Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коциќ: Пет отсто повисоки плати за сите вработени во здравството

0
By Biljana on January 8, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 8, 2022 15:01

Основната плата на лекарите специјалисти се зголемив за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, додека на здравствените соработници за 15 отсто.

Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестиции во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани, а за таа намена обезбедени се 600 милиони денари во Буџетот за 2022 година, рече на денешната прес конференција пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.

„Пандемијата со коронавирусот покажа дека инвестциите во јавното здравство се инвестции во здравјето и иднината на нашата држава. Платите на сите вработени во здравството се зголемуваат за пет отсто, почнувајќи веќе од овој месец. За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, додека на здравствените соработници за 15 отсто. Го корегиравме коефициентот за дежурства, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар“. реќе Коциќ.

Освен во човечкиот капитал, сериозно се инвестира и во опремувње и реновирање на здравствените установи, велат од СДСМ. За првпат охридскиот регион доби апарат за магнетна резонанца кој е поставен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” во Охрид. Апарат за магнетна резонанца се постави и во Струмица, како и во Институтот за радиологија во Скопје, а Општата болница во Кичево доби апарат за компјутерска томографија. Целосно се реновирани и 1.300 квадратни мерти од Клиниката за ортопедија во Скопје, реновиран и опремен е Ургентниот центар во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, како и одделот за нефрологија на Клиниката за детски болести.

„Сето ова е релизирано во само еден месец, што само ја покажува заложбата на Владата предводена од СДСМ за унапредување на условите за работа на здравствените работници. Затоа продолжуваме со реализација на мерки и проекти кои обезбедуваат грижа за здравствените работници и унапредување на квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани“, потенцираше пратеникот Коциќ.

здравство плати СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.