Author: Biljana

Во тек е проект насочен кон зголемување на квалитетот и ефикасноста на услугите на државната администрација, информира Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). – Квалитетот на услугите што ги обезбедува државната администрација е многу важен. Наша цел е да го зголемиме квалитетот и ефикасноста на услугите преку проектот кој се состои од три системи: Национален Систем „Редослед на клиенти“-Земи Бројче, Национален Систем „Оцени ја Администрацијата“-Семафор, Национален Систем „Резервирај Термин за услуга – “Мој ред“, појаснуваат од Министерството. Оттаму велат дека се подготвени да го понудат овој систем на секоја институција во земјата, без никаков надомест, со единствена цел квалитетот…

Read More

Авганистанските државјани ќе бидат сместени во мотели, а не во кампови или прифатни центри, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Владата презема обврска да сместиме околу 450 лица од Авганистан. Тие нема да бидат сместувани во никакви кампови, во никакви прифатни центри, ниту во Табановце, ниту во Гевгелија, ниту во центар за странци, едноставно тие ќе бидат сместени во хотели и во мотели, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за ТВ 21. Нивниот престој, појасни, ќе го плати организацијата која ги носи, или за која работеле. Тие ќе бидат сместени во мотели, а државата, како…

Read More

Да се биде солидарен, не значи само да се повторуваат пораките за солидарност, туку да се преземат дела кога е тоа потребно, напиша шефот на дипломатијата, Бујар Османи на Фејсбук.  Донесовме одлука да подадеме рака кон оние на кои во моментов тоа им е најпотребно. Тоа се луѓето од Авганистан, наши сојузници и нивните семејства, истакна во објава на Фејбук министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејбук. Да се биде солидарен, напиша Османи, не значи само да се повторуваат пораките за солидарност, туку да се преземат дела кога е тоа потребно, особено кон оние на кои тоа…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ во петок ќе ги обелодени останатите кандидати за градоначалници.  „Во петок на прес конференција ќе презентираме 20-тина кандидати за градоначалници во преостан. Од прилика дваесетина мислам дека ќе бидат, нови имиња“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител. Мицкоски додаде дека професорката Котлар со своето делување и ставови кои што во изминатиов период ги рефлектираше во јавноста е лице кое што може да направи навистина добар резултат, а тоа вели го покажале и интерните мерења. „ВМРО-ДПМНЕ не е партија која што има фрустрација дека тоа мора да биде човек кој што има свое…

Read More

Министерот Бојан Маричиќ посочил дека големиот број на разрешени судии е доказ дека работите ги придвижуваме кон правна држава во која владее правото. Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ денеска одржаа средба со членови на граѓанската иницијатива „Стоп за криминал во судството“ кои водат спор преку институциите заради претрпена штета, од, како што велат, корумпиран судија од Апелацискиот суд во Штип. Членовите од иницијативата изјавија дека ваквите проблеми датираат од пред десет години. „На постапката која се води, и претходеше претставка поднесена до мојот Кабинет, која…

Read More

Коефициентот за победа на тимот на Леброн Џејмс е 3,0. Американските обложувалници излегоа со прогнозите за тоа кој ќе биде победник во Западната конференција од НБА-лигата во сезоната 2021/22. Прв фаворит е тимот на Лос Анџелес лејкерс. „Езерџиите“ во пресрет на новата сезона се засилија со Расел Вестбрук. Втор е Голден Стејт (5,5), кој го чека враќањето на дефанзивецот Клеј Томпсон во текот на сезоната. Најголема шанса за третото место се дава на Феникс (8,5) кој беше победникот на Западот во сезоната 20/21. Потоа следуваат: Клиперс и Јута (9,0), Далас и Денвер (12,0), Портланд (29), Њу Орлеанс (34,0), Мемфис (51,0),…

Read More

Делегација на Владата по повод Денот на Армијата положи цвеќе на партизанските гробишта и на гробовите на генерал Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на армијата Глигоров и Трајковски. Делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, положи венци свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти…

Read More

Преминувањето кон циркуларна економија е многу важна за зелената транзиција.  Со потпишувањето на Декларацијата за Зелена агенда, земјите од Западен Балкан се обврзаа на Самитот во Софија на 10-ти ноември 2020 година дека ќе спроведуваат мерки во областа на спречување на климатските промени и загадувањето, развојот на енергија, сообраќајот и циркуларната економија, како и развојот на биодиверзитетот, одржливото земјоделство и производството на храна. „Западниот Балкан е многу погоден од климатските промени, а тоа значи намалување на емисиите на стакленички гасови и зголемување на отпорноста на влијанието на климатските промени. Владите од овие региони ќе бидат поддржани во согласност со новото…

Read More

Изложбата е составена од дела во мал формат, создадени со примена на различни техники и материјали.  Во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија задутре (20 август) во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата „Проткаени сеќавања“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата ќе може да се види до 30 август. Македонскиот скулптор Слободан Милошески се решава во овој серијал на скулптури да го истакне значењето на скулптурите од мал формат. Според него, евидентно е дека малиот формат е многу посебна мерка и критериум во достигнувањето на креативните можности на еден автор. Во неговата работа тој користи едноставни геометриски форми и индустриско-импровизирани…

Read More

Десетина пациенти кои со полесна клиничка слика се лекуваат на Инфективната клиника примиле две дози од вакцината против Ковид-19.  Само околу 10 проценти од пациентите кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести биле вакцинирани со две дози, но тие се со полесна клиничка слика, информираа попладнево од Министерството за здравство. На Клиниката во моментов се лекуваат 94 пациенти. Од здравство информираа дека расте интересот за имунизација. Само вчера прва доза од анти-ковид вакцината примиле 12.049 граѓани, а за еден ден била вакцинирани вкупно 18.877 граѓани. До сега вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани, а ревакцинирани се 479.333. Вкупно се аплицирани…

Read More

Крис Смолинг ќе го пропушти почетокот на сезоната во италијанската лига.  Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг ќе го пропушти почетокот на сезоната. Триесет и едногодишниот фудбалер се здоби со повреда на бутниот мускул за време на тренингот, пренесува „Ил Темпо“. Очигледно, фудбалерот нема да игра барем на два од првите натпревари на Рома. Рома ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона в четврток, 19 август. Екипата предводена од Жозе Мурињо ќе игра против турскиот Трабзонспор во првиот натпревар од плејофот на Конференциската лига на УЕФА. Во првото коло од Серија А, следниот викенд, римјаните ќе ја пречекаат Фиорентина.

Read More

Американската војска денеска соопшти дека ја засилува евакуацијата од Авганистани дека во оваа операција од аеродромот во Кабул не се попречувани од талибанците. Генералот Хенк Тејлор изјави дека американските воени претставници на аеродромот во последните денови комуницирале со талибанските команданти и добиле уверување дека повлекувањето на илјадници американски државјани и Авганистанци, кои ја напуштаат земјата со американски воени авиони, ќе продолжи и во наредните денови. „Немавме непријателски ангажмани, напади, закани од талибанците“, рече Тејлор, висок претставник на Здружената команда на началници на штабови на американската армија. Тој кажа дека откако аеродромот се отворил рано утринава, по неколкуте часа затворање поради…

Read More