Светската здравствена организација најверојатно до средината на септември ќе ја одобри руската вакцина Спутник В против коронавирусот.

Според помошникот генерален директор на СЗО Маријангела Симао процесот на одобрување на Спутник е во тек, и во моментов се поминува низ некои законски процедури.

Проценките на вакцините започнале во јули и се очекува конечната евалуација на одобрувањето на вакцината да се направи до средината на септември, велат од светската здравствена организација.