Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Колумбиските оружени сили го уапсија главниот наркобос во таа држава, Даира Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, објави претседателот Иван Дуке. Отониел (50) бил фатен за време на операција во рурална област во регионот Ураба. Тој е обвинет за испорака на десетици пратки кокаин во САД, а како што изјави Дуке, тој е обвинет и за убиство полицајци, сексуална злоупотреба на деца и регрутирање малолетници. Колумбија понуди награда од 800.000 долари за информации за Отониел, додека американската влада понуди 5 милиони долари за информации што ќе помогнат за негово апсење. – Ова е најголемиот удар за дилерите на дрога во…
Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтер го погоди денеска Тајван, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 40 километри. Засега не е познато дали земјотресот предизвикал материјална штета и дали има повредени.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во телефонски разговор со саудискиот принц Мохамед бин Салман ја поздрави иницијативата на Саудиска Арабија за намалување на емисиите на штетни гасови во земјата, јавија саудиски медиуми. Саудискиот престолонаследник изјави дека Саудиска Арабија, како најголем светски извозник на нафта, има за цел да достигне „нето нулта“ емисии до 2060 година. САД и ЕУ сакаат Саудиска Арабија да се приклучи на глобалната иницијатива за елиминирање на метанот за 30 проценти до 2030 година.
Едно лице загина, а седум други се повредени во оружен напад за време на студентска забава во близина на Универзитетот во Форт Вали, Џорџија, соопшти локалниот огранок на каналот Фокс њуз, повикувајќи се на податоци од полицијата. Според органите на редот, некои од повредените се хоспитализирани но засега нема информации за нивната состојба. Не се соопштуваат ниту повеќе детали за причината за пукањето. Полицијата ги повика локалните жители да го избегнуваат местото на инцидентот.
Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени. Во Скопје променливо облачно, наутро со услови за појава на магла во делови од котлината. Попладне и кон крајот на денот ќе има локален дожд и ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура…
Во првите девет месеци од годинава на македонските аеродроми се превезени за 57 проценти повеќе патници во однос на истиот период од 2020, односно за 52 проценти помалку споредено со првите три квартали од 2019 година. Првите знаци на закрепнување на авиосообраќајот по значителниот пад поради ковид пандемијата се забележани по омасовувањето на вакцинацијата против Ковид-19, во втората половина од јуни и јули, сè до средината на август. Стабилизација на секторот и среднорочно и долгорочно закрепнување, како што оценуваат од ТАВ Македонија, операторот со македонските аеродроми, ќе има кога условите за влез во различни земји кои се поврзани со Ковид-19…
Добрососедските односи се суштински дел од процесот на европска интеграција на Северна Македонија и придонесуваат за стабилност, помирување и клима погодна за решавање на отворените билатерални прашања и наследства од минатото, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, при што акцентот во овој дел е ставен на односите со Бугарија и со Грција. – За време на периодот на известување, фокусот беше ставен на надминување на билатералните односи со Бугарија, давајќи дополнителен поттик на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и напорите да се одблокира официјалниот почеток на пристапни преговори, стои во Извештјот на…
Бројот на граѓани кои примиле трета доза против Ковид-19 е во постојан раст. Статистичките податоци на здравствените власти во државата покажуваат дека само во петок трета доза примиле 4 720 граѓани, односно 638 граѓани примиле прва доза, додека 1 472 се ревакцини. Заклучно со петок вкупно се вакцинирани 801 326 граѓани, ревакцинирани се 769 356, а трета доза примиле 10 386 граѓани. Како што информираат од Министерството за здравство, 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза…
СДСМ вечерва одржува граѓански собир во Карпош. Тој се одржува во спортската сала Бори Трајковски. Обраќањата од граѓанскиот собир во продолжение:
Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани 199.539 позитивни случаи на Ковид – 19. Од нив, 186.211 оздравеа, а 7.036 ја изгубија битката со вирусот. Моментално има 6.292 активни случаи на корона вирусот. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.151 тестирањe, а регистрирани се 482 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 194, Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26,Кавадарци – 23, Прилеп и Штип – по 20, Битола – 19,Тетово – 13, Струмица и Крива Паланка – 11, Свети Николе – 10, Пробиштип – 9, Охрид – 7, Гевгелија и Берово – по 5, Кичево и Ресен – по…
Баерн денеска го победи Хофенхајм со 4:0 во 9. коло од Бундеслигата. Стрелци на погодоците беа Гнабри, Левандовски, Чупо-Мотинг и Коман. Тимот од Минхен постави рекорд во Германското првенство, постигнувајќи 33 гола во првите девет кола. Баерн во моментов е на првото место во Бундеслигата со 22 бода и гол разлика 33:8.
Тропската бура Рик денеска се претвори во ураган во близина на мексиканскиот брег на Тихиот Океан и се очекува да зајакне во текот на денот, соопшти Националниот центар за урагани на САД (НХЦ). Ураганот Рик се движеше во правец север-северозапад со брзина од околу 11 километри на час со максимален ветер од 130 километри на час и силни налети. Ураганот се наоѓа на околу 335 километри јужно од градот Зихуатанехо во државата Гереро. – Се предвидува брзо зајакнување во наредните денови, а Рик се очекува утре да стане голем ураган, се вели во соопштението на НХЦ. Се додава дека од…