Author: НОВА ТВ

На 31ви, Општина Росоман ќе остане прогресивна општина, обединета која ќе го зграпчи убавото кое доаѓа пред нас, европската иднина и економскиот развој. Вие граѓаните во Општина Росоман, знаете многу добро, разликата меѓу СДСМ и ВМРО  е огромна, како небо и земја. Водиме 200 гласа во првиот изборен круг, а во вториот круг ќе ги победиме со најмалку 500 гласа. Ова го порача лидерот на СДСМ Зоран Заев пред граѓаните на Росоман, кој беше заедно со кандидатот за градоначалник на оваа општина, Стојан Николов. – Животот на граѓаните зависи од општините, општинската администрација, училиштата, градинките, комуналните претпријатија и со новите…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека фудбалскиот календар е презафатен. – Во денешно време се емитува многу фудбал и како навивач ми се допаѓа. Но, како учесник на настани, како тренер, верувам дека ова не е најдобрата опција за тренирање на тимови од највисоко ниво. На многу натпревари падна квалитетот на играта. Мислам дека сега има премногу натпревари во календарот, ова треба да се поправи. ФИФА и УЕФА мора да го сторат тоа, бидејќи ако играчите се уморат премногу, ќе нема натпревари, изјави италијанскиот фудбалски стручњак. На згуснатиот календар често пати се жалат и самите фудбалери, кои се…

Read More

Финансиска поддршка за здруженијата за заштита на животни на подрачје на општина Центар за стерилизација или кастрација на бездомните животни најави Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата. Герасимовски денеска се сретна со Здруженијата Шепасти Ентузијасти, Кане Корзо Надеж и Поддршка од Дејзи Фемили и договорија стерилизацијата или кастрацијата на бездомни животни кои гравитираат на територија на општината да се одвива во соработка со ветеринарните амбуланти во општина Центар. – Општината во следниот период ќе посвети сериозно внимание на поставување нови паркови за миленици но и одржување на постоечките. Исто така на повеќе локации низ…

Read More

ЈП Водовод и канализација известува дека утре од 09:00 часот, поради промена на водоводен затворач (шибер) Ф 80 мм, на раскрсницата „Орце Николов“ со „Дане Крапчев“,без вода ќе бидат корисниците од ул. „Орце Николов“ на потегот од ул. „Ѓорѓи Пулевски“ до ул. „Костурски Херои“ и дел од улиците: „Дане Крапчев“, „Дебарца“ и „Славка Недиќ“, во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

Read More

На годишното Собрание на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, беше прифатен извештајот за работата на федерацијата за 2020/2021 година. Претставниците на клубовите-членки на Собранието, на денешната седница на највисокото законодавно тело во кошаркарската федерација, ги подигнаа зелените картони во знак на прифаќање на Финансискиот извештај на федерацијата за 2020 година. Освен тоа, со 23 гласови „за“, на Собранието кое беше одржано во Скопје, а со кое раководеше претседателот Перо Антиќ, делегатите на Собранието го прифатија и извештајот на работата на КФСМ за 2020/2021. Претходно, претставниците на клубовите го усвоија записникот од Собранието одржано на 10 декември, во 2020 година, односно…

Read More

По вчерашната одлука на Владата за стопирање на градбата на Центарот за странци во Бардовци, министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со жителите на Бардовци кои изминатиот период бараа тој објект да не се гради во нивната населба. – Барањата на граѓаните се послушани. Верувајте, ова не беше ниту лесна одлука, ниту нешто што можеше брзо да се направи. Го завршивме успешно и по барање на граѓаните. Две министерства се задолжени да бараат нова локација вон населено место, така како што бараа граѓаните на Бардовци. Мислам дека е ова голема победа за граѓаните, но голема победа и успех…

Read More

Француската полиција ја евакуираше железничката станица Гар ди Нор во Париз и истражува сомнителен багаж. Француски Паризиен објави дека станицата била евакуирана поради закана за бомба. Евакуирана е и станицата Магента што се наоѓа во близина.

Read More

Цените на нафтата денеска на меѓународниоте пазари се под 86 долари притиснати од неочекувано силниот раст на залихите во САД и нерамномерното опоравување од падмијата на Ковид-19, што сега шират сомнежи дека сегашните цени се неодржливи. На Лондонската берза цената на барел беше за 88 центи пониска – 85,52 долара додека на американските пазари се тргуваше за цена пониска за 95 центи – 83,70 долари. Цените пораснаа во последните денови поради зголемената побарувачка генерирана од транзицијата на производителите на електрична енергија по поскапувањето на јагленот и гасот кон поевтин мазут и дизел. Водечките производители, пак, инсистираат на скромно зголемување на…

Read More

Лидерството кое го покажа Германија со Берлинскиот процес е важно. Некои од придобивките од процесот се опипливи, некои се повеќе политички. Мирна, стабилна и демократска иднина за регионот тоа се цели кои не можат да се постигнат поинаку освен преку европската иднина на регионот. Доколку се одземе европската перспектива од равенката остварувањето на сето ова – мирна, стабилна и демократска иднина на Западен Балкан, ќе биде доведено во прашање. Ова го истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на  обраќањето на панелот „Берлински процес – Што следи?“ во рамки на дводневниот Белградскиот безбедносен форум, на која…

Read More

Актуелниот извештај реално го отсликува функционирањето на системот на локалната самоуправа, поставен на темелите на Европската повелба за локална самоуправа, но и слабостите, кои што се согласувам, главно се однесуваат на финансирањето на општините за извршување на нивните исклучително бројни и важни надлежности, рече заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски на почетокот од своето онлајн обраќање на сесијата на 41 Сесија на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, каде што на дневен ред беше извештајот од Мониторингот на Европската повелба за локална самоуправа во Северна Македонија, Стразбур, јави дописникот на МИА од Стразбур. Македонија ги…

Read More

Неидентификувани лица од надлежните органи во европска земја ги украле кју-ар кодовите што се користат за генерирање на европскиот зелен пасош, јави италијанските медиуми. Според нив, дел од кју-ар кодовите биле објавени и дистрибуирани на интернет програми за издавање лажни сертификати. Според квалификувани италијански извори, веќе е одлучено да се поништат сите документи генерирани со тие кју-ар кодови. Планирани се и серија состаноци на европско ниво меѓу сите технички засегнати страни за детална анализа на ситуацијата. Сè уште не е познат бројот на украдени кодови или дали проблемот ја засега и Италија, иако истрагата е во тек. Кражбата на кодовите не била извршена во Италија. Првичните…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Општина Радовиш го посети згрижувачкото, еднородителско семејство на Наталија Гура. Таа згрижува две малолетни дечиња, братче и сестричка, кои се на пет и шест годишна возраст. За тоа колку е успешна приказната за згрижување на деца без родители или без родителска грижа, министерката Шахпаска рече дека се уверила на лице место, бидејќи децата ја добиваат целокупната грижа за нивното здравје, љубов, внимание, воспитување, подготовка за влез во образовниот систем. – Згрижувачкото, еднородителско семејство кое денес го посетив во Општина Радовиш навистина има импресивни услови за грижа на децата. Љубовта која…

Read More