Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Едно лице загина во Сицилија за време на прославата по повод европската титула што италијанската фудбалска репрезентација ја освои вчера по триумфот над Англија во Лондон, објавија денеска локалните медиуми. Полицијата соопшти дека жртвата е 22-годишно момче, кое загинало во сообраќајна несреќа брзајќи на време да стигне на прославата во гратчето Калтаџироне. За време на шампионското славје низ улиците на Милано, повредени се најмалку 15 лица, од кои тројца потешко. На југот на Италија, полицијата во градот Фоџа претпоставува дека платен убиец застрелал едно лице и побегнал на мотор искористувајќи го метежот предизвикан од прославата. Локалните медиуми известија дека во…
Никогаш нашата земја немала толку силно изразена поддршка од целиот свет како што ја имаме денес и почит што ја добиваме како народ, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во обраќање на партиската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ која вечерва се одржа во Валандово. Според Заев, потврда за тоа е Преспа форумот за дијалог со учество на светски државници, лидери и општественици кои, како што рече, дадоа почит на сето она што го правиме во Северна Македонија. – Постигнавме убав баланс со едно општество за сите, за да има мир и соработка, а преку тоа да…
Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот, Метју Палмер и со Забине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во МНР на Германија, уште пред самиот почеток на Дубровик Форумот, информираат од МНР. Стратешкото партнерство на земјава во евро-атлантската заедница, клучните реформски процеси како поддршка во таа насока и за следните чекори во однос на европските перспективи на земјата, беа дел од темите на средбите. На состанокот Палмер, како што информираат од МНР, беа реафирмирани заклучоците од високиот панел во рамките на Преспа форумот за…
Торакални хирурзи од нашата Клиника ќе испратиме на Клиниката AKХ Виена на Медицинскиот Универзитет, каде ќе се обучуваат да трансплантираат бели дробови, објави на својот „Фејсбук“ профил министерот за здравство, Венко Филипче. Обучувањето на докторите денеска беше договорено меѓу министерот за здравство Филипче и торакалниот хирург д-р Волтер Клепетко, кој лани го предводел тимот хирурзи кои успешно извршија трансплантација на бели дробови на пациентка заразена со Ковид-19. – Ова беше првпат во Европа едно лице заразено со коронавирус да има трансплантација на бели дробови од донор. Со д-р Клепетко договоривме соработка и во други области во хирургијата. Чест ми е…
Прашањето Скопје – Софија може да се реши само со трпелива и тивка дипломатија, во отворен дијалог на сите фактори Софија, Скопје, Брисел, Љубљана. Потоа важна е улогата на Берлин, Париз и на Вашингтон. Јас сум умерен оптимист затоа што не можам да верувам дека и после трет пат и два интензивни обиди и на германското претседателство и на португалското, мислам дека е „трета среќа“. Имаме на маса неколку предлози, вклучително и португалскиот предлог. Ќе се обидеме да работиме токму на португалскиот предлог, тоа е заедничка оценка на сите држави членки. И американските оценки се такви, дека тоа е еден…
Постои можност за ширење од новиот сој на коронавирусот и далеку е од тоа дека светот може со сигурност да пресмета кога би бил и дали наскоро ќе се случи крајот на пандемијата. Се додека имаме нови соеви кои го зголемуваат бројот на новоинфицирани низ целиот свет, пандемијата уште е далеку од завршување. Со завршувањето на годишните одмори можноста за проширување на инфекцијата е голема. Ова вечерва го рече директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ во гостување на емисијата Трилинг на ТВ 24. Таа апелира сите граѓани кои сега одат на годишни одмори, ако не се вакцинирани, сериозно…
Најмалку 40 деца и неколку возрасни во два летни кампови во северна Грција и на Крит се заразиле со коронавирусот, јавија денеска локалните медиуми. Првото жариште е регистрирано во камп во регионот Ханија во западниот дел на Крит, каде биле заразени повеќе од 30 деца и одреден број вработени, јави весникот „Катимерини“. Неофицијално, вработените во кампот знаеле за заразите уште во понеделникот, но на почетокот го негирале нивното постоење. Летниот камп ќе биде затворен до 15 јули и ќе се бара негативен брз тест од сите деца кога повторно ќе се отвори. Исто така нема да бидат дозволени посети. Второто…
Антикорупциската комисија оди до крај со битката со парцелата на паркингот спроти Холидеј ин. Државната комисија за спречување корупција под лупа ќе ја стави издадената градежна дозвола, со која на местото се предвидува да „никнат“ повеќекатници. Проверката на антикорупционерите следи откако вчера градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изјави дека повеќе не постојат правни пречки за инвестироте „МГ Фешн“ и Македонската православна црква да почнат да ги градат зградите. Шефицата на Антикорупциска, Билјана Ивановска веќе ја побарала документацијата од општината. – Ние денеска испративме писмо до Општина Центар со кое бараме да нѝ се достави градежна дозвола и осноен проект…
Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, денеска беше на редовната координација со седумтте надлежни институции за борба против корупција. Николовски го презентирал степенот на реализација на мерките од Платонт за борба против корупција, како и идните активности што надлежните институции треба да ги преземат. Реализацијата на Планот за борба против корупција е во напредна фаза, но е потребно дополнување со нови мерки во делот на борба против корупцијата, соопштија од Кабинетот на Николовски. Пред министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, директорот на Царинската управа Горан Сугарески, директорот на Управата за финасиско разузнавање, Блажо Трендафилов,…
Премиерот Зоран Заев попладнево соопшти дека потпишувањето на договорот за изградба на интерконекторот за пренос на природен гас меѓу Грција и Северна Македонија претставува чекор напред кон поразвиена енергетска инфраструктура и придонес кон обезбедување разновидност во снабдувањето со природен гас. – Со договорот се гарантира намерата на владите на двете земји да ја прошират соработката во секторот за гас, преку промовирање на интерконекцијата на гасните системи. Ова е голем чекор напред кон поразвиена енергетска инфраструктура на нашата држава и во регионот и придонес кон обезбедувањето разновидност во снабдувањето со природен гас. За нас, една од главните предности од изградбата на…
Во земјава пристигнаа 100 000 вакини на производителот „Астра Зенека“, кои се донација од Грија. Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека донацијата е лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што ја вети на неговиот македонски колега, премиерот Зоран Заев. – Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ, Владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во нашата земја, Н. Е Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините. Истите веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно…
Од општество соочено со меѓуетнички конфликти пред дваесетина години, се трансформираме во мирно и хармонично општество за сите, за кое се заложи актуелната Влада преку своите мултиетнички и мултикултурни политики. Овој концепт ќе продолжи да се имплементира сé до конечно остварување на целите заради кои е креиран, да се изгради држава во која буквално сите ќе имаат чувство дека припаѓаат тука, дека ова е нивната татковина и тоа се луѓето, сограѓаните со кои треба да живеат, да работат и воопшто да создаваат заедничка иднина. Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска на панел-дискусијата посветена на етничката нетолеранција…