Author: НОВА ТВ

Избраната конгресна Комисија за упадот во американскиот Капитол на 6 јануари ги почна првите сослушувања. За денеска закажани се сведочења на четворица полицајци, двајца од полицијата на Капитолот, двајца од полицијата на дистриктот Колумбија. Сите четворица службени лица биле во служба на 6 јануари и моментално сведочат за физичките и вербалните напади што ги доживеале тој ден. Во наредните денови се очекува да се обелоденат досега неемитувани снимки од нападот на Капитолот на приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп Претседателот на комисијата. Бени Томпсон, демократ од Мисисипи, во емотивно воведно излагање зборуваше за загрозената демократија на САД и ги критикуваше…

Read More

Саудиска Арабија ќе воведе тригодишна забрана за патување за граѓаните кои ги кршат прописите, патувајќи во земјите од „црвената листа“, поради напорите да се спречи ширењето на коронавирусот и неговите нови видови, објави денеска државната новинска агенција. Агенцијата цитираше неименуван службеник во Министерството за внатрешни работи дека некои државјани на Саудиска Арабија, на кои во мај им било дозволено да патуваат во странство, без претходна дозвола од властите првпат од март 2020 година, ги прекршиле регулативите за патување. – За секој што ќе се докаже дека ги прекршил регулативите за патување, ќе подлежи на законска одговорност и големи казни по…

Read More

Токио денеска го пријавија својот најголем број заразени со коронавирус во текот на едно деноноќие – рекордни 2.848 случаи од почетокот на пандемијата. Бројката е регистрирана само неколку денови откако јапонската престолнина на 23 јули и официјално стана домаќин на Летните олимписки игри. Претходниот рекорд според бројот на новорегистрирани случаи на коронавирус во Токио изнесуваше 2.520, колку што беа регистрирани на 7 јануари. Во Токио на сила се вонредни епидемиолошки мерки додека траат Олимписките игри, Олимпијадата се одржува без присуство на гледачи, а огромен процент од јапонското население се противеа Токио да биде домаќин на најголемата спортска манифестација.

Read More

Спасувачка акција на Шар Планина со среќен крај. Во Регионалниот центар за управување со кризи во Тетово во 18.30 часот пристигнал повик од чешки планинар кој бил на Шар Планина во реонот на месноста Лешница. Тој ги алармирал службите дека има изгувена група планинари на Шара. Од Центарот за управување со кризи информираат дека по повикот, Регионалниот центар за управување со кризи организирал и координирал акција за спасување на еден повреден планинар и за пронаоѓање на целата група од 7 планинари дојдени од Чешка, изгубени во планината. Групата планинари била најдена два часа подоца, во 20.25 часот, а повредениот планинар имал…

Read More

Денеска караванот ,,Млади локално заедно” беше со младите од ЛК СДММ Куманово од каде произлегоа доста предлози и идеи од младите луѓе во овој град, а се направи и осврт на она што досега е сработено и се дадоа најави за плановите за периодот што следи, информираат од СДСМ кои беа во Куманово за да ги слушнат забелешки, идеи, предлози и за креирање заеднички решенија за проблемите со кои се соочуваат кумановчани. – Куманово најдобро го познавате вие како граѓани на овој град и затоа од круцијална важност е она што вие мислите: во кој правец би требало да функционираат…

Read More

Нервозната одбрана на ВМРО-ДПМНЕ на лицата кои денеска беа осудени како организатори на упадот од крвавиот четврток само потврдува дека во  оваа партија нема никаква промена, дека таму се уште е силно присутна режимско насилничката матрица. 27 април, крвавиот настан на кој учествуваше и самиот Христијан Мицкоски е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, кога по налог на Никола Груевски толпа насилници се обидоа да убијат пратеници и новинари и да спречат трансформација на власта. Вака реагираа од СДСМ, по изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. – Со денешните пресуди се затвора најсрамното поглавје во историјата на независноста.…

Read More

Чешката влада денеска донесе одлука да испрати како подарок 2,39 милиони вакцини против Ковид-19 на 12 земји, вклучувајќи ги и Северна Македонија, Босна и Херцеговина и некои земји во Африка и Азија, меѓу кои и Тајван. Донацијата се заснова на договорот на лидерите на земјите-членки на Европската унија да испорачаат 100 милиони дози вакцини на трети земји. – Земјите-членки можат да утврдат приоритетни земји во европскиот подарок, на кои сакаат да им испратат вакцини од нивната квота, изјави денеска чешкиот министер за здравство Адам Војтех, додавајќи дека 250.000 дози вакцини за Виетнам и 30.000 за Тајван не се од европскиот…

Read More

Американскиот претседател, Џо Бајден, се надева неделава Конгресот да започне со разгледување на предложениот пакет мерки за обнова на инфраструктурата во висина од 1.2 трилиони долари, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Овој пакет е прв од двата предложени од Администрацијата. Вториот пакет мерки е во висина од 3.5 трилиони долари, а се однесува на сеопфатна трансформација на инфраструктурата и пазарот на трудот во согласност со новите трендови на обновливи извори на енергија и запирање на климатските промени. Има првичен договор со републиканските претставници од Конгресот, како Мич Мекконел, кој дава одобрување за пакетот, и формалната процедура да се постави…

Read More

Денешната одлука на судот е темпирана и планирана прeсуда која има за цел да создава страв кај политичките непријатели на Зоран Заев и целосно ја руши демократијата во државата. Дополнително, додека политичките непријатели се казнуваат со неосновани пресуди, како што е случајот денес, власта на Заев ја дефокусира јавноста од сопствените криминали и корупција во која до гуша се заглавени функционерите на СДСМ и ДУИ. Вака денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски ја искоментира пресдата за случајот „Организатои на 27 април“ откако скопскиот Кривичен суд досуди вкупно 25 години затвот на поранешнипт собраниски спикер Трајко Вељаноски, екс-министрите Миле Јанакиески и…

Read More

Велика Британија забележа најмал број дневни случаи на Ковид-19 од 4 јули и се смета дека неодамнешниот пораст на нови случаи предизвикани од ширењето на новиот Делта сој го поминал својот врв. Бројот на новоинфицирани паѓа шести ден по ред. Во неделата имало 29.173 случаи, а денеска 24.950 случаи. Вкупниот број новоинфицирани во текот на изминатата недела е за петтина помалку од претходната недела. Британската влада процени дека ризикот од смрт или хоспитализација е низок поради високата стапка на вакцинација што штити од развој на потешки форми на Ковид-19. Сепак, многу вработени сè уште отсуствуваат од работа затоа што мора…

Read More

Шеталиштето на кејот „13 Ноември“ никогаш не било поубаво, похумано и толку достапно, ниту повеќе полно со луѓе, граѓани, скопјани, кои што сега конечно можат да уживаат во широчината на овие простори, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, при промоцијата на новиот реконструиран кеј. Како што информираше Шилегов, реконструкцијата на кејот опфати 12.500 метри квадратни уредување на целокупната површина која што е концептуално поврзана со објектите кои што гравитираат по кејот, или таканаречените скопски кафичи на кеј. – Во оваа насока беше изведено целосно ново приклуклучување, целосно нова и за прв пат интегрална патека за лица со инвалидитет.…

Read More

Најмалку 57 лица денеска се удавија во Средоземно море откако нивниот брод се преврте крај крајбрежниот либиски град Кумс, соопшти Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ), јави ДПА. „Рибарите и крајбрежната стража донесоа неколкумина преживеани на брегот од Либија“, напиша портпаролката на ИОМ, Сафа Мшехли, на Твитер, без да прецизира колку луѓе биле спасени. Преживеаните изјавиле дека најмалку 20 жени и две деца се меѓу оние кои се удавија, додаде Мшехли. Денешната трагедија се случува на помалку од една недела откако околу 20 мигранти се удавија во Средоземното море, додека 500 беа пресретнати и вратени во Либија. Во првата…

Read More