравството, во делот на негувателите, а исто имавме обид за зголемување на платите во наставниот кадар, поднесовме закон во Собранието за трансформирање на работниот однос на 4 700 наставници од определено на неопределено време при што беше дефинирано и платата да расте со коефициент поврзан со минималната плата“, рече Ковачевски.

Тој дополни  дека ВМРО-ДПМНЕ една година го блокирале тој закон.

„Цела една година ВМРО-ДПМНЕ го блокираше тој закон. И после блокирање на тој закон цела една година, тие сега ќе поднесувале амандмани за усогласување на плати. Еве нека поднесат амандмани, но нека излезат пред работниците да кажат дали биле „за“ минимална плата и дали го блокирале законот за трансформација на наставниците при што ќе имаше усогласување на платите со минималната плата. Прво тоа да одговорат па потоа ќе зборуваме за амандманите кои ги даваат на Закон за кој беа против, а вечерта станаа ’за’“, нагласи Ковачевски.

18.000 ДЕНАРИ МИНИМАЛНА ПЛАТА Димитар Ковачевски закон за минимална плата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.