Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: ЕУ никогаш нема да прифати решение со две држави за Кипар

0
By НОВА ТВ on July 8, 2021 СВЕТ
Фото: elperiodico.cat
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 8, 2021 17:25

Европската Унија никогаш нема да прифати решение со две држави за поделениот остров Кипар, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јави ДПА. Нејзините забелешки, дадени за кипарското државно радио, уследија по состанокот со претседателот Никос Анастасијадес во главниот град Никозија. Фон дер Лајен додаде дека таа, исто така, оваа позиија на ЕК му ја соопштила и на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на телефонски повик, додаде ДПА.

По многу години бесплодни преговори, и Ердоган и Ерсин Татар, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), земја што е признаена само од Турција, побараа конечна поделба на островот во две држави: кипарски Турци на северот и кипарски Грци на југот. Според овој план, двете земји ќе можат да соработуваат во некаква лабава конфедерација. Кипарската грчка страна, меѓутоа, постојано ја поддржува дискусијата за федерација на две држави како решение, појаснува германската агенција.

Обединетите нации, исто така ова го побараа во резолуциите на Советот за безбедност.

Односите меѓу Турција и Кипар, земјата-членка на ЕУ, се екстремно напнати поради окупацијата на северниот дел на островот од страна на турските трупи уште од 1974 година и споровите за суверените права и енергетските ресурси на истокот на Средоземното море.

држава ЕУ Кипар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.