Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Поголемиот дел од британската војска се повлече од Авганистан, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, со што Велика Британија ја заврши официјалната улога во дводеценискиот конфликт, во момент кога постои стравување дека заминувањето на странските трупи од ова земја може да доведе до хаотична граѓанска војна. Британските сили за првпат беа распоредени во Авганистан во 2001 година, по нападите од 11.09. врз САД, и одиграа важна улога во борбените операции до 2014 година. За изминатите две децении учество во мисијата во Авганистан убиени беа вкупно 457 британски војници. -Сите британски војници кои беа во мисијата на НАТО во Авганистан сега…
Градоначалникот на Скопје, Петре Шиелгов, денеска ги презентираше идните придобивки на скопјани од брзиот автобуски превоз (БРТ). За него идниот месец ќе се распишат тендерските постапки, а од март 2022 година и се очекува изградбата на трасата низ која ќе минува овој автобуски превоз. Првата линија ќе сообраќа од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и обратно. Таа траса ќе се поминува за двојно помалку време, однсоно за околу половина час. Ќе бидат набавени околу 50 еколошки автобуси, а на првата линија автобусите ќе се движат на средина од булеварите, односно каде што се наоѓа зеленилото, на пример на булеварот Партизански…
Европската Унија никогаш нема да прифати решение со две држави за поделениот остров Кипар, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јави ДПА. Нејзините забелешки, дадени за кипарското државно радио, уследија по состанокот со претседателот Никос Анастасијадес во главниот град Никозија. Фон дер Лајен додаде дека таа, исто така, оваа позиија на ЕК му ја соопштила и на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на телефонски повик, додаде ДПА. По многу години бесплодни преговори, и Ердоган и Ерсин Татар, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), земја што е признаена само од Турција, побараа конечна поделба на островот…
Доктори од Универзитетската болница „Гемели“ во Рим и натаму ја следат состојбата на папата Франциск по операцијата на дебелото црево, особено откако синоќа имал мала треска, соопшти денеска портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, пренесе ДПА. Лекарите утринава повторно ги прегледале градите и стомакот на папата со компјутерски томограф (КТ). Ватикан, исто така, соопшти дека терапијата на папата Франциск продолжува според планираното. „Неговата Светост, папата Франциск, мина тивок ден, јадеше и се движеше без помош“, се наведува во соопштението од Ватикан, во кое се додава дека вчера попладне „тој сакаше да ја искаже својата татковска грижа за младите пациенти од одделенијата…
Светската програма за храна на ОН (WFP) предупреди дека милиони луѓе годинава би можеле да останат без оброци богати со хранливи материи, поради зголемувањето на цените на храната. – Веќе имаме конфликт, климата и Ковид-19 кои работат заедно за да турнеме повеќе луѓе во глад и сиромаштија. Сега цените на храната се приклучија на смртоносното трио, изјави денеска главниот економист на WFP Ариф Хусеин. – Ако сте семејство што веќе троши две третини од вашиот приход на храна, зголемувањето на цената на храната ќе биде голем проблем. Замислете што ќе значи тоа ако веќе сте изгубиле дел или целиот приход поради Ковид-19,…
Директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири денеска потпиша Меморандум за соработка со генералниот директор на Нормак Инвестмент Гроуп – Технолошко индустирската развојна зона Тетово Александар Зарков. Целта, како што соопшти Агенцијата за вработување, е размена на информации за понудата и побарувачката на работна сила и намалување на невработеноста во земјава. -Зајакнување на формите за соработка со сите институции кои можат да бидат сојузници во нашата основна цел – намалување на невработеноста е приоритет во нашето работење. Токму затоа го потпишавме овој меморандум со кој ќе се воспостави директна комуникација меѓу двете институции со цел креирање заедничка поддршка на постоечките,…