Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Американската скијачка Микаела Шифрин победи на денешниот велеслалом возен во австриски Зилден со кој стартуваше новата сезона од Светскиот куп. Американката двете трки ги заврши со вкупно време 2:07.22 минути, односно 14 стотинки побрзо од второпласираната Лара Гут-Бехрами. Третото место и припадна на Петра Влхова од Словачка која заостана 1,3 секунди. Во првите десет место обезбедија уште и: Линзбергер (Австрија), Твиберг (Норвешка), Хроват (Словенија), Грение (Канада), Ворли (Франција), О’Брајан (САД) и Зиберхофер (Австрија). Машката сезона ќе стартува утре, исто така во Зилден и исто така со трката во дисциплината велеслалом.
Бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров прогнозира дека најлошото сценарио е да се исцрпат капацитетите на болниците во земјата и тие да не можат да ги прифатат пациентите. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот министер смета дека сегашниот бран на пандемијата мора да биде совладан за 10-15 дена, во спротивно ќе има голем проблем со болниците. Според Кацаров, за 10-15 дена Бугарија ќе има голем проблем. Тој вчера се сретна со директорите на болниците во Софија, кои изјавиле дека постојано се поставуваат нови кревети, но капацитетот и од персонал и од респиратори е речиси исцрпен. Министерот вели…
Во Молдавија е прогласена вонредна состојба поради недостиг на гас. Премиерката Наталија Гаврилица објасни пред Парламентот дека вонредните овластувања ќе и овозможат на земјата да увезува сино гориво од други европски држави. Таквата одлука била неопходна бидејќи земјата не можеше да се потпре на преговорите со рускиот „Газпром“. Актуелниот договор со руската компанија е со важност до крајот на месецов, но моментно Молдавија добива само една третина од нормалното количество за октомври, по цена која за само еден месец се зголеми од 550 на 790 долари за илјада кубни метри. Поради недостиг на гас изгасна „вечниот оган“ пред споменикот за…
Секаде каде СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг од Локалните избори 2021, а од спротива е опозицијата, поддршката на нашето членство ќе биде за коалицискиот партнер, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев кој денеска беше во Охрид. – Коалициската Влада и националната коалицијата е стабилна, со надеж дека таа ќе зајакнува и во иднина. Испративме јасна порака на демократија и слобода во определба на листите, па и на граѓаните преку независните листи. Но, во вториот круг се обединуваме. Во општините каде сме присутни само коалициските партнери, како Долнени, Арачиново, Чашка, во такви околности ќе се обидеме да победиме…
На речиси една недела од вториот круг, одовде од Ресен, бисерот на Преспа испраќаме порака на обединување. Обединување на сите етнички заедници, но и на сите социјални категогрии, затоа што развојот на општина Ресен е во интерес на сите граѓани. Ова се важни локални избори затоа што од исходот ќе зависи иднината на Ресен и на останатите општини, од исходот ќе зависи дали парите од Буџетот ќе одат во општините и граѓаните или во споменици, бикови, палми и жални врби, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој изјави дека изминатите четири години постигнати се сериозни успеси во делот на економијата,…
Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани, која денеска ја одбележува осумгодишнината од основањето, отвори нов производствен капацитет за производство на кабли за автомобилската индустрија. Погонот е на површина од 3.500 квадратни метри затворен простор, а само за машини и опрема, што се најсофистицирани и најсовремени во оваа област, инвестирани се пет милиони евра. – За само осум години стигнавме до 2.300 вработени, а посебно сме горди што во 2020 година станавме седми најголем извозник во државата. Тоа е резултат на напорна работа од сите вработени, кои во специфични околности направија фанатични активности за да успееме. Новиот капацитет овозможува дополнителни вработувања,…
Денеска во Градскиот парк во Скопје беше поставена првата од трите летни сцени наменети за одржување на културни настани на отворено. Станува збор за монтажна и мултифункционална сцена на отворено, со движечки челични профили, идеална за одржување на музички настани, изложби, театарски претстави, уметнички перформанси и разни други собири. На отворањето, актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, не го криеше своето задоволство од реализацијата. – Мултифункционалната сцена ќе биде новата гордост на Градски Парк. Местото каде ќе се одржуваат најубавите настани, градски фестивали, местото каде многу скопски уметници за прв пат ќе застанат на сцена и каде публиката ќе има можност…
Скопје не е чист еколошки град и загадувањето во Скопје сè уште е тема меѓу скопјани. Година кога времето е ветровито може да ги намали параметрите кои укажуваат на загадувањето, но тоа во ниту еден случај не е трајно решение. Во програмата за модерно Скопје планирано е формирање на зелен совет со експерти за животна средина и претставници од невладиниот сектор каде ќе се разгледуваат сите прашања од областа на екологијата и урбаниот хаос во Скопје. Ќе се отвори и зелена линија каде граѓаните ќе може да пријават загадување и инциденти поврзани со животната средина, а инспекциските и интервентните тимови…
Невакцинираните луѓе во Австрија би можеле да се соочат со нови ограничувања доколку бројот на заразени со коронавирус продолжи да расте, изјави канцеларот Александар Шаленберг. – Доколку бројот на заболени од Ковид на интензивна нега достигне 500 или 25 отсто од вкупниот капацитет на земјата, влез во ресторани, хотели ќе биде дозволен само вакцинирани или опоравени од Ковид, изјави синоќа Шаленберг. На интензивна нега сега се 220 пациенти, а доколку има 600 пациенти или една третина од вкупниот капацитет, Владата планира да воведе ограничувања за невакцинираните лица. Во тој случај, ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само…
Министерството за надворешни работи излезе со соопштение за наводите што ги објавија дел од медиумите, според кои во пратка означена како дипломатска пошта на Министерството, во камиони се носеле и шверцувале цигари и пијалоци. Во продолжение го пренесуваме соопштението на МНР во целост: „Изминативе неколку дена во јавноста се појавија информации од повеќе места за наводна злоупотреба на дипломатска пратка. Дозволете да информираме дека во рамките на Министерството за надворешни работи дадена е насока на нашите служби да ја прегледаат целата документација, да се проверат сите информации од страна на дипломатско конзуларните претставништва, со цел проверка на ваквите наводи. Според…
САД објавија дека повеќе од 1,7 милиони мигранти биле приведени во претходните 12 месеци на границата со Мексико, што е највисока цифра досега. Повеќе од милион од нив биле протерани во Мексико или во земјите од кои побегнале, покажуваат податоците на американската Царинска и гранична заштита. Припадниците на безбедносните служби уапсија луѓе од повеќе од 160 земји. Анкетите покажуваат дека популарноста на американскиот претседател Џозеф Бајден опаѓа, делумно поради неговата миграциска политика. Само 35 отсто од Американците рекле дека го поддржуваат неговиот пристап за решавање на тој проблем, според истражувањето на Центарот за истражување на односи со јавноста AP-NORC.
Со една доза вакцинирани се 57% од полнолетното население, а со две дози 46%. Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472 се ревакцинирани, а 4.720 граѓани примиле трета доза вакцина. До вчера, вкупно се вакцинирани 801.326 граѓани, ревакцинирани се 769.356 а трета доза примиле 10.386 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. – Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%,…