Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
САД соопштија дека ограничуваат патувања од осум јужноафрикански земји поради стравувањата од нова варијанта на Ковид-19 откриена во Јужна Африка. Патувањата ќе бидат главно забранети почнувајќи од понеделник од Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Есватини, Мозамбик и Малави, изјави висок функционер во администрацијата на претседателот Џо Бајден. Само американските граѓани и постојаните жители се уште ќе можат да патуваат од осумте земји, додаде официјалниот претставник. „Потегот е спроведен поради претпазливост од новата варијанта на Ковид-19 што циркулира во Јужна Африка“, рече официјалниот претставник. Министерот за здравство на Канада Жан-Ив Дуклос соопшти дека државата ограничува патувања од седум земји во…
Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Видеоматеријалот можете да го погледнете од преносот во живо:
Шефот на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, сподели дека во изгорениот автобусот на „Беса Транс“ имало пластични канти наменети за гориво, но тие биле празни. – Неспорно е дека имаше пластични канти наменети за гориво, но тие беа празни и не беа засегнати од пожарот, рече републичкиот обвинител Јовески во гостување на ТВ21. На прашањето каде се наоѓале тие канти, Јовески рече дека кога тој пристигнал тие биле покрај возилото. – Истражителите ми објаснија дека тие се наоѓале во еден простор, кој што во моторот на автобусот, под тој простор се наоѓа акумулаторот и над него биле сместени овие празни канти,…
Бугарската брза помош, која ги пренела седумтемина повредени патници кои успеааја да се спасат од автобусот што изгоре на автопатот „Струма“, сподели видео видео направено само десет минути по повикот, пренесе бугарската телевизија БНТ. – Првото нешто што го видовме беше пожар на патот. Не знаевме што е. Тогаш го видовме запалениот автобус. Беше многу топло, поминав покрај него. Прозорците ми беа отворени, се плашев да не експлодираме додека поминуваме, вели возачот на брзата помош, Павел Музиски. Минута подоцна, пристигнале уште две амбулантни возила. Патникот кој успеал да го искрши прозорецот последен бил пренесен во болница. – За време на…
Владата на денешната 121 седница, даде согласност на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) да го активира со работа ТЕЦ „Неготино“ за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза. – Владата даде согласност да се склучи договор за деловно-техничка соработка меѓу АД „ЕСМ“ и АД ТЕЦ „Неготино” за набавка на мазут и за производство на електрична енергија, во периодот декември 2021 – април 2022, со можност за понатамошна соработка доколку за тоа има потреба. Според овој договор, кој ќе ги регулира правата и обврските на двете страни, АД „ЕСМ“ ќе ја набави потребната количина мазут за функционирање…
Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 121 седница темелно и сеопфатно ги разгледа предложените мерки и препораки на Комисијата за заразни болести за интензивирање на КОВИД-19 вакцинацијата и за зголемување на бројот на вакцинирани граѓани во Северна Македонија. Владата побара од Комисијата за заразни болсти да направи дополнителни анализи и студии, како и дополнителни мерки за поттик за масовна вакцинација. – Во очекување на дополнителните анализи, Владата ги задолжи ресорните министерства и инспекциски служби да ги вложат сите капацитети и да ги зајакнат примената и контролата на спроведувањето на сите активни мерки за заштита од КОВИД-19, а особено…
Владата на седница ја разгледа информацијата за планот за пренесување на повредените лица и на телата на починатите во сообраќајната несреќата во Бугарија за што е формирана работна група предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во која уште членуваат министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче, соопштија од Владата. Владата даде задолженија на три министерства. Министерството за здравство треба да обезбеди соодветни амбулантни возила за повредените лица и целосно да ги покрие финансиските потреби за нивниот транспорт во земјата, како и да обезбеди…
Владата формираше тим кој ќе има задача да го организира превозот на жртвите од автобуската несреќа од Бугарија во државата на еден достоинствен начин, информира вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Дневникот на МРТ 1. – Клучно за идентификација на телата е обезбедувањето на биолошкиот материјал од страна на роднините на починатите. Тоа е веќе обезбедено за да можат да продолжат со активности. Според проценките на експертите од Северна Македонија и Бугарија, кои што работат во судска медицина се очекува за седум дена да се заврши целосната идентификација. Нашите институциите се во постојана комуникација. МВР има посебен штаб.…
Веднаш по денешната прес – конференција на бугарските органи на истрагата во врска со сообраќајната несреќа што се случи завчера на автопатот „Струма“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листи на патници кои со автобуси на „Беса Транс“ ја напуштиле Република Северна Македонија на 18.11.2021 година и листи на патници кои влегле во државава на 22.11.2021 година, соопштија од Јавното обвинителство. Обезбедувањето на листите од граничните премини е за да се направи споредба на патниците, по изјавата на обвинителот Сарафов дека недостасува еден патник од запалениот автобус.…
Во интервјуата за хрватската РТЛ и црногорската РТЦГ истакнав дека за утрешниот ден бугарските истражни органи најавија обраќање со првични резултати од истрагата за автобуската несреќа, објави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук – профил. – Врз основа на резултатите од истрагата ќе постапиме, гарантирам дека органите ќе реагираат брзо и ефикасно. Идентификацијата на загинатите е започната, а на истата работат заеднички тимови од институтите за судска медицина од Република Северна Македонија и Република Бугарија, при што македонската страна учествува во обезбедување на ДНК материјал од роднините на загинатите, објави Спасовски. Според најавите на бугарските власти,…
Во последната година се извршени четири вонредни инспекциски надзори на граничниот премин „Деве Баир“ каде „Беса транс“ вршела слободен меѓународен превоз на патници и притоа се утврдени неправилнсти во однос на непочитување на Протоколот за јавен превоз на патнции и фирмата е соодветно санкционирана, но не се утврдени и пропусти во однос на документацијата и потребните лиценци, вели директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини. Тој е сигурен и дека автобусот бил регистриран, но, како што вели во изјава за телевизија Телма, немал извод од лиценца. -При надзор, инспекторите ја прегледуваат комплетната документација, лиценца, извод од лиценца, сертификат за…
Туристичката агенција „Беса транс“-Скопје на својот фејсбук-профил објави дека нивниот автобус кој изгоре во сообраќајната несреќа не шверцувал бензин или пиротехника и апелира до медиумите да не се шират шпекулации што ќе ѝ наштетат на истрагата. -Како агенција ги информираме семејствата на починатите и повредените во трагедијата дека автобусот во никој случај немал багаж за шверц на нафта, бензин или пиротехнички средства. Сите овие шпекулации се злонамерни. Вкупниот капацитет на автобусот беше 450-500 литри нафта за самиот автобус, а во никој случај немаше резерва за шверцерски цели. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ги користат овие дезинформации, објави Агенцијата…