Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски во Охрид ги отвори Синдикални игри и средби на претставниците на Македонскиот полициски синдикат

0
By НОВА ТВ on September 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 12, 2021 13:31

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на покана од претседателот на МПС, Марјан Кицев, а во присуство на претседателот на Европските полициски синдикати, Рикардо Валадас, државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, заменик – директорката  на Агенцијата за разузнавање, Александра Бакреска Додовска и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, денеска во Охрид ги отвори Синдикалните игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат.

– Синдикалното организирање претставува столб на кој се засноваат и унапредуваат правата на вработените. Секое општество кое што тежи кон развој и просперитет, е должно да го негува и поддржува синдикалниот дух. Токму преку  овој начин на дејствување, преку спортското натпреварување  другарување, размена на искуства на полициски службеници од повеќе  земји учеснички на спортските средби се јакне спортскиот дух  и  квалитетното синдикално функционирање, рече министерот Спасовски во своето обраќање.

Тој посочи дека ако солидарноста претставува еден од базичните принципи на синдикализмот, тогаш еден од најдобрите начини за нејзино реално демонстрирање и зацврстување е токму ваквиот вид на дружење, подобро запознавање на синдикалците и градењето фер спортски однос.

– Оваа традиција што Македонскиот полициски синдикат ја има воспоставено низ годините наназад е токму таква убава можност во која секогаш се наоѓаат и дополнителни  форми за квалитативно збогатување на тоа дружење, вредности и цели кои го спојуваат убавото и корисното, потенцираше Спасовски.

Меѓудругото, министерот Спасовски во оваа прилика искажа посебна благодарност до претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас за неговите особени заложби во промовирањето на нашата убава земја, нашето Министерство за внатрешни работи и синдикализмот насекаде во светот. Пред почетокот на Синдикалите игри од страна на присутните со едноминутно молчење им беше оддадена почит на загинатите бранители на МВР и на починатите во пожарот во Модуларната болница во Тетово, информираат од МВР.

полицајци Синдикат Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.