Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: Договорот од Преспа има грешки, но Атина се стреми кон добри односи со Скопје

0
By Biljana on January 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 14, 2022 10:45

„Мојата критика за договорот не се однесуваше на името, се однесуваше на македонскиот јазик и македонската етничка припадност и продолжувам да верувам дека ова е голема грешка“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Антена“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис објаснува дека „овие грешки не можат да се излечат“ и истакнува дека сега Грција се стреми кон добри односи со Северна Македонија.

„Од моментот кога се случи, имаме секаква причина да се стремиме кон најдобри можни односи со Северна Македонија и во главно да го прошириме нашето економско влијание. Затоа што во моментов Грција повторно станува протагонист на енергетската мапа на Балканот, не само во она што се случува во Грција. Грција е природен извор на влез на енергија кон Балканот и кон централна и источна Европа и имаме за цел максимално да ја искористиме оваа наша улога“, рече Мицотакис.

Тој истакна дека треба да започне пристапниот процес на земјава во Европската Унија, бидејќи преку тоа Грција „ќе има можност да притисне за спроведување на договорот и да се излечат евентуалните слабости онолку колку што тоа го дозволува правната рамка“.

Мицотакис вели дека е целосно доследен во однос на ставовите за Договорот од Преспа изнесени пред Нова демократија да дојде на власт, објаснувајќи дека за него ќе беше многу лесно и политички корисно, ако предизборно велеше дека ќе го поништи договорот.

„Не го сторив тоа бидејќи сум сериозен политичар и многу добро знам дека договорите не можат да се променат“, рече грчкиот премиер.

Во интервјуто за грчката телевизија „Антена“ емитувано синоќа кусо пред полноќ, Мицотакис најави второ зголемување на минималната плата во Грција, отфрли секаква можност за воведување локдаун во земјата, но и секакво сценарио за одржување предвремени парламентарни избори.

Договор Грција Македонија Кирјакос Мицотакис Преспански договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.