Author: НОВА ТВ

Објавена е програмата за Skopje Pride Weekend 2021: Овогодишниот фестивал се фокусира на Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти. Неговата цел е критички да ги истражи нормативните претпоставки за пријателство, љубовта и емоциите врамени во хегемонската хетеронормативност и машките политички морфологии, како и нивните импликации за нашите социо-политички имагинации, особено прашањата поврзани со мислењето, дистрибуцијата и втемелувањата на заедничкото и заедничките добра. Дел од фестивалот ќе бидат: FRANKO B, Nao Bustamante & Marcus Kuiland-Nazario, STEAM ROOM, Claudia Palazzo, Joshua Hubbard, Elijah Harris, Tōkyō de Ville, Jelisaveta Blagojević, Darko Aleksovski and Zorica Zafirovska, Vera Vendetta. Куратор на фестивалот е…

Read More

Press 24 известува за големо невреме во Србија. Тие го пишуваат следното: Силно невреме проследено со дожд и голема невреме со град ја погоди Србија, а според мештаните на неколку села на територијата на општина Горњи Милановац, најголема штета претрпеле земјоделските култури. Невремето траело 20 минути, а во некои делови е формирана прекривка од десетина  сантиметри град. Најголема штета е предизвикана во делови од Драгољско брдо. Најмногу страдаа сливите, малините, пченицата и детелината, изјави Никола Јакимовиќ, претседател на МЗ Драгољ, за РИНА. Силно невреме е забележано и во Топола. Најголема штета е предизвикана во неколку села. “Градот беше со големина…

Read More

ТВ21 известува за новите случувања околу случајот за Сашо Мијалков: Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков останува во притвор. Ова следува откако Кривичниот суд донесе одлука да ја одбие понудената гаранција во вредност од речиси 11 милиони евра. „Во предметот со КОК бр. 60/17, од обвинителството означен како „Трезор“, за укинување на мерката притвор и определување гаранција, ја информирам јавноста дека: Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, за уважување на предлогот за укинување на мерката притвор со замена – гаранција, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива како…

Read More

Канал 5 известува дека почина момчето кое беше рането во пукањето во Бутел пред неколку дена и претходно беше во критична состојба. Тие го пишуваат следното: Претходно во престрелката во Бутел беше убиен Камер Идризи, кон кого, според МВР, од повеќе лица со калашникови биле испукани над 80 куршуми. Заедно со Идризи беше и починатиот 24-годишниот скопјанец и негов роднина од Скопје, кој го возел автомобилот. Од МВР тогаш информираа дека на паркинг на подрачјето на Чаир каде што било паркирано патничко возило „волксфаген голф 7“ со скопски регистарски ознаки во кое бил 24 годишниот возач од Скопје и неговиот…

Read More

Премиерот Зоран Заев е уверен дека Европа го чувствува проблемот и обврската дека конечно мора да направи исчекор и оти Северна Македонија, која чека 16 години, има над дваесетина вета, а е на врвот со извршување на реформите, треба да ги почне преговорите и треба да се одржи првата меѓувладина конференција. Сепак, тој нагласува дека очекувањата не треба да се преголеми, за земјата да не доживее разочарување, со оглед на блокадата од бугарска страна. ЕУ земјите сметаат дека проширувањето на Унијата не смее да запре. Северна Македонија, вели германската амбасадорка Анке Холштајн, одамна ги исполнила потребните услови. Вметнувањето нови услови…

Read More

СТАР, првиот колектив на сексуални работници во Балканот, вчера објавија дека се случила првата вечера со високи претставници од државните институции. Од СТАР го пишуваат следното: За прв пат во историјата на Република Северна Македонија, вчера на 18.05.2021 година, овозможивме услови и ја организиравме првата работна ПОП-АП вечера, на иста маса, помеѓу сексуални работници и високи претставници на државни институции, кои имаат надлежности на делување во областа на подобрување на состојбата на човековите права, третманот на сексуалните работници и декриминализација на сексуалната работа во нашата земја. На вечерата присуствуваа од една страна Борче Божинов – Претседател на СТАР – Првиот…

Read More

Бројот на новозаболени се намалува, намален број има регистрирано и кај приемите на болни во болниците, но имаме зголемен интерес за вакцинација и мерки кои остануваат да важат до 1 јуни. За ослободување од маските е рано, но може да се очекува организирање свадби и прослави во угостителските објекти само на отворено со протоколи, како и патувања во странство со најавата за издавање ковид пасоши од следната недела. -Бројот на новодијагностицирани случаи со коронавирусот навистина е мал и тоа се чувствува по притисокот во болниците. Огромен број на ковид-центри се вратени во нормална работа, целата хируршка клиника, добар дел од…

Read More

Во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи инаугуративен состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика. На состанокот, како што информираат од МНР, воведно обраќање ќе има министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој ќе ги претстави целите на воспостувањето на ова советодавно, експертско тело во рамки на стратешкиот проект на МНР – Рефлексија 2030. -Рефлексија 2030 предвидува активен и широк општествен консултативен процес што се темели врз три основни столба: формирање Стратешки совет на МНР, одржување на ад хок тематски конференции и серија панели со интересни групи со цел зајакнување на линкот со јавноста…

Read More

Откако во пролетта 2020 година се најде во епицентарот на пандмеијата и потоа со месеци покажуваше крајна внимателност кон коронавирусот, Њујорк денеска укина голем број од наметнатите ограничувања за спречување на ширењето на заразата. Напредокот на вакцинацијата, со повеќе од 60 проценти од жителите на Њујорк кои ја примиле барем првата доза од вакцината, и падот на стапката на позитивни на Ковид-19, што сега изнесува помалку од 1,5 процент, ги натера големите банки како „Џи-Пи Морган Чејс“ или „Голдман Сакс“ да почнат да ги враќаат работници кои работеа од дома, на работа во компаниите. Вакцинираните веќе не мора да носат…

Read More

Високо позицонираниот претставник на Хамас, Муса Абу Марзук, денеска изјави дека за неколку дена може да дојде до прекин на огнот меѓу Израел и палестинските вооружени групи во Појасот Газа, иако судирите влегоа во 11-от ден, а во најновиот израелски напад се повредени четири лица. -Верувам дека тековните напори за прекин на огнот ќе вродат со плод (…). Очекувам заеднички договор за прекин на огнот да биде постигнат во рок од еден ден или два, изјави политичкиот претставник на Хамас, Абу Марзук, за либанската ТВ ал-Мајадин. Белата куќа вчера соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден го замолил израелскиот премиер Бенјамин…

Read More

Постапувајќи во предметот за набавка на софтвер и работи за потребите на софтверот, за што  осомничени се поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, првиот човек на фирмата-добавувач Даниел Станчев и уште две лица, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе нова Наредба за спроведување истражна постапка против три лица. Како што соопштува ЈО, првоосомничениот се товари дека во периодот од 2017-2019 година при спроведување на постапка за јавна набавка потпомогнат од останатите двајца осомничени ја злоупотребил службената положба и овластување. Исто така, првоосомничениот со умисла помогнат од второосомничениот во периодот од 2019 – 2021 година…

Read More

Локдаун рестриктивните мерки се намалуваат низ побогатите земји. Во Франција ќе се отворат продавниците, баровите и културолошките простори. Исто така најавено е дека од среда во Франција на групи до шест лица им е дозволено да јадат заедно на тераси на отворено ресторани. Австрија, пак, дозволи ресторани, кина и театри да се отворат за прв пат по шест месеци. Д-р Рошел Валенски, директорката на центар за контрола на болести во САД, стои зад својата одлука да се дозволи на целосно вакцинирани луѓе да не носат маски. Според The New York Times 124.5 милиони луѓе се веќе целосно вакцинирани во САД.…

Read More