Author: НОВА ТВ

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје во текот на вчерашниот ден ги лишиле од слобода Н.П.(20) и С.Б.(27), двајцата од Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед врз Н.П., извршен на улица „Јани Лукровски“, бил пронајден и одземен амфетамин, кој го набавил од С.Б… Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен со судска наредба, исто така бил пронајден и одземен амфетамин. Лицата се приведени во полициска…

Read More

Врз американската воена база Караб ал Џир во сириската провинција Хасака истрелани се пет ракети. Според сириската новинска агенција САНА по нападот неколку американски хеликоптери полетале за да го откријат подрачјето од каде се лансирани ракетите. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Од 2015 година американската команда има девет бази во североисточниот дел на Сирија, каде се сместени американски војници кои им помагаат на Сириските демократски сили (СДФ) во нивната борба против Исламска држава.

Read More

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вечерва во гостување на ТВ21 околу датумот за отпочнување на преговори со Европската Унија рече дека дека мора да се врши притисок насекаде и во Брисел и во Скопје. – Тоа е моја работа. Ние работиме на 14 декември да добиеме датум за отпочнување на преговори. Ако не биде тоа, може и на 15 декември, па може и на 16 декември Бугарија да го повлече ветото. Најкасно во јануари, очекувам да имаме нова Влада во Бугарија. Ние нашите обврски сме ги завршиле, но работиме сериозно сега на 14 декември да…

Read More

САД испратија честитки до народот на Либан по повод Денот на независноста, а во меѓувреме го осудија денешниот терористички напад во Ерусалим при што загина едно лице, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  – САД ја признаваат како богатата култура така и истрајноста на либанскиот народ, кој се соочува и надмина многу предизвици во изминатите 78 години. Во ова време на испити, САД ќе продолжат да стојат покрај народот на Либан со поддршка за нивните надежи за подобра иднина, се вели во соопштениото потпишано од државниот секретар Ентони Блинкен.  Во меѓувреме, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс испрати остра осуда…

Read More

Специјалниот претставник на американскиот претседател за климата, Џон Кери ќе отпатува за Обединетите Арапски Емирати, каде ќе присуствува на церемонија за потпишување Проект Просперитет, регионална  соработка во областа на чистата вода и енергијата, соопшти Стејт департментот.  Во соопштението се наведува дека договорот ќе ги продлабочи партнерствата на земјите како Јордан, Израел и ОАЕ да ги достигнат целите од Парискиот договор за климата и да ги намалат јаглеродните гасови во регионот, како и да се обезбедат нови извори на свежа вода во регионот. 

Read More

Претсетаделот Стево Пендаровски ја поддржува владината мерка за вакцинација на администрацијата и здравствениот персонал. Според него, и Уставниот суд вели дека јавното здравје е поважно добро од правото на избор. -Ја поддржувам владината мерка зашто сите земји во регионот имаат слични мерки, како и многу западни земји. Ги гледам реакциите во јавноста, но се поведувам по правниот основ. Постои такво нешто во Законот за здравствена заштита, постои и како приоритет во Уставот, дека јавното здравје е многу поважно од правото на избор. Во април годинава таква одлука во врска со еден случај од Чешка донесе и Европскиот суд за човекови…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски не очекува придвижувања на македонско-бугарскиот спор овој месец зашто смета дека мнозинство за формирање нова влада во оваа земја ќе се направи во јануари. Единствена функционална институција таму, вели, засега е само претседателот Радев, а до 14 декември веројатно ќе се конституира и Парламентот, но со нив не може да се преговара. Според Пендаровски, ние немаме никаква причина да се плашиме од евентуално „проширување“ на спорот од билатерален во паневропски. Компромисот, пак, нагласува претседателот, подразбира попуштање од двете страни. Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител укажа дека нашата декларација со ниту еден збор не ја навредува…

Read More

Тоа што го побараа претставници на синдикатот, а на утрешната седница на Владата ќе дискутираме е прво мерката од моментот на донесување да важи не после 10 туку после 15 денови со цел да се остават уште неколку денови за едукација на членството во синдикатите, да бидат дадени два слободни платени денови на денот на вакцинација после претходна најава и следниот ден и последното барање е тие кои не сакаат да се вакцинираат и ПЦР тестот како алтернатива што треба да се прави секоја недела наместо на сопствен трошок да биде на трошок на работодавачите. За сите овие нивни предлози…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден најверојатно утре ќе објави дека ќе ослободи дел од нафтата од стратешките резерви на земјата со цел да влијае на цените на енергијата, соопшти Блумберг. Според агенцијата, слични изјави се очекуваат и од други земји. Индија пред неколку дена го одби барањето на американската администрација да ја разгледа можноста за ослободување на дел од стратешките нафтени резерви и нивна продажба со цел да се намалат цените на светскиот пазар. Администрацијата на Џо Бајден претходно побара од владите во Јужна Кореја, Кина, Индија и Јапонија да размислат за продажба на дел од стратешките резерви, иако законодавството во…

Read More

Обединетите нации денеска побараа итна поддршка за авганистанските банки, предупредувајќи дека зголемувањето на бројот на луѓе кои не можат да ги вратат кредитите, намалувањето на депозитите и намалувањето на готовинската ликвидност можат да доведат до колапс на финансискиот систем во рок од неколку месеци. Во извештајот на три страници за банкарскиот и финансискиот систем на Авганистан, во кој имале увид некои западни медиуми, Програмата за развој на ОН (УНДП) наведува дека економската цена од колапсот на банкарскиот систем и последователно негативното социјално влијание би биле колосални. Ненадејното повлекување на голем дел од странската развојна поддршка откако талибанците ја презедоа власта…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски не смета дека земјава е влезена во бугарско сценарио. Политичките случувањата, оценува, се уште се одвиваат во рамки на Парламентот, низ процедура, и тоа е добро. Лошо ќе биде, вели, ако се прелеат на улица. Како што рече Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител, најголемата заблуда е дека тој во ваков случај треба да свика лидерска средба. Шефот на државата останува на ставот дека оставката што ја поднесе премиерот Зоран Заев е избразана одлука, но тоа, потенцира, е веќе завршена работа. -До овој момент не сме влезени и не верувам дека ќе влеземе во бугарско сценарио…

Read More

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги именуваше кандидатите за најдобар тренер во 2021 година. На листата се: Антонио Конте (Интер/Тотенхем), Ханс Дитер Флик (Баерн/Германија), Хосеп Гвардиола (Манчестер сити), Роберто Манчини (Италија), Лионел Скалони (Аргентина), Диего Симеоне (Атлетико Мадрид) и Томас Тухел (Челзи). За кој било од кандидатите може да се гласа на веб-страницата на ФИФА до 10 декември. Победникот ќе биде објавен на 17 декември на „The Best FIFA Football Awards“.

Read More