Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Во најголемиот град на Казахстан, Алмати, во 20 часот по локално време стапи на сила полицискиот час што го најавија сирените. Полицискиот час ќе трае до 7.00 часот наутро, а властите апелираа до жителите на тој град да останат смирени и да не ги напуштаат домовите непотребно, пренесува Риа Новости. Како што јавуваат локалните медиуми, истрели се слушале во предградието на Алмати, а станува збор, како што се наведува, за продолжување на „антитерористичката операција“ што беше покрената синоќа. Министерството за внатрешни работи на Казахстан не ги потврди наводите за борбите во предградијата на најголемиот град во Казахстан, за кои медиумите…
Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, изјави дека за нејзината земја прашањето за проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е исклучително важно и како претседавач со ЕУ во првата половина на 2022 година Франција ќе понуди посредување за справување со спорот меѓу Софија и Скопје. На овој начин, како што вели во изјавата за радио Дарик, ќе може да се реши спорот меѓу двете земји и ќе се потврди европската определба на Париз. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според амбасадорката Робин, Западен Балкан е дел од Европа и е прашање на безбедност регионот да биде…
Агенцијата за храна и ветеринарство го потврди првиот случај на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевско. Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи. Како што информираат од АХВ, директорот Николче Бабовски донесе решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста, а за појавата на болеста официјално ги извести и Светската организација за здравствена…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направен е 6.531 тест, а регистрирани се 632 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 470, Охрид – 35, Прилеп – 25, Кавадарци и Штип – по 17, Струмица – 14, Велес – 10, Гевгелија – 9, Кичево – 5, Неготино – 4, Куманово – 3, Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци – по 2, Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип – по 1. Регистрирани сe 248 оздравени пациенти од: Скопје – 142, Битола – 22, Кавадарци –…
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ го посети Бигорскиот манастир каде се сретна со епископот Антаниски и Игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј. “И во оваа 2022 година нè очекуваат бројни предизвици за македонската држава, за граѓаните. Она што посакувам да се случи е подавање рака еден на друг, наместо подметнувања, обединување, наместо раздор, сплотување на сите човечки потенцијали, наместо делење по сите национални шевови. Посакувам конечно да се сплотиме како општество околу клучните прашања за иднината на државата. Тука не говорам само за политичко обединување, туку за суштинско, ако сакате и на морално и на духовно рамниште. Ние сме…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој во моментов се наоѓа во емиграциски притвор во Автралија, бил позитивен на Ковид-19 на 16 декември, поради што бил ослободен од вакцинација, велат неговите адвокати во судските документи. Како што објави Би Би Си, адвокатите на Ѓоковиќ доставиле документи со кои тврдат дека српскиот тенисер на 16 декември бил позитивен на Ковид-19, врз основа на што добил медицинско ослободување за „Австралија Опен“. Но, по ова се појавија нови информации кои го доведуваат во прашање целиот случај. Според соопштението на Тенискиот сојуз на Белград, следниот ден, на 17 декември, Ѓоковиќ без маска присуствувал на свеченост што…
Бугарија не смее да си дозволи да ја пропушти можноста да се декларира како земја која се стреми кон европските и евроатлантските интеграции, вели во интервју за Бгнес, поранешниот бугарски премиер и актуелен уставен судија, Филип Димитров. За сегашната ситуација меѓу Северна Македонија и Бугарија, Димитров вели дека решение постои ако барем едната страна, можеби посилната, дава позитивни сигнали, а ќе се постигне ако двете страни разговараат како рамноправни. „Не сум во позиција да и давам лекции на владата. Но, лично јас сум убеден дека нема начин да се договориме ако не разговараме како рамноправни и без вршење притисок. Проблеми…
По поплаките до снабдувачите, посочува Регулаторната комисија, екипи од снабдувачот мора да излезат на терен и да ја проверат фактичката состојба. Потрошувачите кои не добиле соодветна услуга од снабдувачот со топлинска енергија може да поднесат приговор до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), која информира дека снабдувачот е должен и да ја прилагоди температурата доколку има поплаки од Управител односно од Заедница на сопственици и барање за повисока температура од минимум пропишаната. „Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 20+1 Целзиусов степен во грејните простории во времето од 6 до 22 часот…
Во понеделник градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски ќе се сретне со претставници на бесправната градба на џамија во Злокуќани. За во понеделник градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски закажал средба со претставници на бесправната градба на џамија во населбата Злокуќани. Со ваков договор, синоќа завршиле градежните активности, а по укажување на градоначалникот Јакимовски. Први за градбата во општина Карпош реагирале мештаните, зашто градежните активности се одвивале од рано наутро до доцните вечерни часови или што би се рекло по темница. Од Исламската верска заедница во контакт со НоваТВ, велат не знаат за никаква градба на џамија на посочената локација и…
До 10 јануари 2022 трае јавниот повик за Програмата за млади менаџери и деловни лидери која од јануари до мај годинава ќе ја спроведе Советот на странски инвеститори под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски. Целта на програмата е над 30 млади и амбициозни луѓе од земјава, преку повеќе значајни обуки да стекнат конкурентни вештини и знаења што ќе ги одведат во нови професионални предизвици. Обуките ќе бидат спроведени во 18 компании коишто ќе бидат вклучени во програмата, а се членки на Советот на странски инвеститори: ЕВН Македонија, Костал Македонија, Макстил, Џонсон Мети, Либерти стил, Комфи ангел, Ван хоол,…
Основната плата на лекарите специјалисти се зголемив за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, додека на здравствените соработници за 15 отсто. Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестиции во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани, а за таа намена обезбедени се 600 милиони денари во Буџетот за 2022 година, рече на денешната прес конференција пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ. „Пандемијата со коронавирусот покажа дека инвестциите во јавното здравство се инвестции во здравјето и иднината на нашата држава. Платите на сите вработени во здравството се зголемуваат за пет…
Тие ги поздравуваат конструктивните потези на новата бугарска влада и се надеваат дека и новата влада во Република Северна Македонија ќе направи коректни и точни потези. Граѓанското здружение за бугарско-македонско пријателство „Под едно небо“, заедно со Институтот за балкански перспективи, Бугарскиот културен клуб – Скопје и Бугарско-македонска стопанска комора упатија отворено писмо до премиерите на Бугарија и на Република Северна Македонија, во кое ја поздравуваат желбата на двајцата премиери за промени и за искористување на следните месеци за постигнување позитивни резултати. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие ги поздравуваат конструктивните потези на новата бугарска влада и лично…