Author: НОВА ТВ

Шефот на британската дипломатија, Доминик Раб, предупреди дека со сегашното темпо на вакцинација, светот ќе се вакцинира против Ковид-19 дури до 2024 година. Министерот ги повика другите земји да и се придружат на Велика Британија во донирањето вакцини за сиромашните нации. Раб се надева дека земјата ќе биде следена и од други земји, откако Велика Британија почна со дистрибуцијата на првото количество од 100 милиони вакцини што планира да ги отстапи, пишуваат британските медиуми. – Знаеме дека со сегашното темпо светот ќе се вакцинира дури во 2024 година. Сакаме овој датум да го поместиме до средината на следната година и…

Read More

Норвешка вторпат го одложи планираниот завршен чекор за повторно ослободување на економијата од блокадата, поради забрзаното ширење на делта сојот на Ковид-19, соопшти Владата во Осло. Владата во април започна план во четири чекори и постепено ги отстрани повеќето ограничувања поради пандемијата на коронавирусот, а првите три чекори завршија до средината на јуни, пишува Гардијан. Норвешкиот министер за здравство Бент Хајен изјави дека новата проценка ќе биде направена кон средината на август и ќе бидат преземени мерки кои вклучуваат ограничувања на движењето и работата во угостителските објекти. Премиерката Ерна Солберг минатиот месец истакна дека четвртиот чекор може да се случи…

Read More

Во полседните 24 часа се регистрирани 47 нови случаи на Ковид – 19, од направени 3.593 тестирања, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Скопје – 19, Тетово – 11, Куманово – 6, Битола – 3, Прилеп, Струмица и  Валандово – по 2, Велес и Гостивар по – 1. Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 5, Куманово и Струмица – по 1. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство. Досега во земјата се направени вкупно 963.049 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.171 бројката на…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски очекува да се почитува препораката на ОБСЕ/ОДИХР непосредно пред избори да нема менување на изборните правила. Тоа го наведуваат од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски на прашањето поврзано со најавените измени на Изборниот законик. – Доколку сепак во овој педиод се оди со измени, став на претседателот е, тоа да биде со поширок политички и општествен консензус постигнат, не само меѓу власта и опозицијата, туку и со релевантните организации од граѓанскиот сектор. Во врска со најавениот Предлог за измена и дополнување на Изборниот законик, во делот кој би пропишал независните советнички групи да треба да…

Read More

Привремената бугарска Влада денеска одлучи да го продолжи рокот на вонредната епидемиолошка состојба во земјата, од 1 до 31 август 2021 година. Бугарија се наоѓа на седмото место во светот според смртност од Ковид – 19 и е 67-ма по 14-дневна смртност. Во возрасната класификација на случаите меѓу населението се забележива намалување на инциденцата во сите групи, иако во последните неколку дена има зголемување на 14-дневната инциденца кај лица под 39 години и постарите од 90 години. Како што објавија бугарските власти, до 18 јули во земјата со прва доза на вакцина против Ковид-19 биле покриени само 18,1 отсто од…

Read More

Владата на денешната тематска седница за третата група договори од пренаменети средства од Договорот со ТАВ, го разгледа и одобри пакетот договори за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни за финансиска поддршка финансирање на инфраструктурни проекти на општините од програмата ТАВ, информира владината Прес-служба. – Третиот пакет опфаќа 34 општини на кои им се одобрени проектите со кои тие аплицираа за оваа програма и со кои се опфатени изведби на инфраструктурни зафати од непосреден интерес на граѓаните од опфатените општини со овој пакет и со нив се заокружува реализацијата на програмата ТАВ, се наведува во соопштението. На…

Read More

Половина од Французите примиле две дози од вакцините „Модерна“, „АстраЗенека“ или „Фајзер“, една доза доколку биле позитивни на Ковид-19 или една доза на вакцината „Јансен“, јави дописникот на МИА од Париз. Повеќе од половина од Французите (50,5 отсто од вкупното население) сега се целосно вакцинирани против Ковид-19, соопшти Генералниот директорат за здравство. „Од почетокот на кампањата за вакцинација во Франција, 40.719.515 лица примиле барем една инјекција (т.е. 60,4 отсто од вкупната популација) и 34.026.476 луѓе сега имаат комплетна шема за вакцинација (т.е. 50,5 отсто од вкупната популација), се наведува во соопштението за напредокот на вакцинацијата. Прагот од 40 милиони Французи…

Read More

Иницијативата „Зелен хуман град“ од претседателот на државата, Стево Пендаровски, бараат да не стави потпис на најавените измени во Изборниот законик. Според нив, тие се косат со Уставот и со законите. Изборните измени се груба манипулација од страна на големите политички партии. Со воведувањето минимален праг од 2% од запишаните избирачи за независните листи да добијат право да се кандидираат на претстојните локални избори, големите партии вршат манипулација и се обидуваат да го попречат излегувањето на престојните локалните избори на независни кандидати, а со самото тоа се зголемуваат бирократските пречки на процесот. Ваков став граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ во…

Read More

Повредените во сообраќајната несреќа кај Славонски Брод вечерва ќе пристигнат со авион во Косово, соопшти Владата на Косово. Во соопштението се наведува дека тие ќе пристигнат на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ околу 22 часот. Исто така, се посочува дека Министерството за надворешни работи на Косово е во постојан контакт со семејствата на жртвите и дека утре телата на осум од 10 жртви ќе бидат пренесени на Косово. – Владата на Косово, со сите свои институции и капацитети, работи напорно за да обезбеди соодветна грижа и третман на нашите сонародници повредени во Хрватска. Косовските институции, во координација со хрватските институции, организираа…

Read More

Долго време како општество тапкавме во место, многу млади својата иднина ја побараа надвор од државата и си заминаа од неа, затоа што тука немаа опции, затоа ние како партија реаѓиравме да ги вклучиме младите во сите процеси, во сите реформи и затоа денеска со младите заедно креираме квалитетни развојни политики, затоа што ние не веруваме во наметнати решенија, порача вечерва потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината „Млади за вакцинација“ во организација на СДММ. Филипче се заблагодари на беспоштедната борба против коронавирусот на целиот здравствен персонал и ги повика младите да се вакцинираат но и да дадат свој придонес…

Read More

Познатата златарница „Шоме“ во Париз попладнево околу 17 часот е ограбена од страна на разбојник, кој одзел накит и скапоцени камења во вредност од два до три милиони евра, јави дописникот на МИА од Париз. Златарницата „Шоме“ се наоѓа во близина на Елисејските полиња во Париз. Како што објави весникот „Паризиен“, разбојникот, кој дошол со скутер, влегол во познатата златарница околу 17 часот со пиштол и одзел накит и скапоцени камења, без насилство.

Read More

Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед официјално соопшти вечерва дека ги договорил сите детали околу трансфер на дефанзивецот Рафаел Варан од Реал Мадрид. Во клупското соопштение се наведува дека договорот ќе биде потпишан веднаш штом францускиот дефанзивец ги помине неопходните медицински прегледи. Англиските медиуми јавија дека вредноста на трансферот изнесува 41 милиони фунти, плус дополнителни бонуси. – Манчестер јунајтед со воодушевување може да објави дека клубот постигна договор со Реал Мадрид за трансфер на францускиот репрезентативец и освојувач на титулата светски првак, Рафаел Варан, соопшти англискиот премиерлигаш. Варан ќе биде второто големо засилување во редовите на Јунајтед за новата сезона, по…

Read More