Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој вчера беше хоспитализиран во главниот град на САД, денеска е испишан од болницата. 81-годишниот духовник е подготвен да ја продолжи посетата, соопшти прес-службата на Американската архиепископија на Вселенската патријаршија. „Среќни сме да објавиме дека нашиот духовен отец, Неговата Светост, штотуку е отпуштен од болницата. Тој се чувствува добро и е подготвен да ја продолжи својата апостолска посета“, се наведува во соопштението, пренесува „Грик Сити Тајмс“. Вчера, 81-годишниот свештеник бил однесен во Универзитетската болница Џорџ Вашингтон, каде му било советувано да се одмори и бил ставен под медицински надзор, откако во саботата пристигна во 12-дневна посета на…
Компанијата Модерна денеска објави позитивни резултати од својата вакцина против Ковид-19 кај деца на возраст од шест до 11 години, кои наскоро ќе ги достави до регулаторните тела во светот за одобрување. Клиничките испитувања спроведени на повеќе од 4.700 деца на таа возраст покажуваат „робустен“ имунолошки одговор во однос на антителата, „поволен безбедносен профил“ и препарат што генерално добро се поднесува, се вели во соопштението на Модерна. Најчестите несакани ефекти се замор, главоболка, температура и болка во раката каде што е примена инјекцијата. – Брзаме да ги доставиме податоците до светските регулаторни агенции, изјави шефот на Модерна, Стефан Бансел. Дозата за деца е приспособена на 50 микрограми,…
Либански суд осуди 68 лица поради конфликтот во главниот град Бејрут, во кој седум лица загинаа, а десетици беа повредени. Конфликтот на југот на Бејрут на 14 октомври беше најтешкиот вооружен конфликт во главниот град во последните неколку години, пренесува МИНА. Националната новинска агенција објави дека судијата Фади Акики осудил 68 лица за кривични дела како што се убиство, обид за убиство, поттикнување верски конфликт, поседување нелегално оружје и саботажа. Конфликтот траеше пет часа меѓу две моќни шиитски фракции, Хезболах и Амал, а во нападот со огнено оружје учествуваа и напаѓачи за кои се верува дека се поддржувачи на партијата…
Преземени се активности за усогласување на домашното законодовство со прописите на Европската унија во областа на воздухопловството и унапредени се оперативните и техничките капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство, преку твининг лајт проектот „Поддршка за учество во ЕЗВО-Европска заедничка воздухопловна област“, што беше заокружен денеска со онлајн конференција. Целта на проектот, финансиран од ЕУ, што го спроведе Хрватската агенција за цивилно воздухопловство со Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, како твининг партнер, беше да се поддржи развојот на цивилното воздухопловство во државава во согласност со меѓународните стандарди и acquis на ЕУ во областа на воздухопловството. -И покрај предизвиците…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.514 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 91, Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово – по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица од кои по две од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно починато лице од Македонска Каменица (82г) ,Охрид…
Владата соопшти дека во насока на обезбедување стабилност на електроенергетскиот систем, од денеска во функција е ставен и вториот блок на РЕК Битола, што значи дека комбинатот работи со двата блока како што беше предвидено. Од Владата потенцираат дека граѓаните нема потреба да стравуваат бидејќи количините на електрична енергија за нив се обезбедени во целост од страна на АД ЕСМ и тоа по цена од 36 евра за мегават час. Во моментот цените се четири до пет пати повисоки од таа цена, и ова е само показател дека Владата направила добра проценка воведувајќи го Универзалниот снабдувач, кој ги штити домаќинствата…
Ливерпул го совлада Манчестер јунајтед со 5:0 на „Олд Трафорд“ во 9. коло од шампионатот на Англија. Ова е најголемиот пораз на Манчестер јунајтед на домашен терен од „црвените“ во историјата на клупското ривалство. Тоа е, исто така, прв пат од 1925 година Јунајтед да загуби толку убедливо од Ливерпул во натпревар од највисоката англиска лига. Тогаш тимот од Мерсисајд победи со истиот резултат 5:0. Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ Кристијано Роналдо четврти натпревар по ред не успеа да постигне гол ниту асистенција во англиското првенство. Португалецот нема постигнато гол или асистенција од 19 септември, кога се запиша во листата на…
Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка во која нему и на неговото семејство им се заканувааат со смрт, а слична закана добил и министерот за одбрана Матеј Тонин, објавија вечерва словенечките медиуми. Според словенечката телевизија, премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што е потврдено и од кабинетот на премиерот. Полицијата го истражува случајот. Медиумите објавија дека Јанша и Тонин во петокот добиле писма на нивните адреси, кои содржеле смртни закани и во нив се наоѓала „муниција од поголем калибар“, а закани биле упатени и до членовите на семејството на Јанша. Се наведува дека…
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Радовиш оствари средба со граѓаните и со пензионерите, кои ги повика на 31 октомври обединети заедно да ја донесат победата, за најдоброто. – Радовиш е социјалдемократски град, неколку изборни циклуси наназад е единствен, сега повторно е единствен, а во единството е и победата и силата и успехот и среќата, порача Заев и нагласи дека на 31 октомври Радовиш ќе победи. Во изминатите 4 години и на централно и на локално ниво сме воделе грижа за сите аспекти за граѓаните, отворивме илјадници работни места, невработеноста е падната на 15,9%, платите растат во просек и…
Денеска во Бутел актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов оствари повеќе средби со жителите на оваа скопска општина. Во разговор со бутелчани Шилегов потенцираше дека Бутел е општина со најбрз развој во изминатите 4 години. – Бутел денес една од општините со најмногу важни капитални проекти и затоа најбрзо се развива. Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу затоа што 30 години ВМРО-ДПМНЕ ја забораваше оваа исклучително важна општина за развојот на нашето Скопје. – Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница преку модерно булеварско решение со тротоари, вело-патеки, лед осветлување, средишно и странично зеленило. Исто и некогашната…
Прекуграничната соработка на македонските општини со општините во соседните земји е од исклучително значење за искористување на европските фондови, сето тоа во функција на унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. Ова денеска го изјави кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски по средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски и кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од СДСМ и коалицијата и актуелен градоначалник, Живко Гошаревски. – Како идна локална самоуправа од исклучителна важност е да работиме на зголемување на капацитетите за искористување на што повеќе средства од европските фондови. Општините во соработка со…
Барселона загуби на домашен терен од Реал Мадрид (1:2) во 10. коло од Ла Лига. За селекторот на Каталонците, Роналд Куман денешниот пораз е трет во три натпревари против големиот ривал од Мадрид. Холанѓанецот го води тимот од август 2020 година. На 24 октомври истата година, Барселона загуби со 1:3 од Реал Мадрид, додека на 10 април 2021 година – со резултат 1:2. Воедно, Реал има четири победи во низа над Барса, тоа е најдолга серија од шеесеттите години во минатиот век. Помеѓу 1962 и 1965 година, Реал Мадрид имаше седум последователни победи. Каталонците немаат победено во Класико од март…