Неговата здравствена состојба е стабилна.

Петгодишното дете кое вчера во Мала Речица било искасано од кучиња скитници поради сериозноста на повредите е хоспитализирано на Детска хирургија во Скопје. Детето добива редовна терапија и е во стабилна состојба.

Детето било искасано од кучињата по целото тело во близина на угостителски објект во Мала Речица, по што било пренесено во тетовската болница, па префрлено во Скопје.

Куче искасало петгодишно дете во Мала Речица – со сериозни повреди детето е донесено во Скопје