Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Музејот на современата уметност – Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност – ЦИМАМ во која членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност. Според директорката на МСУ Мира Гаќина, членството се должи на тоа што биле препознати напорната работа, исклучителната посветеност и грижа за колекцијата, излегувањето од нашите граници на меѓународната сцена, богатата програма и „Големото стакло“. „ЦИМАМ ги застапува интересите на професионалците во музеите на модерната и современата уметност и ги нуди ресурсите и можностите за размена, кои се неопходни за развој на оваа…
81 отсто од моментално хоспитализираните пациенти со Ковид 19 и 78 проценти од починатите биле невакцинирани, објави Министерството за здравство. Анализата е за периодот од 6 август 2021 година заклучно со 13 јануари 2022 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. „Во период од 06.08.2021 до 13.01.2022 година на територија на државата 85.593 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 37% биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистиката…
Да се намали аерозагадувањето, да постои интегриран систем за управување со отпадот и ригорозна контрола врз индустријата, да се подобри квалитетот на водите, заштитата на шумите и биодиверзитетот, да се создадат одржливи системи за производство на храна и да се преземе поголема климатска акција. Ова се дел од приоритетите кои беа нотирани на денешната јавната дискусија во врска со изработката на Рамката за развој #МКД2030 во областа на животната средина, процес кој го води претседателот Стево Пендаровски. Приоритетните области во кои треба засилено да се работи, како што беше истакнато на дискусијата, се климатските промени, циркуларната економија, квалитетот на воздухот,…
Заложба на Дирекцијата е да обезбеди што е можно поголеми количини на природен гас за компаниите во зоните. Дирекцијата за технолошко индустриски развојни Зони (ДТИРЗ) склучи договор со добавувачот ПРОМГАС за обезбедување природен гас за компаниите во зоните со кој еден дел од количините се обезбедуваат по доста пониска цена од пазарната, потврди денеска директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски. „Во делот на гасот склучивме договор со ПРОМГАС, бидејќи Дирекцијата обезбедува гас за корисниците на гас во рамки на зоните, во кој секако има зголемување на цените, меѓутоа позитивен елемент е што еден дел од количините се обезбедуваат по цена која…
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, учествуваше на виртуелната Конференцијата на комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, што се оддржува во Франција, во рамките на францското претседателство со ЕУ. Адеми имаше свое излагање во рамките на Првиот панел посветен на „Приортетите на Француското претседавање со Унијата во периодот јануари – јуни 2022 година“ за што воведно излагање даде државниот секретар во Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Клемент Бене. Поздравувајќи го француското претседателство Адеми, се осврна на минатата година, во која имаше позитивни обиди од страна на Португалското…
„Франција ќе се залага за што поскоро надминување на спорот помеѓу Скопје и Софија, но нема да биде посредник во изнаоѓање на решение меѓу двете страни“, порача на денешната прес конференција, францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер кој пред новинарите ги образложи приоритетите на француското претседавање со ЕУ. И покрај најавите на француската амбасадорка во Софија која не ја исклучи можност Франција да посредува во спорот меѓу Бугарија и Софија, Бомгартнер е дециден дека прашањето за посредништво не е на маса, бидејќи како што рече, во актуелните услови не е потребна интервенција од трета страна, туку двете земји мора да…
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упати неколку совети за безбедно возење во зимски услови. „Користете задолжителна зимска опрема. Грижете се за техничката исправност на возилото. Безбедносниот појас секогаш нека ви биде заврзан. Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. доколку сте во можност, имајте резервно гориво во случај да има застој во сообраќајот. Возете на поголемо растојание од другите возила и одбегнувајте остри и ненадејни движења“, се вели во соопштението од РСБСП. Оттаму порачуваат да се…
„Мојата критика за договорот не се однесуваше на името, се однесуваше на македонскиот јазик и македонската етничка припадност и продолжувам да верувам дека ова е голема грешка“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Антена“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис објаснува дека „овие грешки не можат да се излечат“ и истакнува дека сега Грција се стреми кон добри односи со Северна Македонија. „Од моментот кога се случи, имаме секаква причина да се стремиме кон најдобри можни односи со Северна Македонија и во главно да го прошириме нашето економско влијание. Затоа што во моментов…
На денешната 133-та седница, Владата донесе Одлука за преземање на мерка за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Со оваа одлука се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Оваа дополнително произведена количина електрична енергија ќе ја откупува…
Измината година Домот на културата во Македонски Брод, реализира пет проекти финансиски подржани од Министерството за култура, истакна директорката на таа установа, Милена Стојческа. – Во рамките на програмата за 2021 година, реализиравме пет проекти со финансиска подршка на Министерството за култура. Следни проекти кои се во таа категорија се преземање ликовни изложби од други центри и домови на култура, како што беше „Меѓународна ликовна колонија од Ниже Поле“, Битола, каде зедоа учество уметници од повеќе земји од странство, 14. издание на традиционалната културно-туристичка манифестација „Велигденски кули“, одбележување на јубилејот „ 40 години игра и песна на КУД „7 Септември“…
„Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба“, реагираат од СДСМ, од каде велат дека избори нема да има, но сите политички чинители треба да се посветат на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните. „Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори. Избори значат нов трошок, нова неизвесност и нов застој на целата економија. Покрај ова, новата владата предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски има полн капацитет и целосен легитимитет да го истера…
700 членови на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија минатата година прочитале околу 20.000 книги. Ова според библиотекарите, е помалку од порано, но сепак претставува бројка за почитување. „Имаме читатели кои годишно читаат и по сто и повеќе книги од богатиот фонд на библиотеката, но доколку направиме просек, според нашата евиденција, излегува дека секој член годишно чита околу 30 книги и така доаѓаме до бројката од 20.000 прочитани книги во текот на една година“, велат библиотекарите. Книжниот фонд на библиотеката нуди 60.000 монографски публикации, референтна литература, вкоричени дневни весници и списанија, ракописи, документи, албуми и видео материјали. Според статистиката на…