Author: Biljana

„Посериозен пристап кон посочените слабости и спроведување на активностите предвидени во Акцискиот план на Националната стратегија за борба против корупција“, очекува претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска од новоизбраниот владин состав. Во интервју за НоваТВ, Ивановска вели дека големиот број на пријави поднесени до ДКСК од граѓани незадоволни од судските одлуки, говори за незадоволството на граѓаните од работењето на судиите, кои според неа треба да бидат потранспарентни и поефикасни во работата. Во однос на случаите поврзани со високи функционери кои ги отвори Обвинителството, Ивановска смета дека во борбата против корупцијата има поместување од мртва точка, но…

Read More

Здружението за меѓународна политика „Совет на амбасадори“ ја оценува неодамнешната посета на Северна Македонија од страна на бугарскиот премиер, Кирил Петков како позитивен чекор во насока на унапредување на односите меѓу двете соседни земји и давање нов импулс на продолжување на разговорите околу спроведувањето на Договорот за добрососедство и обврските кои произлегуваат од него за двете страни. „Советот на амбасадори забележува дека во разговорите на премиерот Петков, водени со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со останати функционери, претставници на Парламентот и на политички партии од позицијата и опозицијата се направени одредени отстапки, што говори за подготвеноста на…

Read More

Судија на претходна постапка одреди мерка притвор во траење од 30 дена за тешката сообраќајна незгода кај „Сити мол“.  По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на Јавното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото, соопшти Основниот кривичен суд во однос на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер во близина на трговскиот центар „Сити мол“ каде загина 25-годишна девојка,…

Read More

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со министерот за правда Никола Тупанчески. На средбата, меѓу другото, се разговарало за измената на повеќе закони кои во претстојниот период треба да овозможат непречено функционирање на работата на јавните обвинителства. Освен ова, Јовески и Тупанчески дискутирале за неопходноста за кадровска доекипираност и финансиска независност на Јавното обвинителство, за зајакнувањето на внатрешните контролни механизми и за осовременување на системот за распределба на предметите. Јавниот обвинител Јовески го запознал новоизбраниот министер за правда со донесениот правилник за начинот на оценување на работата на јавните обвинители.

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека досега не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека очекува покана од него за средба. Мицкоски вели дека не ја условил таа средба туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓу другото ќе разговараат и за предвремени парламенатарни избори. Според него, има десетици причини за предвремени парламенатaрни избори. „Резултатите на последните локални избори, во првиот и во вториот круг, мерењето на јавното мислење претходно, имаше вест во која јавноста кажува што очекува, повеќе од две третини од граѓаните се за тоа дека треба нова влада“, изјави Мицкоски во Дневникот…

Read More

НАТО ги отфрли руските барања да ги повлече своите сили од Романија и Бугарија. Во меѓувреме продолжуваат дипломатските напори да се спречи војна во Европа, откако Русија собра десетици илјади војници во близина на границите на Украина. „НАТО нема да се откаже од нашата способност да се заштитиме и браниме меѓусебно, вклучително и со присуството на војници во источниот дел на алијансата“, наведе портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску во изјава. Москва побара правно обврзувачки гаранции од НАТО дека блокот ќе го запре своето проширување и ќе се врати на своите граници од 1997 година. Претходно денеска, руското МНР објави дека…

Read More

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека добил информации од Европол за постоење криминална група чија цел е атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ. „Откако добивме информација преку Европол, користејќи официјални, официјални облици на комуникација меѓу полицијата, на 14 јануари под ознаката ‘итно’ од земја членка на Европската унија, Министерството за внатрешни работи на Србија беше официјално известено за постоењето оперативни информации за организиран криминална група што има за цел да го убие српскиот претседател Александар Вучиќ“, изјави Вулин. Тој наведе дека припадници на полицијата и претставници на Европол покренале акција за откривање на идентитетот на сите членови…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на Ковид-19. Новодијагностицирани по градови: Скопје – 1.047, Битола – 178, Кавадарци – 89, Куманово – 73, Тетово – 66, Гевгелија – 63, Прилеп – 47, Кочани – 42, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 37, Струмица – 33, Кичево и Ресен – по 28, Охрид, Берово и Валандово – по 25, Делчево – 24, Штип – 22, Струга и Радовиш – по 21, Свети Николе – 14, Крушево и Демир Хисар…

Read More

Скопското јавно обвинителство побара притвор за вчерашната сообраќајна несреќа кај Т.Ц. Сити Мол. Скопското јавно обвинителство бара притвор за вчерашната сообраќајна несреќа во која животот го загуби 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, а нејзин врсник беше повреден и пренесен на болничко лекување. Во соопштението на ОЈО се вели дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во…

Read More

Стопанската комора на Северна Македонија, на 18 февруари ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд во врска со законското решение за недела неработен ден и дека во периодот што претстои ќе се најдат сеопфатни решенија за предизвиците околу спроведувањето на законот. Ова било договорено на денешната средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со економскиот тим се сретнал со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, членовите на Управниот одбор и најистакнатите стопанственици. Премиерот Ковачевски на средбата со деловната заедница истакнал дека фокусот на економијата е приоритет и се осврна на досегашната соработка и важноста од инклузивниот процес за донесување на…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска оствари средба со хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тиган. На средбата се разговарало за евроинтеграциите на Западен Балкан и важноста Република Северна Македонија да стане дел од европското семејство час поскоро. „Хрватска несомнено останува важен пријател и поддржувач на нашата европска агенда. Досегашната билатерална соработка ќе ја продлабочуваме во следниот период особено во делот на добивање техничка помош и пренесување на хрватското искуство од пристапните преговори со Унијата по специфични поглавја“, напиша Маричиќ на Фејсбук.

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски попладневно имаше телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Премиерот Ковачевски се заблагодари на честитката, и на поддршката што Претседателката на Европската Комисија Лајен ја дава на Северна Македонија. Премиерот Ковачевски ја извести претседателката Лајен дека европските интеграции остануваат еден од врвните приоритети на новата Влада. Исто така тој ја запозна претседателката на ЕК со активностите на Владата во периодот што следи, мерките и политиките што се преземаат во правец на надминување на енергетската криза, како и економските мерки на Владата. Во телефонскиот разговор стана збор и…

Read More