Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Тренерот на премиерлигашот Манчестер јанјатед, Оле Гунар Солскјер најави дека португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ќе биде во тимот за денешниот првенствен натпревар на „Олд Трафорд“ против Њукасл. Роналдо на крајот од минатиот месец, во самата завршница на преодниот рок, премина од Јувентус во Јунајтед за кој од 2003 до 2009 година одигра 292 натпревари и постигна 118 голови. Роналдо во вторникот почна да тренира со тимот и според Солскјер, напаѓачот е подготвен за својот дебитантски настап по враќањето во Манчестер. – Ги знаеме сите негови постигнувања во кариерата, но тој дојде тука за да постигне уште повеќе и да поставува…
Србинот Новак Ѓоковиќ дојде на чекор да испише историја во светскиот тенис, откако рано утрово по голема борба во пет сетови го совлада Германецот Александар Зверев (4-6, 6-2, 6-4, 4-6, 6-2) и се пласираше во финалето на УС Опен, во кое за противник ќе го има Русинот Данил Медведев. Најдобриот светски тенисер сега го дели само една победа од календарски грен-слем, кој последен пат го освои Род Лејвер во 1969 година, како и од рекордна 21 титула на најголемите турнири со што ќе ги надмине Роџер Федерер и Рафаел Надал (20). Српскиот тенисер, исто така, дојде и до своето рекордно…
Охридскиот џез гитарист Владимир Четкар ја почнува својата мини турнеја во САД. После пауза од една година поради познатите причини наметнати од епидемијата на коронавирусот Четкар вечерва настапува во познатиот џез клуб „BOP STOP at the music settlement“ во Кливленд во сојузната држава Охајо. На вечерашниот и наредните два концерти Владимир Четкар ќе се претстави исклучиво со својата авторска музика. На концертите ќе го придружуваат најталентираните американски џез музичари од поновата генерација. Наредниот викенд Четкар го очекуваат уште два концерти и тоа на 18-ти во „Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall“ во Детроит, Мичиген како и на 19 септември…
Жителите на градот Ресен и на сите населени места во Преспа утре од 8:00 до 18:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информираат од ЕВН Македонија АД, во вој период екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на жителите на Ресен и Преспа. – Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела Општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени места во Преспа, велат од ЕВН Македонија АД.
Израелски борбени авиони погодија локации на Хамас во Газа како одговор на ракетните напади врз Израел во петокот вечерта, напиша портпаролот на израелската војска рано утрово на Твитер. – Сирените за предупредување од ракетирање се огласија доцна синоќа во близина на израелската граница со Појасот Газа, соопшти израелската војска. Сирените се огласија само неколку часа откако полицијата фати двајца милитанти од групата Исламски џихад во Газа, кои претходно оваа недела избегаа од најбезбедниот израелски затвор. Како што јавуваат странските агенции, неодамнешниот пораст на прекугранично насилство го тестира кревкиот прекин на огнот што стави крај на жестоките борби во мај.
Министерството за внатрешни работи вчера во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Град Скопје изрече вкупно 238 мерки, меѓу кои 43 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 11 за возење без возачка дозвола и 93 прекршоци што ги чинат пешаците. Изречени се и шест мерки за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 54 за непрописно паркирање. Од МВР најавуваат дека и во следните денови продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во…
Американскиот претседател Џо Бајден повика на национално единство пред 20 – годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД. Во видео запис во Белата куќа, објавен и на Твитер, Бајден им оддаде почит на загинатите во нападите и илјадниците повредени, како и пожарникарите, медицинските сестри и многу други кои загинаа или ризикуваа за време на спасувачките мисии и долгиот пат до закрепнување. Тој исто така спомена дека „мрачните сили на човечката природа – стравот и гневот, огорченоста и насилството против муслиманските Американци, вистински и верни следбеници на мирољубивата религија“ го нарушија, но не го скршија американското единство.…
Вчера Институтот за јавно здравје регистрираше нови 577 случаи на Ковид – 19, од направени 5.362 тестирања. 30 пациенти починаа, а 1010 оздравеа. Моментално во земјава има 13.166 активни случаи на Ковид – 19. Најголем дел од нив се во Скопје, 5.731. Во Тетово има 1.192 активни случаи, во Куманово – 859, Гостивар – 726, Струга – 618, Охрид – 554, Струмица – 543, Кичево – 494, Прилеп – 269, Битола – 266… Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 5.362 тестирања регистрирани се нови 577 случаи со Ковид-19, 30 починати, 1010 оздравени пациенти. Вкупниот број…
Парламентарната партија Движење за права и слободи нема да го поддржи Румен Радев на претстојните претседателски избори во Бугарија, изјави пратеникот од партијата Јордан Цонев во емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија. Според дописникот на МИА во Софија, причина за одлуката бил дијалогот меѓу претседателот Радев и лидерот на ДПС Мустафа Карадај за време на консултациите за формирање влада, кога Радев го прашал Карадај која е неговата татковина. Нападите се случија по обвинувањата против привремениот министер за економија Кирил Петков дека има канадско државјанство и дека не треба да ја извршува таа функција. – Поради оваа изјава ќе има последици.…
Припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од денеска па во наредните пет дена ќе одржува тактички вежбовни активности кај Студенчишкиот канал во Охрид. Според полициското соопштение, вежбовните активности ќе се спроведуваат на просторот кај езерската полиција во Охрид, а во текот на тактичките вежби, што ќе се реализираат во различни периоди од денот, ќе биде користена маневарска муниција. За време на вежбите ќе бидат преземени сите неопходни безбедносни мерки поради што, се молат граѓаните за разбирање и почитување на насоките на полициските службеници.
Националните компании за пренос на гас од Северна Македонија и Грција, НЕР и ДЕСФА вчера во Солун потпишаа Договор за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас, што е уште еден чекор поблиску до изградбата, но и нешто што според вицепремиерот Фатмир Битиќи „ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален центар за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа“, јави дописничката на МИА од Атина. Во организација на Американско-грчката стопанска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија, вчера во Солун се одржа Петтиот енергетскиот форум за Југоисточна Европа, на кој онлајн учествуваше…
Министерот за здравство Венко Филипче до премиерот Зоран Заев понуди писмена оставка. Се анализираат сите докази за да се откријат причините за избувнување на пожарот во кој загинаа 14 лица во тетовската модуларна болница. По пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, а 12 беа повредени, оставка од морални причини понуди министерот за здравство Венко Филипче. Неговиот заменик и двајцата директори на тетовската Болница исто така поднесоа оставки. Во меѓувреме тече истрагата на истражните органи, а во неа ќе се вклучат и германски експерти од Федералната криминалистичка полиција кои деновиве треба да пристигнат во земјава. Во…