Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Кинескиот и рускиот амбасадор во Вашингтон заеднички ја осудија одлуката на САД да ги исклучат двете земји од виртуелниот самит за демократија што ќе го организира американскиот претседател Џо Бајден во декември. САД си дозволуваат да дефинираат „која земја е „демократска“ и која не ги исполнува условите за добивање на тој статус“, што го сметаме за дел од „менталитетот на Студената војна“, изјавија амбасадорите на Русија и Кина Анатолиј Антонов и Чин Ганг за конзервативното списание Нешнл интрест. „Ова повторно ќе ги разгори идеолошките конфликти и глобалните несогласувања и ќе го отвори патот за нови поделби“, предупредија дипломатите, повторувајќи ги…
Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 463 случаи на Ковид – 19 од направени 3.447 тестирања. Во 24 часа здравствените власти регистрираа 15 починати и 336 оздравени пациенти. Моментално во земјава има 8.393 активни случаи на корона вирусот. Од почетокот на пандемијата досега се регистрирани вкупно 214.676 случаи на Ковид – 19. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.447 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 218, Битола – 40, Прилеп – 25, Кавадарци – 22, Велес –16, Куманово – 15, Тетово и Кочани…
Министерот за правда Бојан Маричиќ во говорот на конференцијата „Балканскиот интеграциски форум 2021“ кој се одржа во Подгорица, истакна дека од геостратешки интерес е на Унијата да го интегрира Западен Балкан. Според него моменталната ситуација дава простор да се отвораат нови прашања, а блокадите ќе продолжат да ги охрабрува ретроградните сили кои се противат на европското единство и вредности. – Знаеме дека државите од Западен Балкан имаат уште многу работа, реформи, предизвици и искушенија. Но, сега е вистинско време Унијата да покаже дека има јасен план за регионот, зошто во спротивно дава шанса на други држави, кои несомнено имаат стратешки…
Премиерот Зоран Заев, во свое име и во име на Владата на Северна Македонија изрази жалење за ужасната трагедија која се случи во Косово. – Нема збор за утеха на родителите чии деца загинаа, ниту пак за сите граѓани на Косово кои се завија во црнина од изгубените животи. Заедно сме во жалењето со нашите мисли и посакуваме многу сила со која ожалостените ќе ги проаѓаат тагата и болката, објави Заев на својата Фејсбук страница.
Без вода денеска ќе бидат корисниците од село Радишани, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат оттаму, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф 80 мм на улица 1559 број 38, Љуботенски Пат, и ќе трае до санирање на дефектот.
Јужноафриканската Република (ЈАР) денеска оцени дека е казнета поради способноста рано да открие нови варијанти на Ковид-19, бидејќи забраните и ограничувањата за патување, кои ги воведоа многу земји поради новата варијанта на коронавирусот -омикрон, се закануваат да му наштетат на туризмот и другите сектори. ЈАР има некои од водечките светски епидемиолози и научници, кои успеале да откријат нови варијанти на коронавирусот и нивните мутации во рана фаза од нивниот животен циклус. Варијантата омикрон првпат беше откриена во ЈАР, а потоа е идентификувана и во Белгија, Боцвана, Израел и Хонг Конг. „Оваа последна рунда забрани за патување е поврзана со казнување…
Новиот сој на коронавирус, наречен омикрон, првпат беше идентификуван од јужноафрикански научници, но не е сигурно дека првпат се појавил во Јужна Африка. Засега е регистриран во Белгија, Боцвана, Хонг Конг и Израел. Тој засега не е евидентиран во Соединетите Американски Држави, објавија американските Центри за превенција и контрола на болести (ЦДЦ). Се верува дека омикрон, претходно познат како Б.1.1.529, е многу позаразен од другите варијанти на коронавирус. Во Јужноафриканската Република е забележан пораст на бројот на пациенти од просечни 200 дневно на дури 2.465, за што научниците ја обвинија новата варијанта. Светската здравствена организација соопшти дека прелиминарните докази покажуваат…
Поради уличен дефект ф 80 мм на ул. Свети Наум Охридски над Црквата Света Петка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Чедомир Кантарџиев, дел од ул.Свети Наум Охридски и дел од Банско од 15:10 часот до санирање на дефектот, соопштија од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје.
Времето утре ќе биде променливо облачно време, а попладне и вечер ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни особено во западните делови. Облачно и дождливо ќе биде до вторник, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Под влијание на студена воздушна маса, во вторник ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. На планините и на повисоките места особено на запад врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот можно е да провејува снег и на некои пониски места. Поради разведрување во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни,…
ДУИ ќе ја почитува внатрепартиската одлука на СДСМ за избор на нов претседател кој е најавен дека ќе биде избран на 12 декември. Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека тоа е нивно внатрешно партиско прашање кое што тие го почитуваат и нагласи дека им посакува голем успех на 12 декември на внатрепартиските избори за партиски лидер. – Ние ќе ја почитуваме таа одлука и ќе го прифатиме секако вердиктот на сите нивни членови коишто ќе одлучат кој ќе биде нивниот следен лидер на 12 декември. Во однос на оставката на местото премиер на Владата на Република Северна Македонија сметаме…
Сите политичари кои сакаат Република Северна Македонија и целиот регион да биде во НАТО и Европската унија работат за позитивен развој. Верувам дека добрососедските односи немаат алтернатива. Успехот на Северна Македонија е успех за целиот регион и успех за ЕУ, изјави денеска во Скопје европратеникот Илхан Ќучук. Како известувач за нашата земја во Европскиот парламент, Ќучук, рече дека работи активно, како со владејачките партии, така и со опозицијата, како и дека има чести средби и со претставници од граѓанскиот сектор. – Претстои извештај, кој ќе ги одрази позитивните тенденции во земјата, но и тоа што треба да биде направено во претстојните…
Даночни инспектори денеска влегоа во канцелариите на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус истражувајќи можни финансиски малверзации, јавија локалните медиуми. – По наредба на Државното обвинителство во Торино, инспектори од Даночната управа вршат претрес во канцеларијата на фудбалскиот клуб Јувентус, соопшти Обвинителството. Под истрага се клупските трансакции извршењни во периодот од 2019 до 2021 година, а станува збор за сума од околу 50 милиони евра. За наводно лажирање трансакции, како и финансиски извештаи, осомничени се шестмина челни луѓе на клубот од Торино, меѓу кои претседателот Андреа Ањели и поранешната клупска легенда и чешки репрезентативец Павел Недвед.