Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на покана од претседателот на МПС, Марјан Кицев, а во присуство на претседателот на Европските полициски синдикати, Рикардо Валадас, државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, заменик – директорката на Агенцијата за разузнавање, Александра Бакреска Додовска и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, денеска во Охрид ги отвори Синдикалните игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат. – Синдикалното организирање претставува столб на кој се засноваат и унапредуваат правата на вработените. Секое општество кое што тежи кон развој и…
Инвестициите, вработувањата и повисоките плати го менуваат животот на подобро. Владата продолжува со посветена работа и добри економски политики за подигнување на животниот стандард, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук. – Економијата бележи историски раст на бруто домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал. Просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари, што е за 7 проценти, односно за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минатата година, наведува премиерот Заев во објавата. Тој потенцира дека државата бележи историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9 отсто со тенденција…
Франција смета дека претставниците на радикалното талибанско движење, кое ја презеде власта во Авганистан, не ги исполнија своите ветувања пред меѓународната заедница, па Париз одбива да ја признае новата влада формирана од талибанците. Ова синоќа го соопшти францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан за телевизијата Франс 5. – Франција одбива да има какви било односи со оваа влада, рече Ле Дријан, нагласувајќи дека талибанците не ги исполнуваат своите ветувања. Шефот на француската дипломатија потсети дека Франција побара од членовите на движењето да дозволат слободно заминување за сите што тоа го сакаат, да дозволат слободна испорака на хуманитарна…
Државниот завод за статистика информираше дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. До вчера во 20 часот попишани се 308.551 лице. А, само вчера биле попишани 114.308 граѓани. – Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови…
Министерот за здравство, Венко Филипче и неговиот заменик, Илир Хасани до Собранието да ја поднесат оставката, а не до премиерот Зоран Заев. На ова денеска на прес – конференција ги повика лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој им даде рок од два дена за да ги поднесат своите оставките до законодавниот дом. – Во вторник е закажана седницата. Доблесно би било од овие двајца, и од министерот и од неговиот заменик, пред седницата да ги достават оставките. Но, доколку тие не ги достават, тогаш пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ ќе достави до спикерот Џафери предлог за разрешување…
Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на посетата на Перперикон коментираше дека никогаш не бил заинтересиран за претседателската функција, јави дописникот на МИА од Софија. Борисов додаде дека неговата партија наскоро ќе го објави својот претседателски кандидат. Најверојатно, ГЕРБ повторно ќе учествува на претседателските избори во коалиција со СДС. – Најдобро би било да има заедничка кандидатура на претседателска двојка од демократската заедница против диктатурата на Радев, оцени Борисов.
Дел од лозарите во знак на револт го истурија грозјето пред откупен пункт. Да нема манипулации со шеќерните единици кои се бараат при откупот на грозјето, јавно побара денеска Дане Јошев, претседател на регионалното Здружение Тиквешки лозароовоштари. Оваа негова изјава следуваше откако синоќа неколкумина разочарани лозари го истурија своето грозје пред откупен пункт, во знак на револт, од, како што рекоа, манипулациите со кои се соочуваат при гроздоберот. Јошев нагласи дека на терен, некои од откупувачите не ги почитуваат претходно неформално договорените цени за килограм грозје. Тој апелираше на зголемена инспекциска контрола на терен, со цел, како што додаде, да…
Во понеделник и вторник без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров, Аеродром, Карпош и Сарај. Од Центарот за управување со кризи информираат дека утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на село Волково улица „24“, општина Ѓорче Петров и тоа во период од 10 до 14 часот, во периодот од 09 до 14 часот, без струја ќе бидат и корисниците на дел од населба Лисиче – подулица Врполе број 1, 3 и 5, дел од улица „Мите Богоевски“, општина Аеродром, во периодот од 09:30 до 10:30 часот, корисниците на дел од улица…
Во германската провинција Баден-Виртемберг, во среда ќе стапи во сила мерка според која невакцинираните луѓе, доколку се разболат од Ковид-19 и мора да бидат ставени во изолација, нема да примаат плата за тој период. И други германски провинции, како Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург -Западна Померанија, планираат од 15 септември да усвојат таква мерка. Министерот за здравство на Баварија Клаус Холечек изјави дека оние кои не се вакцинирани и немаат здравствени причини за да не ја примат вакцината, според него, немаат право на плата за време на карантин – Не може општеството да плаќа за ни, рече тој,…
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои им ги одзема лиценците за вршење на енергетска дејност на три друштва за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, поради немање складишни капацитети за чување на резерви. Како што соопшти денеска РКЕ, на Друштвото за градежништво, трговија и услуги ГУЛИВЕР ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ му се одзема лиценцата за вршење на енергетската дејност трговија на големо со Еуродизел БС. – Исто така, одземена е лиценцата за вршење на енергетска дејност за трговија на големо со мазут – М1 (НС) на Друштвото за трговија,…
Првиот дигитален учебник по историја и општество за четврто одделение. Материјалот за учење по предметот историја и општество за четврто одделение којшто е во дигитална форма нуди ситуации и примери од секојдневниот живот коишто се блиски до возраста на дечињата. Неприметно и на интересен начин преку содржините се воведуваат во критичкото размислување и учење од искуство, велат авторките Гликерија Илиоска и Анита Ангеловска. Илиоска истакна дека поголемиот дел од материјалот е составен од повеќе вежби, активности, секојдневни ситуации, решавање на проблеми, дискусии, истражувања коишто ќе го подобрат потенцијалот на секое дете. – Дигиталниот дел од материјалот за учење освен дадената…
Обилните дождови во Пакистан предизвикаа хаос. Властите стравуваат дека ќе расте бројот на жртви. Бројот на жртвите во несреќите предизвикани од обилните врнежи во различни провинции на Пакистан се искачи на 18. Според локалните медиуми, обилните дождови во различни делови на земјата предизвикаа вистинска катастрофа и бројни несреќи. Властите соопштија дека три куќи во регионот Торгар во провинцијата Хајбер Пактунхва целосно се урнале, при што загинаа 11 лица. Наведувајќи дека напорите за потрага и спасување продолжуваат, властите изразија стравување од можно зголемување на бројот на жртвите. Поплавите низ целиот регион оштетија многу куќи и земјоделско земјиште. Во последните два дена,…