Author: НОВА ТВ

По повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, Владата на Република Северна Македонија организира положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје. На настанот, со почеток од 10 часот, ќе биде присутна владина делегација составена од Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Read More

Секој нов ден, носи нов предизвик, нови битки кои значат живот, кои го прават животот тоа што е, постојана борба за подобро утре за нас, за нашите млади поколенија и за нашата држава, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. -Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да упатам честитки по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и да Ви посакам убав празничен ден, поминат во спомен на идејата на револуционерната борба а опкружени од…

Read More

Арсенал синоќа ја победи Астон вила (3:1) во 9. коло од Премиер лигата. Избраниците на тренерот Микел Артета ја продолжија серијата без пораз која трае веќе седум натпревари на сите турнири. Лондонци имаат пет победи и два нерешени натпревара во овој период. Покрај Астон вила, совладани беа Тотенхем (3:1), Вимблдон (3:0), Барнли (1:0) и Норвич (1:0), а нерешените исходи се со екипите на Кристал палас (2:2) и Брајтон (0:0). Арсенал има 14 бода по 9 натпревари во Премиер лигата. Во моментов тимот е на 9. место.

Read More

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на енергетската политика, постигнат е одреден напредок, особено во усогласувањето со Третиот енергетски пакет и се преземени чекори за усвојување на Национален план за енергија и клима и инвестиции во обновливи извори на енергија, но сепак не се целосно спроведени сите минатогодишни препораки, оценува Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава во делот на енергетиката. За наредната година во областа на енергетиката се препорачува земјава да го зголеми техничкиот и инженерскиот персонал во Одделот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика, да го усвои и спроведе законот за енергетска…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СТРАБАГ АГ известува дека од 24.08.2021, поради изведување градежни активности…

Read More

Без усвоени решенија и препораки заврши 15. состанок  на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, што се одржа вчера и завчера. Во меѓувреме, оставка од работата во Комисијата вчера поднесе професор Ванчо Ѓорѓиев поради како што тврди „обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата од страна на висок функционер на  Министерството за надворешни работи“, а тоа предизвика редица реакции на домашната политичка сцена. Како што брифираа за МИА од македонската страна на Комисијата, неносењето решенија и препораки во работата на ова тело се должи на исклучивиот пристап на колегите од Софија…

Read More

Франција го повика Техеран да ги прекине нуклеарните активности „што имаат тежина без преседан“, во време кога американските и европските пратеници се состанаа за да разговараат за напорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година. Американскиот пратеник Роберт Мели им се придружи на своите колеги од Франција, Велика Британија и Германија синоќа на состаноците во Париз, во, како што го нарече француското Министерство за надворешни работи, „критичен момент“ за напорите за спас на договорот. – Итно и клучно е Иран да ги прекине активностите што имаат невидена тежина и што го прекршуваат договорот, како и веднаш да ја…

Read More

Американската администрација планира на 15 декември да објави нови материјали поврзани со атентатот во 1963 година врз 35-от претседател на САД Џон Кенеди, соопшти прес-службата на Белата куќа. Во соопштението се вели дека во 1992 година Конгресот на САД објавил дека сите информации релевантни за атентатот на Кенеди „треба постепено да се обелоденуваат“ доколку тоа нема да им наштети на одбраната, разузнавањето, спроведувањето на законот или на надворешната политика на државата. Американските агенции моментално ги истражуваат документите. Актуелниот американски претседател Џо Бајден го одобри редоследот по кој ќе бидат објавени материјалите. Некои од нив се очекува да бидат претставени на…

Read More

Американската војска соопшти дека вчера убила висок водач на Ал Каеда во воздушен напад во северозападна Сирија. Мајор Џон Ригсби, портпарол на Централната команда на САД, потврди дека Абдул Хамид ал Матар е убиен во напад со беспилотно летало. Ригсби рече дека ликвидацијата на Ал-Матара ќе ја наруши „способноста на Ал Каеда за понатамошно планирање и извршување на глобални напади кои им се закануваат на американските граѓани, американските партнери и невините цивили“. Тој додаде дека Ал Каеда „ја користи Сирија како база за закани за Сирија, Ирак и пошироко“. Нападот со беспилотни летала се случи два дена откако американската воена…

Read More

 Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека планира да ја започне својата мисија „Артемида еден“ во февруари. Тоа го означува почетокот на американската програма за враќање на мисии на Месечината. Мисијата првично беше планирана да биде до крајот на оваа година. Тоа ќе го означи вистинското лансирање на програмата Артемис со која САД планираат да носат луѓе на Месечината, вклучувајќи ја и првата жена. Првиот лет ќе биде без астронаути на леталото, новата голема ракета на НАСА наречена SLS треба да ја однесе капсулата Орион до Месечината и да се врати на Земјата. – Можноста за лансирање во февруари се отвора…

Read More

Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Северна Македонија нотира дека земјата е делумно подготвена во делот на слободното движење на стоките. Националното законодавство, како што се наведува, во голема мера е усогласено со правото на Европската Унија и овозможува слободна трговија на производи, но во однос на минатогодишните препораки постигнат е ограничен напредок во имплементацијата. Новиот закон за општа безбедност на продуктите, кој е донесен во декември 2020 година, се уште не е целосно усогласен со европското законодавство бидејќи не се усвоени подзаконските акти. Една од забелешките на Европската комисија е недоволниот капацитет на надлежните инспекторати поради што…

Read More

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на изборите за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Се очекува, претседателот на ДИК Александар Даштевски на седницата официјално да соопшти во кои општини ќе се гласа за градоначалници во вториот круг од изборите и каде ќе се повтори гласањето од првиот круг на изборите, како и да го соопшти бројот на советници што партиите и независните листи го освоија на изборите. Болните и немоќните кои сакаат да гласаат на вториот круг на изборите ќе можат да се пријават во општинските…

Read More