Author: НОВА ТВ

Државниот завод за статистика соопшти за прекини во апликацијата за попис на населението. И во време на технички проблеми попишани се речиси 10.000 граѓани. На вториот ден од пописот се појавија проблеми при статистичката операција, соопштија од Државниот завод за статистика. Апликацијата за попишување на граѓаните во неколку наврати не функционирала. Иако попишувачите биле излезени на терен, сепак не успеале да ги попишат оние граѓани кои ги посетиле. – Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со оперативната директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Лејла Дервишагич. Со неа разговараше за процесот на реализација на втората фаза на Програмата РОМАКТЕД, која треба да обезбеди поголема интеграција на ромското население во локалните заедници преку учество во креирањето на локалните политики. Програмата почна да се реализира на почетокот на годинава, а ќе трае до крајот на 2024 година. – Иако Република Северна Македонија, во рамките на регионот, важи за држава која има направено најголем исчекор во спроведување на успешни политики за поголема интеграција на…

Read More

Катар следниот месец ќе го отвори шестиот стадион, изграден за Светското фудбалско првенство во 2022 година. Ова го објави прес-службата на Организацискиот комитет на Мундијалот 2022. Свеченото отворање на арената „Ал-Тумама“ ќе се одржи на 22 октомври. Стадионот може да прими 40.000 гледачи и ќе биде домаќин на натпреварите од групната фаза на Светското првенство, како и плејофот, вклучувајќи ги и четвртфиналните натпревари. Дизајнот на арената наликува на традиционална арапска глава. Неговиот архитект е Ибрахим М. Џајда. Светското првенство во фудбал ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември 2022 година.

Read More

Четворица полицајци се повредени во судир со антиваксери во Лондон, од кои некои се обиделе насилно да упаднат во регулаторната агенција која одобрува вакцини и лекови. Таа беше првиот регулатор во светот што одобри вакцина против коронавирус во декември минатата година. Демонстрантите поминаа покрај полициски кордон поставен пред агенцијата со намера да упаднат во неа, но се откажаа. Тие се упатија кон центарот на Лондон и се собраа пред Музејот на науката, каде се случија судирите со полицијата. – Голем број демонстранти употребија насилство врз полицијата. Четворица наши припадници се повредени за време на судирите, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека…

Read More

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, вечерва на маалска средба со жителите на Општина Кисела Вода заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, разговараше за сработеното во изминатиот период, но и за новите предизвици и очекувања на граѓаните. Царовска изрази задоволство што е помеѓу жителите од кои директно може да ги слушне нивните барања. – Изминатите четири години како владејачка партија со нашите коалициони партнери, огромно внимание посветивме на развој на подобри услови за живот, школување и вработување на младите. Во таа насока се и образовните реформи со кои го подобруваме квалитетот на наставата, но и ги…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ за преглед на некои владини документи, поврзани со нападите од 11 септември 2001 година, со цел нивна евентуална декласификација, соопшти прес-службата на Белата куќа. – Информациите собрани и акумулирани за време на истрагата за терористичките напади од 11 септември од американската администрација, сега мора да бидат откриени, освен ако нема посериозни причини, кои го тврдат спротивното, се наведува во декретот. Во текстот се наведуваат документите кои треба да се разгледаат. По завршувањето, министерот за правда на САД, кој е и главен обвинител на земјата, мора да му достави извештај на претседателот по консултација со…

Read More

Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце од денеска е пуштен на домашно лекување. Само седум дена по операцијата тој се чувствува одлично, објави вечерва на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Тој уште еднаш изразува голема благодарност до семејството кое прифати да се донираат органите од нивниот близок. – Ова е петто трансплантирано срце за година и половина и четврто од почетокот на годината. За истиот период се трансплантирани 15 бубрези, а направена е и првата експлантација и трансплантација на коскени ткива, напиша Филипче.

Read More

ВМРО – ДПМНЕ го промовираше кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Лидерот на опозициската партија, ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва порача дека неговата партија ќе победи на локалните избори. – Ова да се локални избори за општината и градот Скопје, но истовремено се избори кои што одлучуваат во каква држава сакате да живееме. Победата на 17 октомври во првиот круг на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ подразбира нова влада… Гласот за Александар и за Данела подразбира нова влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ и подобри денови за нашата Македонија, за нашето Скопје и за нашето Ѓорче, рече Мицкоски…

Read More

На Европското одбојкарско првенство, македонската репрезентација вечерва во Тампере загуби од селекцијата на Холандија со 3:0, по сетови 25:20, 25:18 и 25:22. Холанѓаните во текот на целиот натпревар беа подобар противник и заслужено го освоија бодовите. Тие имаа 43:32 „добитни“ напади, 14:5 беше биланс во блокови во нивна корист, додека нашите репрезентативци беа поуспешни само во асови 3:1. Најдобри во македонскиот состав беа Никола Ѓоргиев со 13 и Александар Љафтов со 11 поени. По овој пораз Македонците се последни во групата која се игра во Финска со два пораза по првите две кола. Следниот дуел на ЕП, црвено-жолтите ќе го…

Read More

Нема расположение за одлагање на локалните избори, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ, кој, во врска со набавени и пуштени во употреба апарати за отпечатоци од прсти кои беа услов на опозицијата, рече дека е многу посоодветно да се направи и корекција во законот и да се овозможи верификација на идентитетот на гласачот како и досега. – Всушност го предвидовме и стариот начин на идентификација гласачи, но онаму каде ќе има техничка неможност да се користи фингерпринтот, односно веќе оставивме алтернатива, нагласи Маричиќ, во гостувањето на ТВ21. Тој додаде дека доколку не се стаса за овие, апаратите ќе се употребат…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.865 тестирањe, а регистрирани се 722 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42,Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и…

Read More

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјави дека Лондон нема да ја признае талибанската влада во Авганистан, но дека мора да ја прифати ситуацијата во таа земја. Раб во Пакистан рече дека Велика Британија не може да евакуира 15.000 луѓе од Кабул без соработка со талибанците. – Не ги признаваме талибанците како влада, но важно е да комуницираме директно со нив, рече Раб. Тој додаде дека е потребно да се почека за да се види дали талибанците ќе ги исполнат ветувањата за почитување на човековите права. – Лондон одобри повеќе од 41 милион долари како хуманитарна помош за земјите…

Read More