Author: НОВА ТВ
Ние, жените-активистки за човекови права од балканскиот регион, стоиме заеднички и солидарно со сите жени жртви на онлајн родово-заснованото насилство¹ и бараме од надлежните институции да постапуваат согласно нивните овластувања за темелно и неодложно да го истражат случајот со групите на платформата Телеграм (како Balkan room, Јавна Соба, Гевгелија Хаб, Српска соба, Смоква и други), да ги санкционираат сторителите и заштитат жртвите од понатамошна виктимизација. Точно една година по појавата на ваква група на мрежата Телеграм во Македонија, која се користи за сексуално вознемирување на девојки преку објави на нивни фотографии без никаква согласност, во порнографски контекст, како и лични…
Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека се спрема за да ја заврши „најдолгата војна на Америка“, односно војната во Авганистан. САД прв пат го нападна Авганистан со воздушни напади во Октомври, 2001. Поводот за овој офанзивен потег на САД беа нападите на 11ти септември, 2001 во кои беа убиени околу 3 000 луѓе од страна на терористичката организација Ал-Каеда предводена од Осама Бин Ладен. По овие напади тогашната исламистичка влада предводена од Талибанците не сакаше да го предаде Бин Ладен на Американците и затоа САД ја почна својата инвазија врз Авганистан. Војната во Авганистан каде што се инволвирани американски…
Последниве месеци вакцината против Ковид-19 од шведско-британската компанија Астра Зенека е постојана тема на дикусија заради ретките симтоми на згрутчување на крвта што се појавија кај некои луѓе. Овие несакани последици се појавија кај само 30 пациенти од 18 милиони вакцинации во Велика Британија каде голем процент од британските граѓани и резиденти се вакцинираа со оваа вакцина. Но минатата недела Џонатан Ван-Там, заменик главен медицински офицер за Англија, кажа дека е потребна корекција во администрацијата на оваа вакцина. Затоа се донесе одлуката во Велика Британија дека оваа вакцина нема продожи да биде давана на лица под 30 години поради ретки…
Словенечкиот медиум necenzurirano.si го објавува следниот „нон-пејпер“ испратен до Брисел: Од понеделникот, во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина се шпекулира дали премиерот Јанез Јанша навистина испратил неофицијален дипломатски документ („нон-пејпер“) во Брисел, во кој се зборува за ново цртање на границите во областа на Поранешна Југославија. Никој официјално нема потврдено дека претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, добил документ со таква содржина од Словенија. Но, неофицијален дипломатски документ што предвидува распаѓање на Босна и Херцеговина, припојување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија, всушност постои. Денес го објавуваме на нецензуриран.си. Според нашите информации, документот со…
Дуанте Рајт, 20-годишен афро-американец, беше убиен на 11ти април од страна на полицијата во Бруклин Центар, Минесота (САД). Рајт бил сопрен од страна на полицијата бидејќи наводно направил сообрајќаен прекршок со тоа што имал освежувач на воздух кој наводно го прикривал неговиот ретровизор; Рајт бил во колата со неговата девојка која го видела неговото убиство. Во видеото од камерата која ја носела белата полицајка Кимберли Потер на нејзината униформа кога го убила Рајт се гледа дека Рајт е комплетно ненасилен и само ги следи нејзините инструкции. Но Потер насилсно пробува да го извади Рајт од неговиот автомобил и без многу…
Продолжуваат протестите против војската на Бурма и повторно имаат крвави резултати. Минатиот петок војската на Бурма уби над 80 демонстранти во градот Баго. Иако масакрот се случил во петокот, веста дошла на виделина дури после еден ден бидејќи многу жители биле принудени да бегаат во околните села. Бурмиската војска изнесувеше непоткрепени тврдења за измама околу резултатите на изборите кои се одржаа во ноември, 2020. Во овие изборите партијата Националната Лига за Демократија предводена од Аунг Сан Су Чи освои преку 80% од местата во парламентот на Бурма. Аунг Сан Су Чи е долго-годишна активистка која стана де факто лидерот на…
Новата Ковид Б.1.1.7 варијанта на Корона вирусот која пред прв пат се забележа во Велика Британија во ноември, 2020 сега е веќе најраспространетата варијанта во САД. Оваа варијанта на вирусот е раширена во барем 70 други држави, меѓу кои и С.Македонија. Во напис за CNN, Холи Јан пишува дека во САД новата Ковид варијанта е многу позаразна – односно многу побрзо се шири – и дека особено голем ефект има врз младите луѓе за разлика од иницијалната варијанта на Ковид која се рашири низ светот во март, 2020. Иако во САД, процесот на вакцинација се одвива на релативно ефикасен начин…
Дипломатскиот скандал кој го доби надимакот „Sofagate“ ги преплави медуимите и социјалните мрежи минатата недела. Се работи за инцидент кој носи сексистички импликации: На официјалниот состанок помеѓу ЕУ и Турција немаше стол за претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дер Лајен, додека имаше столови за турскиот претседател, Реџеп Таиб Ердоган, и за Чарлс Мишел, поранешниот премиер на Белгија кој е сега претседател Европскиот Совет. Бидејќи немало стол за вон дер Лајен, таа седнала на троседот (на англиски „sofa“) во собата од каде што потекнува надимакот на скандалот. Главната критика на овој инцидент беше насочена кон Ердоган кој многумина сметаа се…
САД е загрижен околу бројот на руски војници кои се собираат на руската граница со Украина. Новиот државен секретар Антони Блинкин од администрацијата на Џо Бајден предупредува дека ќе „има последици“ доколку Русија се однесува агресивно. Во интервју со Meet the Press, секретарот Блинкин кажа дека моментално има повеќе руски трупи на војници на границите на Украина отколку во 2014тата година кога започна кризата во украинскиот полуостров Крим. Во 2014тата година се одржа референдум на територијата на Крим во кој 95.5% од гласачите изразија поддршка за соиденување со Руската Федерација. Иако луѓе од различни етницитети живеат во Крим, во 2014…
Веќе подолго време се зборува за идејата околу „вакцинациски пасоши“ или „ковид пасоши“. Односно овој вид на пасоши не би биле баш пасоши туку дигитални идентитети и сертификати преку кои тие кои ги поседуваат би можеле да докажат дека се вакцинирани или пак дека неодамна имале негативен Ковид тест. За ова идеја се шпекулираше уште во декември, 2020та година кога неколку компании – меѓу кои и IBM — почнаа да креираат апликации кои би можеле да се корисистат за оваа цел. Поседувачите на овој „дигитален жолт картон“ кој би имал QR код кој тие би го имале на нивните паметни…
Освен ефектот кој глобалната Ковид-19 криза ја има на општото физичко здравје веќе е јасно дека овој нов вид на социјално организирање е голем предизвик и за менталното здравје на луѓето, особено кај младите. Заради фактот што Корона вирусот се шири во воздухот од страна на заразено лице владите низ светот продолжуваат да препорачуваат мерки за социјално дистанцирање и избегнување на собирање на повеќе луѓе во затворени простории. Секако, поради овој факт беа затворени различни објекти и институции за време на тековната Ковид криза, меѓу кои и основните и средните училишта и универзитетите – места каде што младите луѓе се…
Оваа недела, 17-годишната велешанка Мартина Дејаноска јавно зборуваше за нејзиното трауматично искуство после сексуален напад од страна на 62-годишен маж кога таа имала само 15 години. Нејзината трогателна објава направи бум на социјалните мрежи: беше прочитана од илјадници луѓе и споделена на Фејсбук преку 250 пати. На 3ти април, 2019 Дејаноска била нападната во Велес при посета на играорна група. Кога ѝ се слошило на Дејаноска, постар маж се понудил да ѝ помогне, нудејќи ѝ чоколадо. Но овој гест набрзо преминал во недозволено допирање на нејзините раменици и потоа нејзините гради. Кога таа пробала да се тргне од ситуацијата, нејзиниот…