Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Вакцинациски пасоши“: Многумина алармираат за проблемите околу овој нов концепт

0
By НОВА ТВ on April 10, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 10, 2021 10:30

Веќе подолго време се зборува за идејата околу „вакцинациски пасоши“ или „ковид пасоши“. Односно овој вид на пасоши не би биле баш пасоши туку дигитални идентитети и сертификати преку кои тие кои ги поседуваат би можеле да докажат дека се вакцинирани или пак дека неодамна имале негативен Ковид тест. За ова идеја се шпекулираше уште во декември, 2020та година кога неколку компании – меѓу кои и IBM — почнаа да креираат апликации кои би можеле да се корисистат за оваа цел. Поседувачите на овој „дигитален жолт картон“ кој би имал QR код кој тие би го имале на нивните паметни телефони потенцијално би можеле да патуваат без рестрикции, да посетуваат настани со многу луѓе и слични активности.

Но многу луѓе од различни страни на политичкиот спектрум се противат на оваа идеја. На пример, републиканскиот гувернер на Флорида Рон ДеСантис издаде извршна наредба со кои им забрани на бизнисите во Флорида да бараат било каков сертификат од страна на нивните клиенти и муштерии како доказ за вакцинација за да можат да добијат пристап до тие бизниси. ДеСантис смета дека Ковид пасошите би „ги намалиле индивидуалните слободи и би наштетиле на приватноста на луѓето како пациенти“. Друг пример за подесничарска или анти-ваксерка опозиција на ваквиот предлог е британска петиција до британскиот парламент со преку 300 000 потписи која се противи на ковид пасошите заради што „таквите пасоши може да се користат за ограничување на правата на луѓето кои одбиле вакцина против Ковид-19, што би било неприфатливо.“

Друга организација која има изразено скептичност околу вакцинациските пасоши се Обединетите Нации (ОН). „Во оваа фаза, не би сакале пасошите за вакцинација да бидат услов за влез или излез, бидејќи во оваа фаза не сме сигурни дека вакцината спречува пренесување на вирусот“, рече портпаролот на СЗО, д-р Маргарет Харис, непосредно пред Светскиот ден на здравјето на 7 Април 2021 година. Д-р Харис исто така изрази загриженост околу оваа идеја поради нееднаквата дистрибуција на вакцини и фактот што не сите имаат добиено шанса да се вакцинираат.

ACLU (American Civil Liberties Union, односно Американскиот Сојузот за Граѓански Слободи) има слични грижи како и ОН. Во текст објавен на веб страната на ACLU, политичкиот аналитичар Џеј Стенли објаснува дека вакцинацискиот пасош може да создаде многу проблеми околу приватноста на податоците на луѓето кои би биле практично приморани да станат дел од овој дигитален систем за да добијат пристап до одредени услуги. Односно ако не се донесат соодветни закони и регулации со кои би се загарантирале приватноста на овие податоци, тогаш истите би можеле да се продадат на компании и да се користат за комерцијални цели или дури да ѝ бидат дадени на полицијата.

Освен потенцијалните проблеми со заштитата на приватноста на податоците, Стенли смета овие вакцинациски пасоши исто така не би биле практични за дел од американската популација кои немаат паметни телефони како посиромашни луѓе или постарата популација – дури 40% од американците над 65 години немаат паметен телефон. Тој смета дека овие дигитални апликации исто така би биле огромен проблем за луѓе кои не можат да се вакцинираат од медицински причини или пак бидејќи не добиле пристап до вакцина. „Дали ќе може системот да разликува помеѓу овие луѓе и тие кои едноставно ја одбиле вакцината?“ прашува Стенли.

Стенли всушност е загрижен на сличен начин како и The Lancet, едно од најстарите рецензирани медицински списанија, каде го пишува следното: „[Вакцинациските пасоши] создаваат ризик да генерираат хиерархиски општества во кои вакцинираните лица би имале ексклузивни привилегии што би им биле одбиени на оние кои не ја примиле вакцината.“

Ќе видиме како ќе се одвива оваа дебата со поголемото користење на овие технологии, како на пример апликацијата Excelsior Pass развиена од IBM која веќе се тестира во државата Њу Јорк (САД). Но, за сега е јасно дека многу луѓе се противат околу оваа идеја и таа непопуларност можеби ќе доведе до минимално користење на вакцинациските пасоши.

 

Елена Гаговска

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.