Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска за НОВА: Ќе се сретнам со сите наставнички и наставници

0
By Борјан Јовановски on August 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 31, 2020 12:51
Во интервју за НОВА, новата министерка за образование Мила Царовска зборува за предизвиците на нејзиниот мандат во услови на актуелната здравствена криза.
НОВА: Како ќе ја решавате дилемата околу наставата во услови на ковид-кризата? – Онлајн или редовна
Царовска: Почетокот и спроведувањето на учебната година на сите нивоа на формално и неформално образование претставува еден од најсериозните и најтешки предизвици и за мене, за МОН и за Владата. Оттаму, тој сложен процес, во вакви услови го поставуваме како врвен приоритет на самиот старт од преземањето на функцијата. Во изминатиот период, со право, се води генерална и широка дебата за најдобриот модел. Притоа, во овој момент правиме се за да дефинираме и спроведеме најдобра практика. Притоа, можам да ги кажам, за мене важните принципи и рамки. Сосема искрено, и јас во овој процес влегувам како Министерка, но и како загрижен и одговорен родител, како што сите родители го сакаат најдоброто за своите деца. Конкретно, не смееме да дозволиме црно-бела слика и исклучиви позиции, односно избор: или здравје или образование на децата. Тоа не е добро. Мораме и работиме да овозможиме и здравје и солидно, ефикасно, ефективно образование. Во оваа ситуација не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме да понудиме најсоодветна солуција, затоа предлагаме комбиниран модел. Многу е важно да се разбере дека тој модел не е статичен, туку динамичен, истиот ќе се менува во зависност од епидемиолошката состојба и препораките на надлежните институции. Сосема ми е јасно дека не постои идеален модел по желба на сите, ниту пак едно унифицирано решение. Токму затоа, во сите држави во регионот и Европа, решенијата се национални, а не универзални. Како Министерка, во рамки на возможното, ќе инсистирам на квалитетен модел на образование на сите нивоа, со физичко и со онлајн присуство, и за таа цел, интензивно работиме на обуки, техники, опрема и контрола на процесот. За сите, овие работи се нови. Но, мораме да успееме кога е најтешко. Најважно, од самиот почеток, сите одлуки, реализација, мониторинг, контрола и промени, ќе ги правиме во дијалог и консултација со  сите засегнати страни. Тука не смее да има дневна политика, а мора да има целосна посветеност и одговорност.
НОВА: Кој е првиот кокретен проект на кој ќе се нафатиш како министер во ресорот образование?
Царовска: Веќе зборевме за првиот проект, во услови на криза да имаме квалитетно образование, со целосно запазување на здравјето на учениците. Но, кога збориме за образованието, тоа е една од областите каде инвестирате денес, а ефектите се долгорочни. Мене тоа ми е сосема јасно и тој предизвик го прифаќам. Владата, Премиерот, јас и мојот тим имаме бројни проекти за кои навреме и целосно ќе ја информираме и вклучиме јавноста. Образованието мора да биде на исто рамниште како и здравството, економијата, итн. Добро образование значи и економија на знаења, конкурентност, вработувања, раст и развој, значи помало иселување и нова демографија на државата. Тоа е историска одговорност. Токму затоа, имаме концепт, акции и човечки потенцијал за модернизирање на образованието на сите нивоа, почнувајќи за промена, од основното образование на пример. Имаме посебни, но интегрирани планови за сите нивоа на образование, како и за квалитетот, позицијата и одговорноста на наставно-образовниот и научен кадар. Веќе разговарав со сите релевантни фактори во државата, но особено и надвор, за трансформација на образованието во највлијателна и највредна инвестиција на државата.
Во новиот мандат фокусот ќе биде ставен на неколку важни делови од образованието, а тоа се суштински и сеопфатни реформи во основното образование коешто гради силни индивидуи со критичка мисла и вештини за работа во тим. Комплетни личности кои ќе ни ја движат државата и економијата напред. Големо внимание ќе посветам и на јакнење на стручното средно образование, како и на резултатите на меѓународните тестирања во коишто учествува државата. Очекувам овие резултати да станат наша национална гордост. Посветено ќе работиме да го вратиме достоинството на професијата наставник. Ќе работам на мотивирање на наставниците и моја цел до крајот на мадатот ќе биде лично да се сретнам и разговарам со секоја наставничка и наставник.
Тоа е инвестиција во промените што сакаме да ги направиме за да го движиме општеството и економијата напред. Дозволете да ги поставиме и систематизираме тимот и процесите. Бидете уверени, дека во следните четири години, и многу потоа, образованието ќе биде на врвот на агендата на Владата и институциите. Конечно, мора да направиме приклучок со развиените држави. Тоа е најсилно наследство и највисока вредност.
интервју Мила Царовска образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.