Author: Борјан Јовановски

Денеска ќе биде затворен ковид-центарот во Клиниката за уво, нос и грло. Таму во моментов се хоспитализирани 4 пациенти и тие во текот на денешниот ден ќе се префрлат во друг клиника, информираше Министерството за здравство. Ова е втор ковид- центар кој се затвора неделава. Вчера беше затворен и ковид- центарот сместен во Клиниката за очни болести. Затворањето доаѓа откако се бележи намалување на бројот на хоспитализирани пациенти. Според денешните извештаи, во ковид-центрите во Скопје се сместени помалку од 300 пациенти, а во болниците во цела држава се хоспитализирани. Бројот на слободни кревети, пак, изнесува 621.

Read More

Корона кризата ги извади на површина слабостите во нашиот туристички сектор: немањето протоколи за кризен менаџмент, малиот број туриператори и агенции кои ја работат Северна Македонија за домашните туристи, немањето туристичка инспекција за регулирање на пазарот, дигитализација во секторот, подобрени законски легислативи и воспоставување е-визиторс како платформа за статистички податоци, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски. Како што напоменува Јаневски, по речиси една година од пандемијата може да се заклучи дека најголемиот удар го преживуваат туроператорите и туристичките агенции кои ги изгубија пазарите, како и градските хотели кои работат со 10 отсто од…

Read More

Жалбената постапка што концесионерот ја започна пред Управниот суд во врска со одземањето на дозволата за експлоатација на злато и бакар во рудникот Иловица-Штука, заврши со пресуда на Вишиот управен суд што може да го “воскресне” концесионерот. Уважувањето на неговата жалба со која се бара спојување на двете концесии и потоа повторно одлучување за одземање на дозволата за активнистите од граѓанското движење “Здрава котлина” е резултат на полтички и бизнис влијанија спротивни на интересите на граѓаните. Во врска со овие сомневања изразени во јавноста министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за ТВ21 изјави: „Во делот на Владата мислам дека…

Read More

Бришењето на имињата на српските светилишта на фреските во манастирот „Св. Јован Осоговски “во Северна Македонија е добро познат метод на притисок и закана, што често го користеа бугарските терористи од ВМРО, пишува српскиот весник „Новости“, по бугарските напади за српски влијанија за дебугаризација на нашата држава. Текстот го пренесува БГНЕС, што е втор обид во историскиот спор, по Грција, сега да се втурне и Србија. Написот е илустриран со фотографија од манастирот, која е опишана како „Драма на цивилизацијата на Стара Србија“. „Експертите сметаат дека се случува долг процес за систематско уништување на српското културно наследство и присилна асимилација…

Read More

За 22,1 процентен поен помал одѕив е регистриран на вчерашните дополнителни избори за градоначалник на Штип, во споредба со излезеноста во оваа општина на предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава, кога на гласање излегле 51,34 проценти од тогаш запишаните 41 813 избирачи. Наспроти тогашните 23 784 избирачи, овој пат гласале 14 528 од вкупно 41 777 гласачи, во ситуација кога најголемата опозициска партија не учествуваше на изборите за нов градоначалник. Иако на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ освои тесна предност пред СДСМ со 10 141 глас наспроти 10 077 гласа за листата на СДСМ, опозициската партија реши да не учествува на…

Read More

Северна Македонија е во очекување на состанокот на министерскиот совет на Унијата на почетокот на овој месец и на можноста да се даде зелено светло за преговарачката рамка, а германската канцеларка Ангела Меркел вчера со порака дека земјава се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со Унијата. Таа на вчерашната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент сепак рече дека тие се соочуваат со потешкотии во врска со одржувањето на Меѓувладината конференција и дека се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија. -Се соочуваме со потешкотии…

Read More

„Има многу симболика во Заедничкото домаќинство на Бугарија и Република Северна Македонија на Берлинскиот процес. Тоа е прв заеднички домаќин од ваков вид од земја-членка на ЕУ и земја од Западен Балкан и е потврда за нашата силна посветеност кон развојот на регионот“. Ова го истакна премиерот на Бугарија, Бојко Борисов во својот поздравен говор на отворањето на Самитот во Берлин. Бугарскиот премиер потсети дека земјата ја прифатила поканата за заеднички домаќин на иницијативата во 2020 година за време на состанокот во Позњан во јули 2019 година, објави владината прес-служба. „Бевме убедени дека ваквиот потег е природно продолжение на она…

Read More

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, во соопштение до јавноста демантира дека фризерница ги добила средствата во износ од 270.000 евра за едукација. „Националната агенција не финансираше фризерница (иако и тоа е дозволено и се правело во минатото), туку го финансираше претријатието „Вредност на европско знаење“, чијшто скратен назив е В.Е.З. Трејд. Исто така, не е точен наводот дека Вредност за европско знаење, односно В.Е.З. Трејд не постои во Централниот регистар на РСМ. Седиштето на оваа фирма е токму на адресата која ја посочува новинарот, каде по некоја случајност во овој момент се обавува…

Read More

Од полноќ, граѓаните на Македонија можат да патуваат во Косово и Србија без потреба од негативен ПЦР тест. Министерството за здравство на Косово за Алсат потврди дека според принципот на реципроцитет, патувањето за Косово ќе биде безусловно, додека истата мерка не се однесува на земјите со висок ризик. Вицепремиерот Артан Груби истакна дека владите на Косово и на Србија веќе изразија подготвеност да ги укинат бариерите поставени на границите заради пандемијата со ковид 19. „Нашите граѓани ќе можат да патуваат во соседните земји, без потреба од ПЦР тест. Како што знаете, со Албанија можеме да ја преминеме границата и граѓаните…

Read More

Не смееме да дозволиме црно-бела слика и исклучиви позиции, односно избор: или здравје или образование на децата. Тоа не е добро. Мораме и работиме да овозможиме и здравје и солидно, ефикасно, ефективно образование

Read More

Еден од основачите на „Левица“, во постоизборно интервју за Нова ТВ, говори за освоените гласови и пратенички мандати на партијата на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Но, и за почетоците од формирањето на „Левица“, за патот што тогаш бил трасиран, а по кој партијата се движи сега, за скршнувањето од курсот на анти-националистичка партија и партија која ќе нуди решенија за секојдневните проблеми во партија што сега нуди национализам

Read More

Сепак, Македонија живее историски мометни во кои навистина нема време за суети. Вољата на граѓаните беше многу јасно декларирана и истата овозможува формирање на влада која во Собранието ќе има силна подршка од 73 пратеника со што во целост се дава полтичка сила да се влезе храбро во последната фаза на трасформацијата на ова општество кое 30 години чека европски полтички стандарди и евроспки квалитет на живот. Граѓаните го кажаа своето. На потег се полтичарите, во најдобрата смисла на тој збор, ако воопшто ги има

Read More