Author: НОВА ТВ

Полска ќе мора да плати дневна казна од 500.000 евра на Европската комисија за прекршување на претходна судска одлука за прекин на работа на рудникот за лигнит во Туров. Ова го соопшти Судот на правдата на Европската унија. Полска зависна од јаглен е во конфликт со Чешка, која вели дека спорниот рудник ги оштетува заедниците преку границата. – Полска доби наредба да и плаќа на Европската комисија дневна казна од 500.000 евра за неуспехот да ги прекине активностите за ископ на лигнит во рудникот Туров, одлучи Европскиот суд на правдата. – Таквата мерка изгледа неопходна за да се зголеми ефикасноста…

Read More

Делегацијата на ЕУ во БиХ и Мисијата на ОБСЕ ги повикаа институциите во земјата да ги испитаат наводите за злоупотреба на власта, откако беше објавен аудио запис во кој шефот на Агенцијата за разузнавање и безбедност Осман Мехмедагиќ бара од главниот обвинител Гордана Тадиќ да ја прекине истрагата за неговите дипломи за високо образование. – Фактот дека имало таков разговор покренува сериозни прашања во врска со професионалниот интегритет. Сите наводи за злоупотреба на службената положба или други случаи на недолично однесување треба веднаш да бидат истражени од властите, се вели во писмената изјава на Делегацијата на ЕУ во БиХ. Нивниот…

Read More

Неговата здравствена состојба е стабилна. Петгодишното дете кое вчера во Мала Речица било искасано од кучиња скитници поради сериозноста на повредите е хоспитализирано на Детска хирургија во Скопје. Детето добива редовна терапија и е во стабилна состојба. Детето било искасано од кучињата по целото тело во близина на угостителски објект во Мала Речица, по што било пренесено во тетовската болница, па префрлено во Скопје. https://novatv.mk/kuche-iskasalo-petgodishno-dete-vo-mala-rechitsa-so-seriozni-povredi-deteto-e-doneseno-vo-skopje/

Read More

САД во ноември ги отвараат своите граници за патниците кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација, јавија денеска од Администрација во Вашингтон. Се укинуваат мерките за забрана за влез на туристи, бизнис патници и сите останати категории без американско државјанство или легално престој, воведени си цел спречување на ширењето на коронавирусот. Со олабавувањето ќе се овозможи повторно соединување на разделените семејства поради пандемијата и  ќе се овозможат повторно воспоставување на бизнис врските, јави Њујорк тајмс. Странски државјани кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација пред да се качат на авионот ќе можат да летаат за САД, изјави денеска Џеф Зинц,…

Read More

Европската унија смета дека изборите во Русија се одвија во атмосфера на заплашување и се сомнева во регуларноста на нивното одржување, изјавија денеска од Европската комисија. Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано, рече дека атмосферата во која се одржаа парламентарните избори во Москва ги замолчи критичките и опозициските сили. Тој потсети дека на терен немаше меѓународни набљудувачи. -Поради ова тешко е да се види како се одвиваа изборите навистина, но имаме индикации од локални независни набљудувачи кои пријавија бројни нерегуларности, рече Стано. На изборите во Русија победи партијата на претседателот Владимир Путин со 49,64 отсто од гласовите. Портпаролот…

Read More

Од 1 октомври за влез во Ватикан ќе биде потребен здравствен сертификат со кој се докажува имунитет против Ковид-19. Жителите, работниците и посетителите ќе треба да го носат таканаречиот Ковид-пасош што веќе широко се користи во Италија, се вели во соопштението на Светата столица. Исклучок ќе се прави за оние кои присуствуваат на литургијата „за времето потребно за обредот“. Ковид-пасошот, што првично беше дизајниран да го олесни патувањето меѓу земјите од Европската унија, покажува дека некој бил вакциниран против Ковид-19, или имал негативен тест за Ковид или неодамна се опоравил од коронавирусот. Минатиот четврток, италијанската влада им нареди на сите…

Read More

Белата куќа се очекува денеска да соопшти дека патниците од Велика Британија и Европската унија кои се вакцинирани против Ковид-19 ќе можат да ги посетат САД, објави „Фајненшл тајмс“. Се очекува мерката да стапи на сила од 1 ноември. Според извори на весникот, запознати со прашањето, новата политика на администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе се однесува на целосно вакцинирани лица, вклучително и оние вклучени во клиничките испитувања на третмани кои се уште не се одобрени во Велика Британија. Со одлуката ќе се стави крај на забраната што беше во сила во изминатите 18 месеци. Во јули, британскиот премиер Борис…

Read More

САД планираат да купат милиони дополнителни дози на вакцини од „Фајзер“ против Ковид -19, што ќе ги донираат низ целиот свет, објави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори. Потегот на САД треба да биде објавен на почетокот на следната недела, што се совпаѓа со состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк, велат изворите за весникот. Си-Ен-Ен објави во јуни, повикувајќи се на добро информиран извор, дека американската администрација планира да донира 500 милиони дози на вакцини од Фајзер против коронавирус во речиси сто земји во следните две години. Оваа година, САД треба да купат 200 милиони дози, а…

Read More

Мирен, стабилен, безбеден и просперитетен Медитеран е стратешки приоритет за ЕУ, пишуваат деветте земји од ЕУМЕД-9 во заедничката декларација од денешниот Самит, јави дописничката на МИА од Атина. Шефовите на државите и Владите од Франција, Кипар, Шпанија, Хрватска, Словенија, Италија, Малта, Португалија и домаќинот Грција, во декларацијата по нивниот состанок во Атина, се осврнуваат на Медитеранот, кипарското, мировниот процес на Блискиот Исток, случувањата во Авганистан, како и прашања поврзани со Европската агенда и теми што ја засегаат ЕУ, меѓу кои и пандемијата, но и миграцијата, како и климатските промени. Пишуваат дека земјите од јужна Европа функционираат како „столб на стабилност…

Read More

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот, беа главна тема на средбата на премиерот Зоран Заев со генералната директорка за Западен Балкан во Службата за надворешна политика на ЕУ Ангелина Ајкхорст. Како што информираше премиерот Заев вечерва на својот фесјбук-профил, на работна средба присуствувале и заменикот на Ајкхорст, Марко Маковец и шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја Дејвид Гир. – Со заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, потенциравме дека ќе биде клучно Самитот на ЕУ со Западниот Балкан да даде јасна порака за европската иднина на регионот,…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ оцени дека пописот се спроведува успешно, без речиси никакви проблеми и досега се попишани околу 900.000 граѓани или околу 100.000 дневно. – Во текот на викендот ќе достигнеме до милион попишани граѓани од теренското попишување. Дополнително, има сериозна бројка и од онлајн попишувањето. Пописот одлично тече на терен и надминати се сите техничи недостатоци кои ги имаше на почетокот. Во соработка со МВР и „Телеком“ одбиени се успешно сите хакерски напади, кои доаѓаат со ИП адреси од странство, изјави министерот Маричиќ во интервју за телевизија Сител, кој додаде дека не може да открие детали, но…

Read More

Англискиот Манчестер Јунјатед и италијанскиот Јувентус, сегашниот и донеодамнешниот клуб на португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо, објавија денеска значителни финансиски загуби за минатата 2020/21 сезона. Англискиот фудбалски гигант соопшти дека минатата сезона работел со загуба од 92.2 милиони фунти, што е речиси четири пати повеќе од минусот во сезоната 2019/20, кој изнесуваше 23.2 милиони фунти. Од друга страна, Јувентус пријави загуба од дури 209.9 милиони евра за сезоната 2020/21, двојно повеќе споредено со една сезона претходно. Двата клуба објавија дека големите финансиски загуби се должат на пандемијата на коронавирус. Јувентус веќе најави дека и во тековната сезона ќе заврши со…

Read More