Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
„Фајзер“ соопшти дека ќе ја даде лиценцата за лекот против ковид-19 на организацијата Медисинс Патент Пул (Medicines Patent Pool) од Женева, која дополнително ќе даде дозволи на компаниите да го произведуваат лекот за употреба во 95 земји. Фармацевтската компанија „Фајзер“ потпиша договор со организацијата на Обединетите Нации (ОН) да им дозволи на други производители да го прават експерименталниот лек против ковод-19. Договорот исклучува некои големи држави кои поминаа низ силни бранови на пандемијата. Здравствените власти велат дека фактот што е постигнат договор пред да се одобри лекот на „Фајзер“ некаде, може да помогне побрзо да се стави крај на пандемијата.…
Во земјава се регистрирани нови 524 случаи на корона вирусот, најмногу новозаразени има во Скопје, 215. Моментално во земјава има 8.271 активен случај на Ковид – 19. Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани 209.971 заболени лица. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.126 тестирања, а регистрирани се 524 нови случаи на КОВИД-19: Скопје –215, Битола – 44, Кавадарци – 27, Куманово и Крива Паланка – по 24, Прилеп, Велес и Кочани – по 21, Берово – 15, Делчево – 14, Тетово – 13, Гевгелија –…
Заврши првиот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2022 година на собраниската Комисија за финансирање и буџет. За пратениците од владејачките партии тој обезбедува редовна исплата на плати и пензии, го следи правилото на јавните финансии и значително ги крати непродуктивните трошења. За опозицијата, ова е историски највисок буџет, нереален и неразвоен, проектиран на целосно погрешни основи. Министерот за финансии Фатмир Бесими, во своето експозе истакна дека буџетот има четири основни цели: продолжување на грижата за заштита на здравјето на населението, економско заздравување и забрзување на растот, зголемување на инвестициите, како и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка на реформите во…
Како министер за правда, но пред се како човек и родител не можам да бидам рамнодушен по одлуката на судот, кој пресуди условна казна за сообраќајката во Охрид по која две момчиња починаа, а три девојки беа тешко повредени, напиша на „Фејсбук“, министерот за правда, Бојан Маричиќ. – Очекувам праведна одлука на повисоките судови, а Судскиот совет будно да го следи целиот случај, напиша Маричиќ. Инаку, сообраќакјата се случи во август минатата година во Охрид, кога автомобил Голф во обид да престигне друго возило, Фолксваген, со брзина од 106 км/ч, наместо 60 колку што е дозволено, удрил во Цитроен Ц3…
Управителот на ЕВН, Игор Гиевски е главниот осомничен во истрагата на Управата за финансиска управа, пренесе „А1он“. Предистражната постапка финaнсиската полиција ја води за продажба на парцели во Делчево и во Скопје. „А1он“ пренесува дека Гиевски е главен осомничен во истрагата за овој случај. Гиевски не ја коментирал истрагата. Предистражната постапка што ја води Управата за финансиска полиција во координација со скопското обвинителство открива дека вработените дале пас за купување на парцели за сума која надминува 1,5 милион евра, претходно пренесе Алсат. Овој медиум објави дека неколку делчевчани за само десет дена успеале да добијат земјиште од жителите на околните…
Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Фуштанска“, „Јужноморавски бригади“, „Жегљане“, „Среќко Пужалка“, селото Стајковци и со намален притисок населбата Сингелиќ. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на два затворачи од Ф-125 мм,на ул.„Фаштанска“ бр.94 во населбата Сингелиќ. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, проговори за емоциите кои ги доживеа по победата на Големата награда на Бразил. – Тоа беше тежок викенд за сите. Мислам дека бев инспириран од концентрацијата и одлучноста на сите во тимот. По казната поради замена на моторот, сите во тимот останаа позитивни и одлично се претставија. Механичарите работеа фантастично и имавме силна стратегија, изјави Хамилтон. Британецот додаде дека етапата во Бразил бил најдобриот викенд за него во тековната сезона, а можеби и во кариерата. – Тешко беше да се пробиеме до врвот, но знаев дека тоа може да биде возможно и само дадов сета…
На крајот на состанокот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, кој се одржа во Ниш од 12 до 14 ноември, а на кој присуствуваа министрите за финансии, земјоделство, труд и вработување на владите на Република Србија, Република Албанија и Република Северна Македонија, потпишани се два заклучоци од работните средби, со кои се дефинирани сите активности што треба да се спроведат до самитот во Тирана на крајот на декември, а кои ќе придонесат за олеснување на трговијата, соработката во областа на безбедноста на храната, фитосанитарна и ветеринарна инспекција, како и слободниот пристап до пазарот на трудот за граѓаните од трите земји, сопштија…
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, ги обвини руските власти за нов обид за ограничување на слободата на говорот во Русија, а е поврзан со намерата на Кремљ да ја затвори „Меѓународен Меморијал“, најпочитуваната и најавторитетна организација за заштита на човековите права во земјата. Власта во Москва ја обвинија „Меѓународен Меморијал“ за нарушување на таканаречениот закона за „странски агенти“. -Тужбите на руските власти за затворање на „Меѓународен Меморијал“ и центарот за човекови права „Меморијал“ е уште еден напад на слободата на говорот. Русија треба да престане со судските процеси и да запре со злоупотребата на своите закони за „странски агенти“ за…
Шефовите на здружената команда на вооружените сили на Еквадор и затворската управа на оваа латиноамериканска држава поднесоа оставки, соопшти денеска владата во Кито. Оставките уследија заради затворската криза по масакрот во затворот во Гвајакил и борбата против трговијата со дрога. Еквадорскиот претседател, Гиљермо Ласо, ја „прифати оставката“ на шефот на здружената воена команда, вицеадмирал Хорхе Кабрера, и на директорот на агенцијата задолжена за затворите (СНАИ), Боливар Гарсон, се наведува во соопштението од еквадорското претседателство. Во судири меѓу ривалските банди во затворот во Гвајакил, во југозападниот дел на Еквадор, во ноќта меѓу петокот и саботата, загинаа 68 затвореници, соопштија властите. Ова…
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи изјави дека актуелното парламентарно мнозинство има 61 пратеник, а не 59. Тачи појаснува дека 59 пратеници плус пратеникот Кастриот Реџепи се вкупно 60, но не откри кој е другиот пратеник. – Мнозинсвото има 61 пратеници. Имаме 61, ова не се дискутира, вели Тачи.
Пациентите за нас секогаш се на прво место. Утрово на ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија се отвори нов Ендокринолошки дијагностички центар, кој овозможува интегрирана, сеопфатна дијагностика на пациентите со ендокринолошки заболувања, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Во овој Центар, посочува министерот, има три кабинети за ултрасонографска дијагностика на патолошки промени на тироидната жлезда, но и на други ендокринолошки жлезди. – Отворен е и кабинет за тенкоиглена биопсија на промени на тироидната жлезда водена под ултразвук, како и кабинет за колор-доплер преглед на циркулацијата кај пациентите со дијабетес. Овозможуваме порана и подобра дијагностика на проблемот на…