Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Полициски службеници синоќа привеле прилепчанец додека извршувал тешка кражба од возило, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. -Синоќа во 21:30 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки. Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги одзел од возилото, се наведува во соопштението. И.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Рестораните, кафулињата и продавниците што не се неопходни ќе бидат затворени во Санкт Петербург од 30 октомври до 7 ноември, според указот потпишан од гувернерот Александар Беглов. Дополнително, ќе бидат затворени козметичките салони, спортските центри и целата неприоритетна трговија, но тоа не важи за аптеките, бензинските пумпи и продавниците за храна. Во тој период, базените, аква парковите и другите рекреативни објекти, вклучително и оние за деца, ќе имаат ограничен влез, а центрите за јавни услуги ќе бидат затворени. Властите во Санкт Петербург ја суспендираа работата на институциите за култура во неработни денови, освен театрите и музеите, а забавните, спортските и…
Германија денеска ги додаде Хрватска и Бугарија на својата листа на зони со висок ризик за Ковид-19, воведувајќи минимум пет дена карантин за невакцинирани и патници кои не прележале, а кои пристигнуваат од двете држави, јави ДПА. Три други земји од Европската унија – Романија, Литванија и Словенија – веќе се на списокот, составен од германскиот институт Роберт Кох. Вкупно, речиси 70 земји ширум светот се прогласени за зони со висок ризик за Ковид-19 од Германија. Секој кој не бил болен или не бил целосно вакциниран и се враќа во Германија од овие земји, мора да биде подложен на 10-дневен…
Повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан може да го забрза процесот на таканаречената „балканизација“ на меѓународната мисија на Косово, во која дури две третини од оперативните сили на КФОР би можеле да се состојат од војници од земјите од поранешна Југославија и непосредна близина. Според порталот Балканска безбедносна мрежа, тој процес всушност веќе е започнат, а Хрватска отишла најдалеку од сите нив, зголемувајќи го своето присуство од еден тим од два транспортни хеликоптери до цела пешадиска чета. „Минатата година и Унгарија го зголеми својот контингент во оваа мисија, а неодамнешното назначување на унгарски бригаден генерал на чело на оваа…
Институционалната поставеност и правната рамка на процесите за јавни набавки во Северна Македонија во голема мера се усогласени со законодавството на ЕУ, но земјата се уште е умерено подготвена во оваа сфера, како и во однос на внатрешната контрола и менаџерската отчетност на буџетските корисници на централно и локално ниво, се наведува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во приближувањето кон ЕУ, во делот посветен на процесите на јавни набавки и финансиска контрола. Според Еврокомисијата, иако е постигнат ограничен напредок со имплементацијата на подзаконските акти на Законот за јавни набавки, капацитетите на клучните институции треба дополнително…
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), имајќи ги во предвид есенските денови, кога обработката на земјоделските површини е во најголем замав и кога е актуелна бербата на грозјето, пченката, жетвата на оризот, апелира за внимателност до возачите на трактори и други мобилни машини. Според нивните анализи, бројот на земјоделски возила (трактори, мотокултиватори и други мобилни машини кои учествуваат во сообраќајот) значително се зголемува и ова претставува дополнителна и сериозна опасност во патниот сообраќај. Сообраќајните незгоди во кои што учествуваат земјоделски возила, укажуваат, најчесто завршуваат со загуба на животи, тешки телесни повреди и огромни материјални штети. – Статистичките…
По една година од прележување на Ковид – 19, според една студија, постои ризик на срцево оштетување, дури и кај луѓето кои никогаш не биле болни до степен да бараат хоспитализација, а по корона вирусот се во опасност да развијат срцева слабост и згрутчувања на крвта, пренесе „Блумберг“. Срцевите болести и мозочниот удар се веќе главни причини за смрт во светот. Зголемената веројатност за смртоносни срцеви компликации кај преживеаните од Ковид, кои ги има во стотици милиони на глобално ниво, ќе придонесе за ужас, покажува студијата, која се размислува да биде објавена во списанието „Nature“. – Последиците од „Ковид-19“ се…
Големиот зелен парк спроти Карпош 4 е еден од клучните проекти, чија реализација е веќе започната со расчистувањето на теренот што беше користен како дива депонија, изјави кандидатот за градоначалник на Карпош, Душко Весковски од редовите на СДСМ. – Нашата цел е веднаш да продолжиме со реализацијата на овој проект, со што на површина од 86.000 м2 ќе се изгради ботаничка градина и тематски содржини за сите генерации. Ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење на карпошани, но и ќе придонесеме за зголемувањето на зелените површини во општината, за најмалку 20 % до крајот на 2025 година, вели Весковски. Тој…
Вашингтон очекува Анкара да ги разјасни акцентите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прогласување персона нон грата на амбасадори на 10 држави. Меѓу нив е и шефот на дипломатската мисија на САД, соопшти Стејт департментот. Претходно, претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли ги оквалификува акциите на Турција како авторитарна тенденција. Ердоган прогласи за персона нон грата амбасадори на 10 западни држави. Мерката што ја најави Ердоган е затоа што дипломатите изразиле поддршка и побараа ослободување на турскиот активист Осман Кавала. Кавала, соработник на бројни граѓански групи, е во затвор четири години, обвинет за финансирање протести низ целата земја во…
Земјата има одредено ниво на подготвеност, односно е умерено подготвена да го примени правото на ЕУ и европските стандарди во областа на владеење на правото Поглавје – 23. Генерално постигнат е одреден напредок, вклучително и преку зајакнатата судска независност и решавањето на случаи на полициска неказнивост, се вели во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата. Извештајот на ЕК ги потврдува направените реформи во правосудството и укажува дека останува да се осигура нивното соодветно спроведување, со акцент на потребата од доекипирање на институциите со високо обучен кадар и соодветна опрема. Во делот за квалитет на судството во Извештајот на ЕК се нагласува…
Во САД се аплицирани 412.856.169 дози вакцина против Ковид-19, а уште 503.521.625 дози се испратени во центрите за вакцинација. Ова го објавија американските центри за контрола и превенција на болести. Најмалку една доза од вакцините била дадена на 220.145.796 лица, а 190.402.262 лица биле целосно вакцинирани. Податоците се за вакцините со две дози на Фајзер/Бионтех и за Модерна и вакцините со единечна доза на Џонсон и Џонсон. Околу 13 милиони луѓе добиле засилувачки дози на вакцини Фајзер и на Модерна од 13 август, кога САД дозволија да им се даде трета доза на луѓе со компромитиран имунолошки систем, кои најверојатно…
Неодамнешните тестови со балистички ракети на Северна Кореја беа „загрижувачки и контрапродуктивни“ за напорите за намалување на тензиите, а Пјонгјанг треба да се вклучи во преговори наместо такви активности, изјави американскиот специјален пратеник за Северна Кореја. Обраќајќи им се на новинарите по средбата со неговиот јужнокорејски колега во Сеул, специјалниот пратеник на Вашингтон Сунг Ким потврди дека САД се посветени на истражување на „одржлива и суштинска дипломатија“ со Северна Кореја. – Нашата цел останува целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Затоа, ние веруваме дека неодамнешното тестирање на севернокорејската балистичка ракета, уште едно од неколкуте во изминатите шест недели, е загрижувачко и…