Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Се продлабочува кризата во редовите на најголемата албанска опозициска партија, Демократската, по одлуката на партискиот лидер Љуљзим Баша за исклучување на Сали Бериша од пратеничката група. Бериша, кој е почесен претседател на партијата, поранешен шеф на државата и експремиер, Баша го исклучи по барање на амерканската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, од причини што Бериша во мај беше прогласен за „персона нон грата“ во САД. По оваа одлука, Бериша, поддржан од повеќе пратеници и голем број сопартијци почна кампања за поддршка за свикување вонредна седница на Националното Собрание на партијата, најавувајќи ја кандидатурата повторно да застане на чело на партијата.…
Западните амбасадори во Турција се „повлекоа“ и ќе бидат „повнимателни во иднина“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по што соопшти дека се откажува од протерувањето на 10 дипломати на кои им се закануваше поради нивната поддршка за затворениот филантроп Осман Кавала. – Нашата намера не беше да предизвикаме криза, туку да ги заштитиме суверените права на Турција, рече Ердоган. Десет амбасадори од САД, Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка и Шведска во заедничка изјава на 18 октомври повикаа на „брзо и правично решение на случајот“ Осман Кавала, кој е во затвор од 2017 година.. Ердоган…
Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијаев е реизбран на истата функција откако освои 80,1 отсто од гласовите на вчерашните избори, за кои западните набљудувачи велат дека биле обележани со недостиг на „вистинска конкуренција“ и покрај подобрувањата донесени со неодамнешните реформи. Очекуваната победа на Мирзијаев ќе му овозможи на ново-стариот претседател да ја продлабочи својата кампања заснована на реформи и веројатно ќе резултира со понатамошно отворање на Узбекистан за инвестиции и надворешна трговија, но сепак ќе се задржи централизиран политички систем, пренесува Хина. Мирзијаев укина некои ограничувања кога се во прашање верските обичаи, ги намали овластувањата на моќната служба за државна безбедност и…
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во гостување на ТВ Сител повтори дека доколку кандидатот на СДСМ во Скопје, актуелниот градоначалник Петре Шилегов, изгуби на локалните избори, тој „не може да ја води Владата“. Според Заев, локалната власт во тој случај ќе прави опструкции на владините политиките. Лидерот на СДСМ појаснува дека тоа не значи дека ќе се распишат и предвремени парламентарни избори. – Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум се борел против режим, внатре сум се борел, сум носел храбри одлуки и јас сум тука да се борам. Но, треба поддршката од граѓаните… Не може да имате…
Словенечката полиција денеска потврди дека истражува поштенски пратки во кои на високи државни функционери и на заштитени лица им се упатувале смрт.ни закани. Полицијата била известена за пет вакви пратки, сите со слична содржина, со непосредни смртни закани, а на сите е прикачен куршум за пушка, соопшти Стојан Белшак, од секторот на криминалистичка полиција во Љубљана. Тој додаде дека истрагата се уште е во почетна фаза на прибирање информации кои треба да доведат до сторителот, а за други детали не може да зборува во интерес на истрагата. Медиумите вчера објавија дека премиерот Јанез Јанша и министерот за одбрана Матеј Тонин…
Косовскиот министер за култура, млади и спорт, Хајрула Чеку, денеска соопшти дека оваа недела ќе биде донесена одлука за забрана на развој на српските „паралелни спортски активности“ во Косово, пренесува Радио Слободна Европа. Овој потег уследи откако Србија ги спречи косовските боксери да учествуваат на Светското боксерско првенство што се одржува во Белград, поради државните симболи. Чеку рече дека за препораките, врз основа на кои властите ќе преземат мерки, ќе одлучи Националниот совет за спречување и санкционирање на насилство и негативни појави во спортот. Тој потсети дека многу паралелни структури на српските федерации функционираат во Косово, што е спротивно на…
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев гостува во вестите на ТВ Сител. Погледнете го неговото гостување:
Обединетите нации денеска го осудија тековниот воен удар во Судан и повикаа на итно ослободување на вршителот на должноста премиер на земјата и другите членови на владата. Во денешната порака на Твитер, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш истакна дека премиерот Абдала Хамдок и сите други официјални лица кои беа уапсени од суданските безбедносни сили рано утринава „мора веднаш да бидат ослободени“. „Мора да има целосно почитување на уставната повелба за да се заштити тешко издејствуваната политичка транзиција“, напиша Гутереш, додавајќи дека „ОН ќе продолжат да бидат со народот на Судан“. Претставникот на ОН во Судан Фолкер Пертес претходно го…
На вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 31 октомври, БЕСА и Алијанса за Албанците ќе се поддржат меѓусебно. БЕСА своите гласови ќе ги даде на Алијанса во општините каде што немаат кандидат – или обратно. Движењето БЕСА ги повика своите гласачи во вториот круг од локалните избори да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците и побара и оваа партија реципрочно да возврати на вториот круг од изборите кои ќе се одржат на 31 октомври. Но, БЕСА не очекува поддршка од коалиционата партија на Алијанса за Албанците, политичката партија Алтернатива, која беше формирана по внатрепартискиот раскол…
Малите деца од тригодишна возраст и повеќе во Кина ќе почнат да ја примаат вакцината против Ковид-19, каде 76 отсто од населението е целосно вакцинирано, а властите применуваат политика на нулта толеранција кон жариштата на инфекција. Така, Кина ќе стане една од ретките земји во светот што почнаа да вакцинираат толку мали деца против вирусот. Куба е една од земјите кои почнаа да ги вакцинираат децата од двегодишна возраст. Во последните неколку дена, локалните градски и провинциски власти во најмалку пет кинески провинции објавија упатства во кои се наведува дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе биде задолжителна за деца на возраст…
Два случаи на Делта плус, новата варијанта на Ковид-19 се потврдени на Кипар, по анализите на позитивните случаи за периодот септември- октомври, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека од 279 анализирани примероци, кај сите била потврдена варијантата Делта, а при дополнителна анализа биле откриени случаите на Делта плус. – Иако карактеристиките на мутацијата Делта плус (AY.4.2) покажуваат дека ја зголемува преносливоста на вирусот, нивното откривање на Кипар, во оваа фаза, не предизвика сериозно влошување на епидемиолошките и болничките индикатори, соопшти Министерството за здравство на Кипар, додавајќи дека внимателно го следат прашањето за…
Мајкрософт на својот блог објави дека рускиот ентитет кој стоеше зад минатогодишните големите хакерски напади на фирмата „Солар виндс“ поврзана со приватни компании и државни агенции, моментално изведува цел бран напади на компјутерските системи на САД, и оти засегнати се стотици компании и организации. Мајкрософт во соопштение синоќа посочи дека нападите, вршени од руската хакерска група Nobelium, се насочени кон „трговски посредници и снабдувачи на технолошки услуги“ на облачните сервиси. Според компанијата, нападите се дел од обемна кампања започната уште од минатото лето. Од 1 јули до 19 октомври Мајкрософт информирала 609 клиенти дека се цел на напади. Весникот Њујорк тајмс, повикувајќи се на официјално лице, потврди дека моментално се изведуваат хакерски напади. Изворот…