Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомгартнер: Посетата на Петков во Скопје е добар сигнал за ЕУ

0
By Biljana on January 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 14, 2022 12:34

„Франција ќе се залага за што поскоро надминување на спорот помеѓу Скопје и Софија, но нема да биде посредник во изнаоѓање на решение меѓу двете страни“, порача на денешната прес конференција, францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер кој пред новинарите ги образложи приоритетите на француското претседавање со ЕУ. И покрај најавите на француската амбасадорка во Софија која не ја исклучи можност Франција да посредува во спорот меѓу Бугарија и Софија, Бомгартнер е дециден дека прашањето за посредништво не е на маса, бидејќи како што рече, во актуелните услови не е потребна интервенција од трета страна, туку двете земји мора да се договорат и да воспостават дијалог.

Сепак, смета дека посетата на Скопје од страна на новоизбраниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, која ќе биде и негова прва официјална посета по стапување на функцијата, е добар сигнал дека работите се движат во вистински правец.

„Она што го кажав вчера во Собранието, на Советот за евроинтеграции, ќе го повторат и денеска. Во рамки на француското претседателство нема конкретен датум за свикување на првата меѓувладина конференција. Секако, псотои волја од сите земји членки и сакаме да направиме се што е можно за да се отворат преговорите со Република Северна Македонија и со Албанија што е можно поскоро“, рече Бомгартнер.

Во однос на барањата од страна на Албанија за одвојување на двете земји на патот кон Унијата, Бомгартнер порача дека ставот е јасен, а заклучокот на земјите членки е оти во моменталните услови не се препорачува одвојување.

„Француското претседателство јасно кажува дека местото на Северна Македонија е во ЕУ. Денес, земјата ги исполнува сите технички и правни услови да биде дел од Унијата. Сето она што ќе помогне да се посметат позициите и да се отворт преговорите, по можност за време на франсцуското претседателство, сето тоа ние ќе го направиме“, додаде тој.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, пак рече дека одлуката за отворање на преговорите за членство за Северна Македонија и за Албанија била донесена на највисоко ниво и ги охрабри властите во Скопје и во Софија да продолжат со напорите за да се најде на взаемните прашања. Во однос на тоа каков е ставот на Унијата по декларациите донесени од страна на двете земји, а кои се однесуваат на црвените линии, Гир смета дека тоа е сепак билатерално прашање.

„Тоа е билатерално прашање и јас не би давал коментари, но ги охрабруваме двете земји да продолжат да прават напори за на крај да се решат отворените прашања, и токму ваквото охрабрување го гледаме во најавената посетата на премиерот на Бугарија, Кирил Петков кој ќе дојде во Скопје“, рече Гир.

Инаку, амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, денеска извести за приоритетите на француското претседателство со ЕУ во првите шест месеци од годинава. Тој се осврна на три клучни цели, обнова, моќ и припадност. Ја истакна важноста за зајакнување на европските граници и реформа на шенгенскиот простор со цел да се превенира бегалската и здравствената криза.

„Зајакнување на безбеднсосниот капацитет на европејците преку усвојување на заеднички воен буџет во Унијата, воспоставување на конкретна соработка и дефинирање на единствен стратегиски концепт за одбрана. Европејците мора заедно да се договорат како да одговорат во однос на заканите. Затоа, шефовите на држави на влади, ќе се сретнат во месец март за да го усвојат тој концепт“, рече Бомгартнер.

Фокусот на француското претседателство ќе биде насочен и кон економска обнова на Европа, климатските предизвици, како и воспоставување на социјална еднаквост која ќе овозможи отворање на нови работни места.

Францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер најави и дека претседателот на Франција, Емануел Макрон во јуни ќе одржи прес конференција на која ќе се зборува за европските перспективи на Западен Балкан.

Биљана Божиновска

ЕУ Сирил Бомгартнер Франција француско претседателство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.