Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанската комора ќе ја повлече иницијативата за недела неработен ден доставена до Уставниот суд

0
By Biljana on January 21, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 21, 2022 18:16

Стопанската комора на Северна Македонија, на 18 февруари ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд во врска со законското решение за недела неработен ден и дека во периодот што претстои ќе се најдат сеопфатни решенија за предизвиците околу спроведувањето на законот.

Ова било договорено на денешната средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со економскиот тим се сретнал со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, членовите на Управниот одбор и најистакнатите стопанственици.

Премиерот Ковачевски на средбата со деловната заедница истакнал дека фокусот на економијата е приоритет и се осврна на досегашната соработка и важноста од инклузивниот процес за донесување на антикризните мерки кои дадоа добри резултати, 60.000 работни места се заштитени во државата кои што инаку без тие мерки би биле загубени, исто така и ликвидноста на компаниите беше задржана.

„Целта на денешната посета практично е продолжување на соработката и затоа состанокот веднаш го правиме во првата недела од изгласувањето на новата Влада и сакам да ве уверам дека ваков тип на средби ќе продолжат без разлика дали тие ќе се случуваат тука или ќе се случуваат во кабинетот на Владата, ние остануваме поддржувач како Влада на приватниот сектор, тоа е курс кој го имаше оваа Влада уште од нејзиното формирање“, рече премиерот Ковачевски во поздравно обраќање пред компаниите членки на комората.

На состанокот премиерот Ковачевски, заедно со владиниот економски тим, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, министрите за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, како и за труд и социјална политика Јована Тренчевска дискутирале со раководството на Стопанската комора на Северна Македонија за реализацијата на Планот за економски раст, кој се однесува на забрзување на домашните јавни и капитални инвестиции како и на странските стратешки инвестиции.

Во таа насока на работната средба било посочено дека се работи на Законско заокружување за стимулирање различни форми на вложување во енергетиката, како и за мониторирање на процесите на инвестициите и на ефикасноста на реализацијата, а се зборуваше и за потребата од синхронизирање на процесите на дигитализација во владините институции со цел координирање на процесот.

Претставниците на деловната заедница ги поздравиле заложбите за се поголемите инвестиции во обновливи извори на енергија, унапредување на системот за транспорт на енергијата, инвестициите во инфраструктурата како и важноста од создавање на предвидлив деловен амбиент. Беше укажано дека е потребно законски да се забрза процесот на инвестициските активности пред сè во енергетиката како клучен проблем на компаниите.

Од бизнисот произлегоа и други предлози како на краток, среден и долг рок да се направат одредени чекори и во насока на надминување на проблемот со енергетската криза.

 

бизнис сектор Димитар Ковачевски Еенергетска криза недела неработен ден Стопанска комора на РСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.