Author: НОВА ТВ

Забраната за двжење од 00.00 часот до 04.00 часот денеска ја прекршиле 11 лица. Министерството за внатрешни  работи информира дека во тој период е констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење, а во  текот на изминатото деноноќие (10/21.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 349 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Read More

Поради намалениот број на пациенти, од денеска се затвораат сите ковид центри на Интерните клиники и во Комплексот Мајка Тереза, ковид позитивни пациенти ќе примаат само во Институтот за ТБЦ и Клиниката за инфективни болести, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани осум нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 142 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во последното деноноќие, како што соопшти Министерството, на Интерните клиники имало два приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало двајца примени пациенти и четворица…

Read More

Оперативниот лизинг е стандардна форма во целиот развиен свет во која одржуваш добар возен парк, кој овозможува сигурност, и секогаш е поевтин отколку да купиш возило и да го амортизираш и понатаму да не знаеш што да правиш  со железото кое ќе остане, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Правевме одредени анализи кои укажуваат дека товарот на евентуалното купување и одржување на возило е речиси двојно поголем отколку оперативен лизинг. Лично сум еден од корисниците на лизинг во изминатите 12 години, но има разлика кај физички и правни лица. Поволностите за правните лица се многу поголеми, се…

Read More

Бугарија е отворена за активен, отворен и целосен дијалог со Република Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев на прес-конференција по средбата со неговиот португалски колега Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји во Софија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стоев изјави дека очекува „соседите во регионот“ да работат во дух на искреност и конструктивност, нагласувајќи дека постои целосен континуитет во бугарската политика во однос на Северна Македонија и дека за Бугарија останува клучно да се одржат добрососедските односи и да се спроведува Договорот за добрососедство и пријателство…

Read More

Материјална штета на куќи и викендички, евакуирани села и населби, изгорени 4.000 хектари шума, остави зад себе пожарот кај Коринт во Грција, што сè уште не е целосно ставен под контрола, иако ситуацијата е подобра во споредба со вчера и во текот на ноќта, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарната служба цела ноќ се бореше со огнените јазици, а заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас утрово рече дека „во текот на ноќта имаше повеќе фронтови, исклучително опасни за пожарникарите“ . -Продолжуваме со титанските напори и сме воздржано оптимисти дека во текот на денот и со постепеното подобрување…

Read More

Димитриоска – Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски, која го советуваше Груевски да ја укине евтината тарифа, нема морален, политички ниту стручен кредибилитет да зборува за енергетика. Токму кога Кочовска работеше и го советуваше Мицкоски во ЕСМ, тогашно ЕЛЕМ направи рекордно скап увоз на струја од 200 евра за мегават час, 4 пати повеќе од денешните цени на пример. СДСМ ја врати евтината тарифа која ВМРО-ДПМНЕ им ја одзема на граѓаните и ги врати парите назад, кај граѓаните. Што се однесива до цената на струјата, ја носи независно тело и истата се определува само за домаќинставата, а не за индустријата. Сосема спротивно од лагите на Кочовска во последните 2 години цената на…

Read More

Генералното собрание на Обединетите нации почна вонредна седница по повод конфликтот меѓу Израел и Палестинците, што трае веќе повеќе од десет дена. Ова е прва сесија, со физичко присуство на амбасадорите во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот пред 14 месеци. На пленарната седница палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал-Малки, го обвини Израел за „геноцид врз палестинските семејства“ и ја повика меѓународната заедница да го заштити палестинскиот народ се додека не им биде загарантирана слободата. На вонредниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации за конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Read More

Македонскиот возач Ристо Вуков, кој настапува за тимот „GDL Racing“, втора сезона по ред ќе учествува на италијанскиот Порше Карера Куп. – Конкуренцијата е зголемена за 50%, што е навистина многу. Лани се натпреварувавме меѓу 22 и 25 возила, а за оваа сезона има пријавени 37 возачи! Од она што го знам, повеќето се подготвени да ја возат целата сезона, бидејќи лани поради пандемијата не учествувале, но има и многу нови таленти кои доаѓаат од светот на картингот. Нашата цел и лани беше да бидеме континуирано во „топ 10“, и успеавме во тоа, а се надеваме дека оваа година можеме…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден вети хуманитарна помош и реконструкција на уништените објекти во Газа, поздравувајќи го договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестински Хамас по 11-дневни борби. Бајден, кој се појави на прес-конференција во Белата куќа непосредно по објавувањето на примирјето, исто така вети дека ќе го зајакне израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“, и покрај забелешките на демократите за потенцијална продажба на оружје на Израел во вредност од 735 милиони американски долари. Бајден рече дека САД ќе соработуваат со Обединетите нации и другите големи меѓународни играчи за да обезбедат брза хуманитарна помош и обнова на уништените објекти. Американскиот претседател истакна…

Read More

На големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“, во Битола, вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Молитва по Достоевски“ што ја подготви Валентин Светозарев. Станува збор за колаж од избрани делови на дела од Достоевски, почнувајќи од првиот роман „Бедни луѓе“, опис на амбиент од избраните дела, како и еден настан во Катарга, Сибир, најави во пресрет на премиерата, Светозарев. – Нашата претстава почнува со денот кога треба да бидат стрелани членови на движењето Петрашевци, но тие се помилувани со прогонство во Сибир. Во нашата приказна сите се на едно место Катарга, каде им дозволуваат да направат еден концерт. Тоа што публиката ќе го гледа е тој концерт, истакна Светозарев. Во претстава „Молитва по Достоевски“…

Read More

Примирјето меѓу Израел и палестински Хамас во појасот Газа стапи во сила рано утрово во 2.00 часот по локално време. Со тоа заврши единаесетдневниот вооружен судир во кој беа убиени повеќе од 240 лица, од кои повеќето во Газа, јави Би-Би-Си. Палестинците излегоа на улиците во Газа непосредно по почетокот на примирјето, додека Хамас предупреди дека „прстите им се сè уште на чкрапалото“. И Израел и Хамас прогласија победа. За прекинот на огнот се огласи и американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека тоа е „одлична можност“ за напредок. Израел вчера нападна објекти на Хамас во северна Газа повеќе од 100 пати,…

Read More

Компанијата за собирање и управување со амбалажен отпад Пакомак, во соработка со Шпаркасе банка, а во организација на Балкан Еко Институт, организира конкурс за избор на најеколошка општина за 2020 година. Пријавувањето за конкурсот е веќе започнато, а општините можат да ја испратат нивната апликација на веб страната на Пакомак. Право на учество во конкурсот за најеколошка општина имаат сите општини во земјава (урбани и рурални) кои ќе ја приложат еколошко-општествена работа реализирана во текот на изминатата 2020 година. Општините што сакаат да ја понесат титулата Најеколошка општина можат да се пријават со пополнување на апликацијата која e објавена на…

Read More