Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Шпанскиот Уставен суд денеска пресуди дека минатогодишната владина наредба за „заклучување“ за време на вонредната состојба е неуставна. Пресуда е одговор на тужбата на екстремно десничарската партија Вокс. Судот во кратко соопштение нагласи дека одлуката не е донесена едногласно, а државната телевизија ТВЕ објави дека шест судии гласале „за“, а петмина биле „против“. Во пресудата се вели дека ограничувањето на движењето ги крши основните права на граѓаните и фактот дека одлуката била на сила за време на вонредната состојба не е доволна за да се прогласи за уставна. Поради пандемијата, шпанската влада прогласи вонредна состојба на 14 март 2020 година,…
На подрачјето на СВР Тетово, денеска во периодот од 8 до 12 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Во акцијата санкционирани се 64 возачи, од кои 53 на територија на Тетово, а 11 на територија на Гостивар. 26 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР додадоа дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. – Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила…
Велешкото обвинителство отвори истражна постапка против 19 – годишник од Штип за кривичното дело – убиство во обид при вршење на семејно насилство. Како што информираат од обвинителство, тој во текот на вчерашниот ден дошол во Велес заедно со својата вонбрачна сопруга во куќа во која живеел под кирија. Помеѓу нив настанала вербална расправија, при што осомничениот со нож на преклопување ја прободел девојката три пати во десната страна на слабината, десното колено и левата потколеница, нанесувајќи и на тој начин телесни повреди, по што заминал од куќата. Велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе…
Шпанскиот фудбалски гигант Барселона и нејзиниот 34-годишен капитен Лионел Меси ги усогласија условите околу нов петгодишен договор што треба да биде потпишан до крајот на јули, а превидува Аргентинецот да заработува двојно помалку отколку до сега, јавија денеска шпанските медиуми. Истите извори наведуваат дека со тоа и дефинитивно е ставен крај на сите шпекулации за можно заминување на Меси од екипата на Барселона на која фудбалерот и се приклучи на 13-годишна возраст. Својата добра волја и разбирањето на тешката финансиска состојба во која се наоѓа неговиот клуб, Меси ја покажа со тоа што се согласи на двојно пониска плата во…
Поинтензивна соработка во изградбата на железничкиот Коридор 8 најавуваат управителите на железничката инфаструктура од Северна Македонија, Бугарија и од Албанија, кои денеска во Софија одржаа трилатарален состанок и потпишаа протокол за соработка. На средбата меѓу директорот на ЈП за железничка инфратсруктура Хари Локвенец и неговите колеги од Бугарија, Красимир Папукчијски, и од Албанија, Ани Дурмиши, се разговарало за приоретизација и активности поврзани со изградбата на железничкиот Коридор 8. – Дискусијата резултираше со потпишување на Трилатерален протокол за соработка со цел поинтензивна посветеност и соработка меѓу трите управители на железничка инфраструктура, информира Локвенец. Тој претходно изјави дека се создадени сите предуслови…
До крајот на август, околу 90 проценти од сите нови случаи на коронавирусот во ЕУ ќе бидат од сојот Делта. Ова беше објавено денеска во заедничката изјава на Европската агенција за лекови и Европскиот центар за превенција и контрола на болести. „Варијантата Делта е загрижувачка бидејќи таа брзо се шири низ цела Европа и може да стане сериозна пречка за напорите да се стави пандемијата под контрола“, се вели во документот. Во него се наведува дека според достапните податоци, оваа варијанта на вирусот е 40-60 проценти позаразна од варијантата „Алфа“, а има и поголем ризик од хоспитализација.
СДСМ вечерва објави 30 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. На првиот спосок се најдоа и актуелни градоначалници, како што се градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, меѓу другите и градоначалниците на Штип, Охрид и Дојран, Сашко Николов, Константин Георгиевски и Анго Ангов. Претседателот на партијата Зоран Заев изјави дека ваквата одлука е донесена врз база на направените анкети со граѓаните, дел теренски, дел телефонски. Заев најави дека во август ќе ги објават сите кандидати, дел на почетокот, дел од крајот на месецот. – Пресудни за одлуките беа анкетите од граѓаните за овие 30…
Франција ги повика своите државјани да го напуштат Авганистан поради „развојот на безбедносната состојба во таа земја“, соопшти денеска Амбасадата во Кабул. – Француската Влада ќе организира специјален лет утрото на 17 јули, со поаѓање од Кабул, така што целата француска заедница ќе може да се врати во Франција, соопштија од амбасадата, додавајќи дека тоа ќе биде единствениот лет, бидејќи нема да биде изнајмен дополнителен авион, извести Абасадата на Франција во Кабул. Амбасадата им порача на Французите кои планираат да останат во Авганистан по 17 јули дека по тој датум повеќе нема да може да им обезбеди безбедно заминување. Во…
Италијанската Влада денеска им забрани на крузерите да пловат низ Венеција, изјави министерот за култура Дарио Франческини, додавајќи дека ова е „историски ден“. Министерот потврди дека од следниот месец бродовите ќе бидат пренасочени кон блиското индустриско пристаниште Маргера. – Нема да помине многу време кога овој ден ќе се нарече историски, бидејќи по долго чекање од 1 август, големите бродови повеќе нема да минуваат покрај „Свети Марко“ или да пловат низ Големиот канал, изјави министерот. Франческини додаде дека на бродовите ќе им се исплати компензација поради забраната и ќе им се помогне околу трошоците за привремено закотвување во Маргера.
Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков денеска поднесе оставка без да даде образложение. Аваков беше министер од 2014 година. За време на неговиот мандат имало многу приговори за бруталноста на полицијата. Протести против Аваков често беа организирани во Киев, иако тој негираше вмешаност во какви било незаконски акти. Неговата оставка мора да биде одобрена од Парламентот, што може да се случи в четврток, пишува Блумберг. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на местото на Аваков за нов министер го назначи Денис Монастирски, член на својата партија.
Високата стапка на смртност од последиците на Ковид-19 потврдија Велика Британија и Русија. Здравствените експерти предупредуваат дека луѓето не треба да се опуштат, иако коронавирусот се чини дека е потиснат, а нивните стравови се поткрепени со зголемувањето на бројот на нови инфекции и смртни случаи во неколку земји во светот. Велика Британија денеска соопшти дека уште 50 лица починале од Ковид-19, што е најголем број смртни случаи од оваа болест од април. Додека Владата во Лондон се подготвува да ги укине речиси сите мерки на 19 јули, уште 36.660 нови случаи на зараза со коронавирус се регистрирани денеска, покажуваат официјалните…
Министерката за труд Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, по седницата на Кризниот штаб, чиј член е, изјави дека во Србија има мало зголемување на бројот на заболени, но дека ситуацијата сепак и понатаму е стабилна, јави дописникот на МИА од Белград. – Кога станува збор за хоспитализирани пациенти последните месеци, над 99 отсто од нив не биле вакцинирани, а меѓу оние кои починале како резултат на инфекцијата нема такви кои биле целосно имунизирани, изјави Кисиќ Тепавчевиќ. Таа додаде дека најголемиот дел од состанокот бил посветен на тоа како да се влијае на зголемувањето на опфатот со вакцинација и дека тоа не е…