Author: Biljana

На потегот меѓу селата Барово и Вешија избувнат е пожар на мешовита нискостеблеста и вискостеблеста шума. Станува збор за непристапен терен, а во моментов интервенират две теренски возила, една цистерена на Територијалната противпожарна единица (ТПЕ) од Неготино со шест пожарникари, четири цивилни лица волонтери, едно теренско возило, четворица пожарникари од ТПЕ од Кавадарци и теренско возило и пет вработени од ШС Демир Капија. По барање на градоначалникот на општина Демир Капија ангажирани се и два армиски хеликоптери, соопшти на денешна прес-конференција портпаролот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Надица В чкова. На редовната прес-конференција за активните пожари во земјава…

Read More

Професор Марко Андонов е именуван за почесен конзул на Грузија во Северна Македонија. Владата на седницата на 4 месецов донесе Одлука со која се дава согласност за отворање на почесен конзулат на Грузија во Р.С. Македонија, со седиште во Скопје, раководен од проф. д-р Марко Андонов и даде согласност да биде именуван за за почесен конзул. Андонов е редовен професор и декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ колеџ Скопје. Негова специјалност е корпоративното право и правото на хартии од вредност. Освен во академската сфера, тој е присутен и во корпоративниот сектор како консултант од неговата област, а…

Read More

Според бугарското МНР, таков однос кон споменот на невините жртви од трагичниот инцидент е неприфатлив. Министерството за надворешни работи на Бугарија длабоко жали за повторениот чин на сквернавење на спомен плочата на 15-те бугарски туристи кои загинаа во несреќата со бродот „Илинден“ во 2009 година во Охрид, објави прес-центарот на министерството. „Очекуваме властите во Република Северна Македонија да преземат брза акција за откривање на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата, како и враќање на спомен плочата во автентична форма“, се вели во ставот од бугарското МНР. Бугарската амбасада во Скопје, денеска веднаш испрати протестна нота до Министерството…

Read More

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнз. Соговорниците ги оценија билатералните односи меѓу двете земји како исклучително цврсти и пријателски, засновани на стратешкото партнерство и членството во НАТО алијансата. Беше искажан заемен интерес за постојан политички дијалог и за натамошно унапредување на севкупната соработка. Министерот Османи ја брифираше амбасадорката Брнз за најновите политички актуелности, со посебен фокус на активностите поврзани со европската перспектива на земјава во периодот што следи. На средбата беше изразено задоволство од континуираната и клучна поддршка што САД ја даваат…

Read More

Отворен Балкан, во која се вклучени Албанија, Србија и Северна Македонија не е поддржана од сите земји во регионот. Албанскиот премиер Еди Рама во објава на Твитер, наведува дека германската влада ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“ и побарала итно потпишување на договорите за заедничкиот регионален пазар пред Самитот ЕУ-Балкан на 6 октомври. -Прекрасно! Германската влада го поддржува „Отворен Балкан“, наспроти она што на луѓето во Приштина и Тирана им го велат оние што не прашуваат за Америка. И не само тоа, бара итно потпишување на договорите за заеднички регионален пазар пред Самитот ЕУ-Балкан на 6 октомври! Отворен Балкан, според германската…

Read More

Во Европа денеска е измерена највисоката температура откако постојат мерењата. Забележана е во Италија. На југоистокот на Сицилија се измерени 48,8 степени Целзиусови. Рекордната температура ја измерил агрометеоролошкиот информативен сервис на Сицилија во 14 часот во Флоридија, местово покраината Сиракуза. Досегашниот рекорд го држела Атина, каде во 1977-ма година биле измерени 48 степени Целзиусови. Инаку, на Сицилија на 20.09.1999 година биле забележани 48,5 степени Целзиусови, но тоа никогаш официјално не било признаено како рекорд. Денешниот рекорд на Флоридија исто така се уште е неофицијален. Експертите од Светската метеоролошка организација мора да го проверат и да го одобрат. Утре во 10…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди дека коронавирусот „не е зад нас“ и уште еднаш ги повика Французите да се вакцинираат. „Здравствената криза не е зад нас, тоа е многу јасно. Ќе живееме со вирусот уште неколку месеци“, изјави тој по владиниот состанок на владата за борба против коронавирусот. Во последниве недели, секојдневно се забележува зголемување на бројот на заразени лица во Франција, поради појавата на сојот Делта на коронавирусот, што се шири брзо. Секој ден, локалните здравствени власти регистрираат повеќе од 22.000 нови случаи. Околу 45 милиони луѓе во Франција примиле барем една доза од вакцината, 67 проценти од…

Read More

Уште едно лице го загуби животот во пожарите во Албанија, соопштија албанските медиуми. Станува збор за 60-годишна жена од Ѓирокастро, која била примена во болница пред осум дена со изгореници на 70 проценти од површината на телото, пренесува порталот „Албанска пошта“. Пред една недела, нејзиниот 65-годишен сопруг загина во пожар додека се обидуваше да го изгасне огнот. Пожари се случуваат во Албанија речиси две недели, а најкритично беше во областа Кукс.

Read More

Светската здравствена организација најверојатно до средината на септември ќе ја одобри руската вакцина Спутник В против коронавирусот. Според помошникот генерален директор на СЗО Маријангела Симао процесот на одобрување на Спутник е во тек, и во моментов се поминува низ некои законски процедури. Проценките на вакцините започнале во јули и се очекува конечната евалуација на одобрувањето на вакцината да се направи до средината на септември, велат од светската здравствена организација.

Read More

Рускиот истражен комитет денеска објави дека го обвинува Навални за формирање непрофитна организација што ги крши човековите права. Руските власти поднесоа нова кривична пријава против опозицискиот лидер Алексеј Навални, како дел од владините акции против него и неговиот тим пред претстојните парламентарни избори во Русија. Рускиот истражен комитет денеска објави дека го обвинува Навални за формирање непрофитна организација што ги крши човековите права – кривично дело за кое се предвидува казна затвор до три години. Официјални лица велат дека опозициската Фондација за борба против корупцијата е основана пред 10 години и оттогаш објавила десетици видеа со кои се открива наводна…

Read More

Во бугарскиот парламент утре ќе се гласа за „оставката“ на Пламен Николов, а не за избор на нова Влада.  Гласање во бугарскиот парламент утре ќе има, но не за избор на влада, туку за оставката на кандидатот за премиер на „Има таков народ“, Пламен Николов, одлучи вонредниот претседателски совет кај спикерката Ива Митева, а објави БГНЕС. „На двата претседателски совети што се одржаа денеска, беше договорено кандидатурата на Пламен Николов за премиер да не се разгледува мериторно, како и неговиот предлог состав на кабинетот, туку ќе се расправа и ќе се гласа само за неговата намера да се повлече од…

Read More

Сертификат за вакцинација, потврда за прележан коронавирус или негативен тест ќе бидат услови за старт на новата учебна година во Грција. Задолжителен документ за ковид-19 (сертификат за вакцинација, потврда за прележан корона вирус или негативен тест) – ќе бидат услови за старт на новата учебна година во Грција, која ќе стартува на 13 септември, а ќе се одвива со физичко присуство на учениците и студентите. Од Министерството за образование на Грција, информираат дека просветните работници, односно за наставниците и професорите, како од училиштата, така и од универзитетите задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 во последните шест…

Read More