Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Пазарниот инспекторат работи со недоволен број лиценцирани инспектори и застарена опрема

0
By НОВА ТВ on October 23, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 23, 2021 08:22

Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Северна Македонија нотира дека земјата е делумно подготвена во делот на слободното движење на стоките. Националното законодавство, како што се наведува, во голема мера е усогласено со правото на Европската Унија и овозможува слободна трговија на производи, но во однос на минатогодишните препораки постигнат е ограничен напредок во имплементацијата.

Новиот закон за општа безбедност на продуктите, кој е донесен во декември 2020 година, се уште не е целосно усогласен со европското законодавство бидејќи не се усвоени подзаконските акти.

Една од забелешките на Европската комисија е недоволниот капацитет на надлежните инспекторати поради што се препорачува зајакнување на административниот капацитет за спроведување на правната рамка. Државниот пазарен инспекторат, како институција одговорна за надзор на пазарот, работи со недоволен број лиценцирани инспектори и со застарена опрема.

– И покрај новите вработувања во првата половина на 2021 година, Инспекторатот нема капацитет за извршување на задачите и работи со недоволен број лиценцирани инспектори, застарена опрема и недоволно средства за спроведување на тестови на примероци од производи, се наведува во извештајот.

Во текот на 2020 година поради пандемијата пазарните инспектори спровеле контроли за тоа колку се почитуваат здравствено-заштитните мерки, но како резултат на тоа се намалил бројот на редовните инспекции.

Во 2020 година, според ЕК, Инспекторатот извршил 428 инспекции, согласно општиот Закон за безбедност на производи, во споредба со 2019 година кога се извршени 359 инспекции. Извршени се и 20 инспекции според Законот за градежни производи, во споредба со 573 инспекции во 2019 година. Од пазарот повлечени се 34 штетни производи, главно играчки и детска облека.

ЕК Пазарен инспекторат труд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.